Историја

Преживеаните борци од Граѓанската војна во грција: Ристо Малов

risto-malov

НЕ ДОЗВОЛИВ НИЕДЕН МОЈ БОРЕЦ ДА ЗАГИНЕ!

risto-malov

Дедо Ристо Малов ја живее деветата деценија од својот живот. Иако годините си го направиле своето, тој се’ уште многу добро се сеќава на борбите во кои учествувал. Тој бил и на Албанскиот фронт за време на Грчко-италијанската војна, но и во Граѓанската војна. Роден е во село Сетина, Леринско, во далечната 1916 година.

Потсетувајќи се на минатите времиња, вели дека живеел скромен живот. Учел училиште на грчки јазик. Како дете, заедно со неговите другарчиња Македончиња, зборувале на македонски јазик. Дедо Ристо раскажува за случката кога некој офицер ги прашал каков е тој јазик на кој зборуваат, а кога децата му одговориле дека тоа е македонски, офицерот категорично им рекол: „Нема македонски јазик, тој е мешавина од бугарски и турски јазик“. Евоцирајќи спомени на војничките денови ја пееле песната која потекнува од 1821 година, а во која се зборувало за Македонија. За своето учество во Грчко-италијанската војна вели:

„На 28 октомври 1940 година на албанскиот фронт се судривме со Италијанците. Борбите се водеа во Курица, Елбасан… На албанскиот фронт загинаа осумина борци од нашето село. Всушност, од Сетина на албанскиот фрон имаше околу 50-60 луѓе. Кога завршија борбите на фронтот, од јуни 1941 година отидов во ЕЛАС. Во 1945 година во Варкиза имаше некој договор да го предадеме оружјето. Во 1946 година бев воен референт. Тогаш повторно почнавме да се организираме за Граѓанската војна“.

Во грчко-италијанската војна со него се борел и дедото на сегашниот македонски премиер Никола Груевски, Коле Груевски. Тој му бил роднина на нашиот соговорник Ристо Малов, кој во оваа прилика ни кажа и неколку збора за Коле Груевски.

„Коле и Павле Груевски беа двајца браќа. Тие ми беа роднини. Овие деца се прибраа кај нас. Постариот Павле подоцна замина за САД, а Коле остана во нашето семејство како наше дете. Со него седум години спиев во една постела. Беше добро дете, ме учеше да зборувам на грчки јазик. Заедно бевме и на Италијанскиот фронт. Тој таму загина“, посочува Малов.

Во селото Сетина грчката војска била до 1936 година, потоа повторно се вратила, а во 1945 година кога почнала Граѓанската војна се повлекла. Тогаш се формирала и ДАГ, која го продолжила дејството на ЕЛАС. Во 1946 година Малов бил воен референт, а неговата задача се состоела во тоа да ги собира младите од селото и да ги подготвува за Граѓанската војна. Од Сетина ги носеле во Албанија каде се подготвувале за борба. Во куќата на Коле Груевски во Сетина, која тој му ја отстапил на неговиот чичко, бил и главниот штаб на партизаните. 

„Во текот на целата војна најжестоките офанзиви се водеа на Грамос. Имаше борби на Вичо, Малимади, Костурско… Освен едно дете од мојот вод, кое беше рането, не дозволив да загине ниту еден од моите триесеттина борци, зашто знаев како да дејствуваме, бев добро војнички подготвен“, вели нашиот соговорник.

Кон крајот на војната Малов се разболел од жолтица. Бил пренесен во болница во Македонија.

„Прво дојдов во Прилеп, потоа во Козле, па на Матка… Се подготвувавме да се вратиме назад, но додека да се подготвиме, тоа го направи другата страна и ги ликвидираа нашите борци. Тогаш падна и Грамос“, вели Малов.

Во текот на војната грчките команданти, како што потенцира Ристо Малов, ништо не им ветувале во однос на нивните права.

„Тоа не е ваша работа, ќе видиме потоа, ни велеа. Повеќето не знаеја зошто се бориме. Од борците во ДАГ повеќето беа Македонци, а Грците не беа ниту десет отсто. Јас знаев зашто ние Македонците се боревме, за јазик, за школо, за црква. Но, за тоа не можеше да се дискутира, зашто Грците н# нарекуваа Бугари, ‘славомакедонци’, а можеа и да н# ликвидираат“.

Животниот пат го продолжил во Скопје, а неговата сопруга била во Свети Николе. Сепак, судбината ги споила во главниот град.

Од книгата Аргументи од црниот тефтер на жртвуваните

Жаклина МИТЕВСКА

Ташко Јованов

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top