Историја

Македонско-руската врска

Alexandrov Kremlin 35

Alexandrov Kremlin 35При посетата на Охрид во април оваа година, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави:

„Многу ми е пријатно во ова место каде што има една посебна енергија и каде буквално секој камен мириса на историја. Тоа уште еднаш ја потврдува духовната и историска блискост меѓу нашите народи“.

Некои оваа поврзаност меѓу рускиот и македонскиот народ, за која Лавров зборува, би ја протолкувале како резултат на преселбата на Словените од зад Карпатите на овие простори, и преку тоа на нивното општо потекло.

Но дали е така?

Во книга (16 век) специјално подготвена по директна наредба на рускиот цар Иван Грозни, со цел руските деца да се запознаат со светската историја, за континуитетот на Македонците пишува:

„Александар Велики бил Македонец, како и денешните Македонци“.

Според ова доколку Македонците на Александар биле исто што и Македонците од 16 век, поврзаноста меѓу денешните Македонци и Руси, за која зборува Лавров, нема како да е резултат на преселбата на Словените од зад Карпатите на овие простори.

За Македонците како за автохтоно население на Балканот уште пред новата ера, пишува и во српскиот учебник по географија (Земљопис Србиjе и Турскe за основне српске школе, Београд), од 1872 година:

„Јужниот дел на Балканот го заземаат Македонците, кои се потомци на наjстарите Словени, кои беа во Тракиjа уште пред новата ера“.

Во 1888 година, за време на пловидбата по реката Дњепар која извира од Русија, Македонецот Исаија Мажовски за својот народ не како доселен од зад Карпатите, туку како за присутен на просторот на Македонија пред новата ера, ќе каже:

„Многупочитувани господа, македонскиот народ е словенски народ од пред 2600 години, кој бил доведен во Македонија од царот Каран, кој, исто како Филип и Александар, бил чист Словен“.

Па дури и да ги тргнеме на страна историските факти, доколку прифатиме дека Сергеј Лавров со својата изјава алудира дека “духовната и историска блискост меѓу нашите народи” е резултат на преселбата на Словените од зад Карпатите во Македонија, тогаш каква потврда за таа блискост е тоа што во Охрид, Македонија, како што вели “секој камен мириса на историја”?

Но, доколку прифатиме дека неговиот впечаток оти во Македонија “секој камен мириса на историја” и дека таа поврзаност на Русите со Македонија за која зборува министерот Лавров е поради тоа што Русите потекнуваат од овие простори, тогаш изјавата добива смисла.

За поткрепа на ваквото тврдење ќе се послужиме со еден извадок од книгата Порекло Словена (Украдена Историја, Д-р Петар Поповски, стр 361-362) каде што јасно стои:

„Во древниот пишан документ Московски Анали изрично се тврди дека Русите, односно Московитите, кои потекнувале од македонските простори, имале ист јазик со античките Македонци“.

Според ова Русите потекнуваат од Македонија, исто како што и рускиот јазик влече корени од македонскиот.

Не случајно и во Webster Dictionary (1967-1969), во табела на индо-европски јазици, гранката на јазици во која спаѓаат македонскиот, бугарскиот, српско-хрватскиот, словенечкиот, чешкиот… И рускиот е заведена под терминот Македоник (Macedonic)!

Во поново време професор Тентов и академик Башевски кои истражувајќи и дешифрирајќи го Каменот од Розета, тврдат оти дошле до изводи дека средниот текст е пишуван на антички македонски јазик, кој има многу сличности со денешниот модерен македонски јазик. За ова нивно откритие интерес имаат пројавено повеќе руски интелектуалци меѓу кои и рускиот академик Чутинов, претседател на комисијата за средновековна и древна историја на Руската академија на Науки и Уметности, кој што според академик Башевски за средниот текст од Каменот од Розета, има напишано „ова е сигурно славјански јазик“. Знаејќи дека во тоа време со Египет, од каде што и потекнува Каменот од Розета, владееле Македонци од македонската династија Птолемаиди, најлогично е да заклучиме дека тој т.н. славјански јазик бил всушност македонскиот.

