Историја

Ѕверствата на окупаторските власти – Тиквешкото востание

kavadarci

kavadarci

„Башибозукот со помош на српските комити за време на Втората балканска војна ги изгореа селата: Хурија, Бања, Будур Чифлик, Дрен, Барово, Џидимирци, Калањево, Патрик и градот Неготино. Во Неготино убија повеќе од 500 граѓани, а во селата Прждево 17, во Долна Драчевица 8, Бања 22, Будур Чифлик 8, Дрен 7. Копришница 6, Бохула 2, Вешје 4, Долни Дисан 12 и Курија 15 души.” –  пишува тиквешкиот свештеник Димитар Георгиев во својот дневник за масакрот извршен од српските власти по задушувањето на Тиквешкото востание.

Тиквешкото востание е прв организиран отпор против српската власт која што ја окупира Македонија по Првата балканска војна. Насилствата кои ги вршат српските власти врз македонското население при обидот за негова асимилација ќе предизвикаат спонтан масовен одговор на Македонците. На востанието му претходеле протерување на учители и свештеници, потоа убиствата на Наца Пинџурова и едно момче Александар Видов кој изјавил дека не се чуствува како Србин, како и силувањето на младата невеста Марија Тодорова од Ваташа, но и убиството на цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца.

Односот на српските окупациони власти предизвикуваат револт кај населението, а Тиквешките војводи на почетокот на јуни во село Бегниште свикуваат Собрание, на кое 60 делегати од речиси сите места во Тиквешијата, ќе донесат одлука за кревање на востание. Формиран бил востанички штаб во кој влагуваат: Михаил Шкатров, Лазар Бањански, Христо Михов, Коце Сеизов, Атанас Мурџев, Тодор Камчев, Пано Измирлиев, Мело Јанев, Тодор Мицев, Глигор Линин, Евтим Монев, Дончо Лазаров, Васил Саздов, Димитар Пинџуров, Атанас Бошков, Трајчо Трушијата, Гошо Голев, Јованчо Шошев, Милан Атанасов и Милан Ацев. Бројот на востаниците изнесувал 1.000, од кои околу 200 биле обични граѓани кои зеле оружје во рака.

Предводени од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата и потпомогнато од чети на ВМРО, востаниците ден пред почетокот на Втората балканска војна (29 јуни 1913 година), ги започнуваат своите акции по што ги ослободуваат Неготино, Кавадарци, Ваташа, како и други педесетина села. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкатров ги протеруваат српските војски од Неготино, а потоа и српските власти од Кавадарци.  Српската Врховна воена команда за да го спречи востанието испраќа уште војници, но тие се разбиени и се повлекуваат кон Велес. Вистаниците на општинската зграда во Кавадарци го истакнаа тиквешкото револуционерно знаме, а наредниот ден, на свечаното Собрание била избрана градска управа составена од 12 видни кавадарчани. Но, слободата траела само седум дена.

Србите испраќаат околу 30.000 војска на чело со Василије Трбиќ, Јован Бабунски и Јован Долгач. На помош на српската војска им се придружува и башибузукот на Јаја ага со 250 вооружени лица, кои започнуваат масовно да ги горат македонските села. Востаниците кои се поткрепени со четите Христо Чернопеев, Петар Чаулев и Васил Чакаларов водат жестоки битки на висолината кај Паликура и од реката Црна до реката Луда Мара. Оставени без поддршка, востаниците пред многубројниот непријател организирано се повлекуваат, а српските војски влегуваат во Кавадарци. Во градот преку цела ноќ се воделе борби, а утрото македонските чети и милицијата се повлекуваат кон Бегниште.  Целото населението и другите бегалци го напуштаат Кавадарци и бегаат кон планините. Градот е разграбен и опожарен. 60 куќи и дуќани се изгорени, а 24 лица кои биле фатени биле застрелани на самото место. Сепак најмногу настрада Неготино, каде биле изгорени повеќе објекти.

Тиквешкото востание траело од 29 јуни до 7 јули 1913 година (нов стил). По повлекувањето на четите од Тиквешијата, на 7 јули 1913 година почнала српската реокупација на оваа област. Во Кавадарци се вратил началникот Душан Николиќ, а со него и другите чиновннци од српската управа низ целата област. Тој бил основачот на четата од 250 башибозук, предводена од Јаја – ага и кои извршиле најголеми злодела во Тиквешијата. Највеќе настрадале македонските христијански села. Четата на Јаја – ага, како составен дел на “Вардарскиот” четнички одред на Василие Трбиќ, почнувајќи од 7 јули, извршила блокада и многубројни убиства и палење на имотите и куќите. Паралелно со дејствата на Јаја – ага дејствувале и четите на Јован Бабунски и Јован Долгачот, сите под команда на Василе Трбиќ. Тие извршиле слични злосторства врз македонските и муслиманските села во јужните пределеи на Тиквешијата и во Бошавијата.

Под команда на Јаја-ага настанало палењето на Неготино и страдањето на голем дел од невиното население. Со канти масло и гас биле попрскани и запалени сите дуќани од чаршијата, куќите за живеење, безистенот, плевните и други објекти. Додека огнот го претварал Неготино во пепелиште, башибозукот на Јаја – ага со пушките и камите подготвени варделе и секој од Македонците што се обидувал да избега од огнената стихија, го враќале назад во огнот. Многумина Македонци живи изгореле во своите домови и дуќани. Иако нема доволно точни статистички податоци, се говори дека при тоа загинале околу 170 луѓе, а биле запалени преку 300 куќи, магацини, плевни итн

Еден од ретките сведоци што оставил податоци, е тиквешкиот свештеник Димитар Георгиев, кој во својот дневник забележал: “Башибозукот со помош на српските комити за време на Втората балканска војна ги изгореа селата: Хурија, Бања, Будур Чифлик, Дрен, Барово, Џидимирци, Калањево, Патрик и градот Неготино. Во Неготино убија повеќе од 500 граѓани, а во селата Прждево 17, во Долна Драчевица 8, Бања 22, Будур Чифлик 8, Дрен 7. Копришница 6, Бохула 2, Вешје 4, Долни Дисан 12 и Курија 15 души”

Во Тиквешијата бнла повторно воведена српската окупаторска власт. Воено-полициските власти биле во рацете на командантот Петровиќ и началникот Душан Николиќ. Српскиот командант на Кавадарци преку свештеникот Григор Хаџијорданов му го гарантира на населението животот и имотот, а Штабот на востаниците одлучува невооружените луѓе да се вратат во своите домови. Сепак и покрај гаранциите почнуваат масовни насилстав. Во Моклиште се убиени 18 лица, Корешница 19, Рибарци 16. Во Кавадарци 150 лица биле врзани на колови, чувани 30 часа без вода и потоа убиени и оставени непогребани. 2700 лица биле уапсени, мачени и затворени. Според податоците на Карнегиевата комисија бројот на жртвите на Тиквешкото востание било над 1000 лица.  

Но тоа нема да го поколеба македонскиот народ во борбата за ослободување на Македонија. Веќе во септември истата година против српските окупаторски власти се крева Охридско- Дебарското востание.

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top