Историја

Преживеаните борци од граѓанската војна во Грција: Ламбе Миовски

LAMBE-MIOVSKI

БЕВМЕ ПРЕМЛАДИ ЗА ПОЛИТИКАТА НА “ГОЛЕМЦИТЕ”

СЕЌАВАЊЕ

LAMBE-MIOVSKIНекогашниот учесник во Граѓанската војна во Грција, Ламбе Миовски, е роден во село Косинец, Костурско, каде ги минал детските денови и каде завршил основно училиште на грчки јазик. Тој вели дека до 1936 година во Грција се зборувало, се играло и се пеело на македонски јазик. Но, кога на власт дошла Метаксасовата диктатура почнал теророт врз оние кои зборувале македонски јазик. Под прозорците стоеле џандарите и наслушувале кој зборува на македонски, за што потоа им следувале казни. Дури било забрането и на добитокот да му се обраќаат на македонски јазик. Миовски раскажува дека во селото имало касарна, бидејќи тоа се наоѓало во близина на границата. Во касарната ги носеле оние кои зборувале на својот мајчин македонски јазик и таму ги тепале. Таква судбина доживеало и едно седумнаесетгодишно момче. Од тепањето му се влошило здравјето, поради што детето дома го чувале врзано. Подоцна било земено како војник, но од војната не се вратило.

Нашиот соговорник Миовски заминал во војната во 1947 година.

“Ни рекоа дојде време да одиме во партизани и ние заминавме. Тогаш бевме млади, јас немав ниту 17 години. Заминавме со елан и иако се слушаше дека ќе се бориме за ослободување на Егејска Македонија, сепак бевме премлади за такви политички работи. Прво н# однесоа на обука во Преспа, каде останавме околу дваесет дена, а потоа н# испратија на Грамос. Јас бев распореден во 16. бригада. Извршував курирска задача. Одев од еден до друг баталјон, од еден до друг вод, од една до друга бригада и разнесував информации. Немав некоја непријатна случка со монархофашистите”, вели Миовски.

Во ДАГ имаше и македонски и грчки борци, а односите меѓу нив, како што вели Миовски, биле добри. Тој се потсетува на акциите со монархофашистите и ја раскажува борбата во градот Коница. Овој град бил опколен од непријателот и партизаните 11 дена биле во заседа. Авионите постојано ги бомбардирале, а кон нив пукале и со топови. На монархофашистите им дошле на помош борци од Јанина. Партизаните не успеале да ја исчистат Коница од непријателот и се повлекле на Војо Грамос, при што направиле неколку офанзиви во околните села. Раскажува и за тоа како паднале во непријателскиот обрач на планината Пиерија.

“Тргнавме од Грамос до Тесалија, Трикала и Олимп, за да ги чекаме борците од Румели, кои требаше да ни дојдат на помош. Ги пречекавме. Но, кога се враќавме назад монархофашистите н# опколија од сите страни. Во непријателскиот обрач на планината Пиерија останавме 40 дена. Немавме храна. Го јадевме месото од закланите маски, по некој костен и компир. Кога имаше време компирите ги варевме, но почесто ги јадевме живи. Сепак, не се разболевме. По четириесетдневен обрач ние што бевме поздрави некако успеавме да се спасиме од заседата, а оние кои беа ранети во нозете, а ги имаше многу, и не можеа да одат, паднаа во монархофашистичката заседа. Всушност, од Вичо дојде да ни помогне една бригада и ние се префрливме на Грамос. Кај повеќето борци се појавија премрзнатити на телото, меѓу нив имаше многу жени. Донесоа други единици за да ја пополнат бригадата. С# ова се случуваше во 1948 година. Потоа почнаа големите офанзиви на Грамос, каде бев ранет од минофрлач и однесен во болница во Албанија”, вели Миовски.

Таму останал до 1949 година кога го префрлиле во болница во Унгарија. Неговиот животен пат продолжил во Романија каде биле татко му и мајка му. Всушност, татко му бил партизан Титовист. Се борел уште од 1944 година. Бил во Егејската бригада на Гоче, а во Егејска Македонија се вклучил уште во првите партизански групи. Во војната во Грција нашиот соговорник само еднаш се сретнал со татка си. Вториот пат средбата била во Романија. Мајка му била во Полска и ја извршувала задачата мајка на децата бегалци. Потекнувала од село Дмбени, а со сопругот, таткото на Ламбе, се сретнала во 1953 година и тоа во Романија, каде неговите брат и сестра ја доживеале судбината на децата бегалци.

Миовски во Романија останал 17 години, а во Скопје дошол во 1970 година.

Од книгата Аргументи од црниот тефтер на жртвуваните

Жаклина МИТЕВСКА
Ташко Јованов

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top