За крај да погледнеме една фреска од <http://ru.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%B0%D0%B9%D0%BB:Alexandrov_Kremlin_35.jpg>  црквата Св. Троица (осветена во 1513 година) во Александров Кремлин, Русија.

 http://2.bp.blogspot.com/-fLOoX6qR-w8/Tvl7Ncsp7BI/AAAAAAAAKF8/h0yYWCXhNbg/s1600/Makedonski%2BSonca.png<http://2.bp.blogspot.com/-fLOoX6qR-w8/Tvl7Ncsp7BI/AAAAAAAAKF8/h0yYWCXhNbg/s1600/Makedonski%2BSonca.png>

Како што забележувате Исус Христос е опкружен со поголем број на 16 зрачни сонца, безмалку идентични со сонцето (т.н. Сонце од Кутлеш) од претходното знаме (1992-1995) на Република Македонија, кое меѓу Македонците има континуитет уште од антиката.

 http://4.bp.blogspot.com/-w6aj6GLJmBo/TjbqHJsPZXI/AAAAAAAAIw0/6pDG_VhKiNo/s1600/Macedonian%2BFlag%2B1992%2B-%2B1995.png<http://4.bp.blogspot.com/-w6aj6GLJmBo/TjbqHJsPZXI/AAAAAAAAIw0/6pDG_VhKiNo/s1600/Macedonian%2BFlag%2B1992%2B-%2B1995.png>

Иако денес Александров е мало и политички незначајно место, тоа некогаш било најважната точка во Русија. Оваа црква за време на владеењето на првиот руски владетел кој што ќе се нарече себиси цар – Иван Грозни, три месеци служела како административен центар на огромната Руска империја и де факто Александров се претворил во руски главен град (од декември 1564 до февруари 1565).

Од ова место кое има исто име како и македонскиот крал Александар III Велики, користејќи ја токму оваа црква како своја резиденција, рускиот цар ја консолидирал империјата и одлучувал за животите на нејзиното население. И сето тоа во непосредна близина на овие 16 зрачни сонца како потсетница за поврзаноста на Русите со Македонија.

АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ

Најново од: Историја

Крвавата свадба во Зеленич – Леринско, Егејска Македонија

На 13 ноември 1904 година по јулијанскиот календар, грчка андартска чета го нападнала селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија. Нападот бил извршен ноќе, додека во домот на семејството Готеви се одржувала свадбена прослава. Меѓу убиените имало и жени и деца. Настанот во македонската историографија е познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 […]

Изминаа 122 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 122 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. […]

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

Александар Македонски се уште еден од најфасцинантните и најдолготрајните митови во човечката историја.

Александар Македонски и по повеќе од 2.300 години останува една од најфасцинантните личности во човечката историја. Неговиот живот продолжува да инспирира нови истражувања, биографии и различни толкувања на неговото наследство. Оваа недела, историчарот на антиката Едмунд Ричардсон ја освои водечката британска награда за нефикција, „Бејли Гифорд“, за биографијата „Александар: Бог, крал, човек“. Напишана со елеганција […]

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред сé, што припаѓаат на единствениот праисториски свет на […]

Логорите на Царството Бугарија и македонските интернирци (1941–1944)

Во текот на Втората светска војна, властите на Царството Бугарија воспоставиле мрежа на логори во кои затворале политички противници и луѓе осомничени за учество во отпорот. Во службените документи логорите биле нарекувани „Селишта на државната сигурност“. Меѓу заточениците имало и македонски дејци, меѓу кои поетот Венко Марковски и Методија Андонов-Ченто. Според Македонската енциклопедија, Министерството за […]

Санстефанскиот договор – голема грешка на руската дипломатија

Санстефанскиот договор предвидувал најголемиот дел од Македонија да биде вклучен во голема бугарска држава предизвикал меѓународна криза и тешкотии за самата Русија. Во приложените историски записи се наведуваат и руски оценки за погрешноста на таквото решение. Санстефанскиот мировен договор, склучен на 3 март 1878 година меѓу Русија и Османлиската Империја, бил обид за прекројување на […]

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

To top