Историја

Впечатоци од престојот на Филип Дифрен-Кане во Македонија и во Скопје

uskub

(1537  година)

uskub„Минувавме  преку нерамни и кривулести врвици, преку темни долинки и густи шуми. Нашиот чауш неж предупреди дека треба да се оди претпазливо, со оружје в рака, зашто овој премин обично е запоседнат од албанските убијци и разбојници, кои пред некој ден отепале пет кадии со целата нивна придружба. Со милоста божја ние го најдовме патот слободен. Видовме една древна кула и некои урнатини од тврдини издлабени во планината. Слушнавме турски стражи кои со удирање во тапани го обезбедуваа патот на карваните. Оттаму излеговме на една голема рамнина, на чиј почеток, скоро скриен од неколку мали вишинки, се наоѓа Скоп-је, многу голем град, кој според некои е во Бугарија, но по моето мислење, (е) во Македонија, ако се зачуваат старите гра-ници, а се вика Стоби (место Скупи е погрешно употребено Стоби, н.б.), во соседство на Мигдонија. Тука тече реката наречена Вардар.

Кај Скопје видовме еден убав водовод, сеуште зачуван, кој доведувал вода за градот, но сега тој не служи, зашто е пронајдена употреба на подземните канали, кои се многу попо-годни… На влезот во градот се наоѓаат остатоците од една стара тврдина, а во неа грчка црква. Но најмногу неж зачудија гробиштата, кои заземаа поголем простор отколку целиот град, бидејќи во изминатите години овде владеел голем помор, а Тур-ците никогаш не погребуваат две тела на едно место. Овој град има еден јавен сааат кој се слуша во целиот град и којшто ги отчукува часовите по француски. Донесен е од Сигет во Унга-рија, заедно со неговиот мајстор, кој има добра плата. Иако Турците многу ги сакаат саатите и многу ги ценат, во цела Тур-ција нема друг јавен саат. Во Скопје престојува беглербегот на Грција кога не е во Стамбол. (се мисли на румелискиот беглербег, со резиденција во Софија, но обично престојувал во Цариград, а понекогаш и во Скопје, н.б.) Во тоа време Турците го славеа својот голем Бајрам, со илјади игри и свечености и затоа останавме таму два дена во куќата на еден дубровнички благородник”.

Радован Самарџиќ, Београд и Србија у списима француских савременика, Београд, стр.1229-130 и 372-373;

Френски п’теписи за Балканите, Софија, стр. 140; Документи за борбата…, т.И, док.89, стр 140-141;

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top