Историја

Извештај од капетанот П.Х. Еванс, офицер за врска, до Форин Офис

p-h-evans

p-h-evans

156/19/44 БРИТАНСКА АМБАСАДА АТИНА

12 декември 1944

Почитуван оддел,

1. Во врска со нашата телеграма бр. 20 од 11 декември, приложуваме две копии од еден интересен извештај за ослободителното македонско движење во областа Флорина од еден британски офицер за врска кој беше на должност во областа од април до ноември 1944. Ние се извинуваме, а исто така и авторот, за набрзина направениот нацрт на овој извештај и на машинописот, но тој е направен во услови на борба во Атина. Имајќи го предвид фактот што Истражувачкиот оддел би сакал да го види што е можно побрзо, ние не го средивме зашто можеше да го одложи неговото испраќање.

2. Основниот впечаток што произлегува од извештајот е неочекуваниот цврст словено-македонски карактер на областа и непоправливиот несимпатичен однос на речиси сите Грци, вклучувајќи ги дури и локалните лидери на ЕАМ, спрема целото население на грчката територија кои не се Грци по обичаи, вера и јазик. Авторот верува дека ако не се премногу сурово оданочени, и ако нивните обичаи и јазик не се забранети, како што беше случај во минатото, а особено во времето на Метаксас, ова заостанато планинско население може да се помири со грчката управа. Тој исто така истакнува дека постојат одредени сомневања спрема Британците во оваа област, бидејќи кај населението кое зборува Словенски, Велика Британија во свеста на селаните асоцира на кралот на Грција, а кој им асоцира на Метаксас и неговите репресивни мерки.

3. Славо-македонското население од таа област се подели за време на герилската борба на (а) приврзаници на ЕАМ (во нивна словенска верзија познато како СНОФ, од кои најголемиот дел имаат големи симпатии кон југословенските партизани и (6) оние словенски села кои примија оружје од Германците и нивните бугарски офицери за врска, локално познати како комитски села. Еден партизански офицер го убедил авторот на овој извештај, во случај да му се дозволи, тие комитски села тој би можел да ги убеди да преминат на сојузничка страна со политички средства. Навистина, Титовите партизани можат да влегуваат и излегуваат од комитските села сосема слободно, што се должи пред се` на многу полибералниот став на Тито и неговите претставници спрема различните национални групи под негова команда, а додека ЕЛАС води стриктно националистичка политика и секогаш македонските единици ги командуваат Грци.

4. Од ова може да се заклучи дека западното македонско прашање, кое е преувеличено, има многу подруга форма од онаа што досега ни беше презентирана. Прво, западномакедонското словенско население е претставено во извештајот како многу хомогено и помалку измешано со бегалци или други Грци и изгледа дека веројатно е многу поголемо отколку што е покажано во грчките официјални статистики. Второ, локалното словенско политичко движење, такво какво што е, не е во корист на Бугарија туку за една независна Македонија; нивната надворешна помош доаѓа од југословенска Македонија, а не од Бугарија. Според тоа, населението кое е во прашање не е одделено од неговите “браќа” од странство со силно грчко население од Источна Македонија, туку е обединето со него преку големиот природен пат на Монастирската клисура и е одделено само со државните граници. Оттука, произлегува дека трансферот на македонските Словени е многу потежок проблем отколку што се веруваше; и по мислење на авторот на овој извештај, слободен и фер плебисцит би одел, со сигурност, против Грција.

5. Ние сме заинтересирани да ги видиме коментарите за овој извештај на Истржувачкиот оддел и да видиме како тие можат да се компарираат со другите материјали кои им се наоѓаат на располагање.

/…../Потписот е нечиток

ТАЈНО

SFU107/I

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top