Историја

Тргнати сме да се биеме за Македонијата или слобода или смрт, трето нема

pulevski

pulevski

ПИСМО ОД ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ ДО ДЕСПОТ БАЏОВИЌ (1878 година)

“Предраг мој Деспоте,

Преди еден месец видох писмо ут твојот брат Кузман и му писах да дојде тука и да собери колку што може поголема чета. Тогиз, кога му писах, азе ошче верувах за ошчо сме тргнати да се  биеме за Маќедонијата. И не само азе, туку всите верувахме и бехме готови да умреме: или слобода или смрт, трето нема. Ама не било така. Едно мислел волкот, а друго увчарот.

Неколку дена напрет дјаду владика Натанаил ми даде едно твое писмо. Прочитах го. Ти писуеш Деспоте, како искаш добруволец и ветиш 1000-2000 добруволци. Тоа јет убаво и преубаво. Ама азе ќе тиречам да не идеш сос луѓе ваму, јер овде има нешто лошо. Ту Болгарите се подигравает сос нас и вратат вода на своја вуденица заедно сос црнокапецот Натанаила, куј што е Маќедонец, ама повеќе тегли на болгарско.

Да ти кажам, еве сос чети чекаме толкоз време да врвим ув Турско и се биеме за нашата слобода, ама не поштает. Кладоа огон и сега искат поеќе тревога пред Јевропа. Еве, мојте војници се растурају полека, а и азе немат заошто да чекам.

Ако навистина имаш 1000 до 2000 добруволци, моли серпската влада да помогнит, есапам почовечки сет. Тугаш и јазе сос чета ќе дојда, а и другите чети ќе кренит и вси заедно да удрим на Турчин ут север.

Писмово мое не го давај никому, да не го најдит врнокапецот Натаналил.

Јави ми да зема со време мерки !”      

Блаже Ристовски, Ѓорѓија Пулевски, Избрани текстови…,  стр. 13-14;

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top