Историја

Српскиот Министер за просвета и црковни дела Стојан Новаковиќ, до Министерот за надворешни работи: Предлози за ширење на српската пропаганда во турските предели (Македонија)

Stojan Novakovic

(1883 година)

Stojan Novakovic

Господине Министре,

Бидејќи ми е познато дека според Ваша наредба работи Комисијата, која има задача да промислува за средствата со кои би се поддржал српскиот елемент надвор од границите на Кралството, чест ми е за истата да Ви ги изложам приложениве предлози на г. Милош С. Милојевиќ, директор на лесковачката нижа гимназија, а поименично:

1. Предлогот да се основаат српски книжарници низ Турција;

2. Предлогот да се воспостави друштвото “Српско коло” за ширење на српските идеи надвор од границите;

3. Предлогот да се земат на работа личности кои во одделните турски предели би ги унапредувале и би раководеле со српските стремежи;

4. Предлогот за основање средни школи и богословии надвор од границата;

5. Предлогот за воспоставување на ИИ одделение на Богословијата;

6. Предлогот  лицата подготвувани за прекуграничните работи со сила таму да се упатуваат и да се отпуштат од служба во Србија;

7. Предлогот за организација на српска црква во Турција како средство за дејство против бугаризмот;

8. План за подигнување школи низ Турција;

9. Предлогот во Цариград да се основа печатница и весник за српските интереси…”

…Прилог бр. 115/И

До Господинот Министер за Просвета и Црковни Дела

Како што долу потпишаниот е известен, Бугарите не само што имаат намера во Скопје да подигнат едан печатница, во Призрен и Приштина итн., книжарници, како што ги имаат во Скопје, Битола, Велес, Прилеп, Охрид итн., туку уште и започнаа на тоа најживо да работат и благодарејќи на заземањето на рускиот конзул во Призрен, веќе имаат и доста силна партија во Призрен и околината за себе и својата цел; затоа предлогот на потпишаниот е што побрзо да се отворат:

И. Српски книжарници и тоа :

1.         во Велес

2.         Скопје

3.         Битола

4.         Охрид

5.         Призрен, и каде уште би било можно…”                                                                                          

…Директор на лесковачка народна гимназија

М.С.Милојевиќ”

…Прилог бр. 115/В

Доверливо

Господине Министре за Просвета и Црковни Дела,

Патувајќи во 1870 година по Србија под Турците, потпишаниот имаше прилика, а и должност му беше за сеж и за сешто да се допраша и дознае, што се однесува на познавањето на правата состојба на српството, тогашната и во минатото, но особено што се однесува на ослободувањето и обединувањето, под народната владетелска лоза на Обрениовиќите и со оние списи и двете мапи предадени на 24 јули 1880 година на госп. претседател на министерскиот совет… да во споменатото свое патување, со сите наши први лица во Србија под Турција дојде до уверување: дека без воспоставување на српската пеќка патријаршија, макар и во која положба, таму нема опстанок на српската народност, и дека таа конечно ќе се искорени со нафрлува-њето Словенофилско-бугарско како што порано се искоренувала, до пос-танокот на бугарската егзархија, од фанариотските Цариграѓани, па сега и нема цели бивши српски не само епископии, како: локвенската, патилската, черманичката, мирозвидската, кончулската, туку и цели митрополии, како: хвостанската, јањевската и чулската итн… На основа тие спогодби и договори, потпишаниот кон крајот на 1874 година, започна  најживо да ја привршува својата работа, привлекувајќи ги претходно на наша страна не само целите постоечки митрополии, туку и уште поважно и нивните митрополити, како: призренскиот г. Мелетиј, скопскиот г. Пајсиј, кој вети дека ќе потроши за горната цел милион гроша, дебарскиот г. Антим, охридскиот г. Мелетија зворничкиот г. Дионисија и напола: сараевскиот, елбасанскиот, битолскиот, велешкиот и бањскиот (Ќустендил бањски)…”        

Архив Србија -Београд, МИД, ПО, ф.ВИ, досије ИИИ, Пов. бр. 574/1883;

Архив на Македонија-Архив Србије, Граѓа за историјата на македонскиот народ

од Архивот на Србија, т. ИВ, кн.И (1879-1885),  док. 115, стр.183-184, 191;

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top