Историја

Македонската земја одново доживува поделба

Во периодот од 6-ти до 18-ти април 1941, Македонија и македонскиот народ доживуваат нова трагедија. Македонската земја одново доживува поделба. Пиринскиот дел од Македонија понатаму останува под бугарска власт. Вардарскиот дел, кој до пред почетокот на Втората Светска Војна се наоѓал во составот на СХС, со договорот помеѓу Хитлер и Мусолини беше поделен на два дела. Поголемиот (источен) дел го анектира Бугарија, а помалиот (западен) го окупира Италија и го отстапува на Албанија. Егејскиот дел бил поделен на три окупациони зони: Источниот го окупира Бугарија, Западниот Италија, а централниот оди во Германски раце.

Бугарската квислиншка валда, покрај својата војска и полиција, во Македонија донела и свој административен апарат (учители и попови). Во спроведувањето на грубата асимилаторска и денационализаторска политика, бугарските и албанските власти ја забраниле употребата на македонското име и македонското постоење. За поуспешно спроведување на ваквата политика биле отворени голем број училишта. Македонското население било изложено на масовен терор, грабежи и прогони. Доаѓа и до масовно иселување на македонското население, особено на западниот дел на Македонија, под притисок на Албанската власт. Напоредно со иселувањето, се вршело и организирано населување на албанско население и се вршело албанизација на окупираните македонски територии.

Ова насилие, терор и груба асимилаторска политика го натерале македонскиот народ да поведе борба за национална слобода. Во почетокот на Втората Светска Војна доаѓа до формирање на партизански одреди во Македонија и тоа: Скопскиот, Прилепскиот и Кумановскиот ( 1941г.). Во втората половина на 1941 година е формиран и Покраински Штаб како највисоко воено раководно тело. Овие одреди извршиле повеќе диверзантски акции така што на овој начин започнала вооружената војна против фашистичките окупатори. Првата партизанска група во Егејскиот дел на Македонија, била формирана кон крајот на 1941 година. Од партизанските акции изведени во 1941 година, најзначајно место зазема востанието во Драма, познато како Драмско Востание (септември 1941г.). Во него масовно учествувале Македонци и Грци кои живееле на таа територија. Но по 3 дена бугарската војска крваво го задушила востанието, притоа убивајќи над 3000 невини луѓе. Ваквиот вид репресии не можеа да го стивнат народноослободителното партизанско движење во Егејска Македонија. Во 1941 година е формирана ЕЛАС (ослободителна војска на КПГ) во која масовно се вклучува македонското население.

По долги и напорни подготовки, во пролетта 1942 година беа формирани нови партизански одреди во Македонија. Во април 1942 година е формиран Првиот Битолски Партизански Одред под име Пелистер, потоа нов скопски, нов велешки и нов прилепски одред, а во јуни 1942 година е формиран и крушевскиот партизански одред Питу Гули. Во есента 1942 година доаѓа до нови вооружени дејства во Македонија. Со зголемувањето на бројот на одредите и исто така се зголемувал бројот на борците. Бугарскиот окупатор во содејство со домашните предавници преземаат низа акции за уништување на отпорот во Македонија. При тоа се затворени и убиени низа истакнати борци како: Орце Николов, Стив Наумов, Мирче Ацев, Елпида Караманди и многу други. Но и покрај големите загуби, окупаторите не успеваат да го задушат народноослободителното движење. Престојната 1943 година била важна и активна за народноослободителното движење. Во февруари 1943 година била формирана КПМ (Комунистичката Партија на Македонија). Нејзиниот централен комитет го сочинувале: Главен секретар – Лазар Колишевски и членовите: Кузман Јосифовски, Цветко Узуновски итн. Својата прва седница централниот комитет ја одржа на 19 март 1943 година. За поуспешно и полесно организирање, главниот штаб на НОВ  во 1943 година ја дели Македонија на пет оперативни зони. Прва оперативна зона (териториите на Тетово, Гостивар, Маврово, Кичево и Дебар), Втора оперативна зона (териториите на Пелагонија, Преспа, Охрид и Струга). Трета оперативна зона (териториите на Велес, Тиквеш, Гевгелија и Мариово). Четврта оперативна зона (териториите на источна Македонија). Петта оперативна зона (териториите на Скопје, Куманово и Крива Паланка). По позитивните резултати постигнати во вооружените борби, на 2-ри август 1943 година во регионот на селото Отешево – Преспа, се одржало Преспанското советување на ЦК на КПМ. На состанокот се решило главните вооружени сили да се сконцентрираат и напаѓаат на територијата која се наоѓа под италијанска окупација заради тоа што се очекувало брза капитулација на Италија. Потоа било решено да започнат подготовки за свикување на Првото Заседание на АСНОМ (Антифашистичко Собрание за Народна Одбрана на Македонија) и да се започне со подготовка за формирање на поголеми воени единици (батаљони и бригади). Така на 18-ти август 1943 година на планината Славеј се формира Батаљонот Мирче Ацев. Овој ден денес се слави како Ден на армијата на Република Македонија. Друг значаен настан во воената 1943 година бил Манифестот на ГШ на НОВ. Во село Црвена Вода во подножјето на Караорман биле изнесени основните цели на Манифестот и тоа: Борба за Национално Ослободување и Создавање на Македонска Држава заедно со останатите југословенски народи.

КПЈ се покажала како единствена политичка сила која можела да го поведе македонскиот народ во општонародното востание и кое го признава националното и политичко постоење на македонскиот народ. По долготрајните подготовки, на 11 октомври 1941 година, во месноста Црвени стени (близу Прилеп) бил формиран Прилепскиот партизански одред Гоце Делчев. Уште истиот ден одредот извршил напад на бугарската полициска станица, затворот и поштата во Прилеп. Денот кога бил изведен овој напад бил прогласен за ден на Востанието на Македонскиот Народ. Пролетната офанзива траела од 25-ти април до 19-ти јули 1944 година. Додека ГШ планира ослободување на Македонија, бугарската војска презема нова офанзива против македонската војска. Во оваа офанзива првата македонска бригада ја повратила загубената територија од Западна Македонија. Втората македонска бригада водела борба за ослободувањето на реонот на повардарието, Прилеп, Битола, а третата реонот на Крива Паланка и Куманово. Есента 1944 година се водат завршни операции за ослободување на Македонија. Со ослободувањето на Гостивар и Тетово на 19-ти ноември 1944 година, Македонија била конечно слободна. По ослободувањето на Македонија, единиците на македонската војска (15-тиот корпус), се вклучува и во борба за ослободување на Југославија. Кај одделни македонски воени единици се појавила желба, наместо кон север (Југославија) борбата да се насочи кон југ (Егејска Македонија). Но тоа не било дозволено од големите сили (Англија и САД).

А.С.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top