Историја

Печатот на македонците во САД од 1902-1944 година

slave-katin-2

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Медиумите на Македонците во САД и Канада се од посебен интерес и имаат повеќекратно значење. Нивната историја и развоен пат се бурни и многу интересни. Тие имале посебна важност и играле огром­на улога во ин­­фор­мативната дејност на Македонците во новата средина. Развојниот пат на информативните гласила пред Втората светска војна се совпаѓа со раз­вој­ниот пат на македонските доселеници во САД и Канада. Во основа тоа се совпаѓало со развојот на настаните на Балканот, а уште повеќе, за­ви­се­ло од текот на настаните околу Македонија. Најголемиот дел од доселени­ци­­те би­ле при­нудени, од економски, а мал број и од политички причини, да го напуштат род­­ното огниште, во потрага по мир, спокојство и материјална сигурност. Но и таму ги следела бес­крупулозната бугарска, грчка и српска пропаганда, пре­­ди­звикувајќи заб­лу­ди, поделби и раздор во нивните редови. Тоа се гледа и на планот на ин­­фор­­мирањето, каде што токму поради недостиг на сопствен пе­чат тие чи­та­ле бу­гарски, српски, грчки, англиски и други информативни гласила.

Печатењето на весниците како гласила на Бугарите и Маке­дон­ците во Аме­рика било од причини што пред Втората светска војна, според аме­ри­кан­­ските закони, клубови, друштва и други облици на организирање и дејности мо­­­желе да основаат и да развиваат само оние националности кои биле кон­сти­­­туи­рани како држави. За тогашната американска ад­ми­нис­трација мн­о­гу по­­важно било тоа од која држава луѓето доаѓаат, отколку на која национал­ност и’ припаѓаат. За неа пресудни биле податоците во пасошите за нацио­нал­на­­та припадност.

Во тој контекст треба да се додаде и мошне го­ле­ма­­­та и крај­­но бескрупулозна грчка, српска, а особено бугарска пропаганда. Таа била мудро ширена, пришто не минувала без последици меѓу ма­ке­дон­ските до­се­ле­ници, предизвикувајќи заблуди, поделби, раздор и други не­га­тивни после­ди­­ци меѓу Македонците на северноамериканскиот континент и по­широко.

И де­нес се силни бугарската, грчката и српската пропаганда, но наидуваат пот­кре­па само од одреден број Македонци, кои, за жал се добри слуги, а лоши господари.

Според делото „Македонците во САД и во Канада“ на авторот на овие редови, медиумите на Македонците во САД и Канада пред Втората светска војна биле заеднички со бугарската емиграција, меѓу кои, биле и следните:

detroid

“БОРБА” (1902).Прво информативно гласило во САД што го третирало ма­ке­дон­ското прашање бил весникот “Борба”, кој започнал да излегува од јануари 1902 година. Тоа е прв весник на македонската и бугарската емиграција во Аме­рика. До осмиот број бил орган на Македонско-одринското друштво, а по­тоа минал во рацете на Бугарите. Всушност, до осмиот број весникот “Борба” го поставувал ма­ке­дон­ското прашање, со основна теза за автономија на Ма­ке­­до­нија, додека по овој број преовладувале теми за Бугарија. Излегле 15 бро­ја, од кои по­след­ниот датира од 15 октомври 1902 година.

“МАКЕДОНИЈА” (1907-1910).Првиот број на овој весник излегол на 7 декември 1907 година, а последниот во август 1910 година, во Гранит Си­­ти, како орган на емиграцијата во Америка. Го издавало друштвото “Ма­ке­до­нија”.

“НАРОДЕН ГЛАС” (1907-1944).Весникот “Народен глас”, како дневен весник, е еден од најголемите заед­нич­ки весници на македонската и бугар­ска­­та емиграција во САД.  До 1913 година, т.е. до шестата годишнина, из­ле­гу­вал еднаш, па двапати неделно, додека не станал дневник, издаван во Гранит Сити, а печатен во сопствената печатница.

“МАКЕДОНСКА ТРИБУНА” (1927-).Весникот “Македонска три­буна” бил орган на Сојузот на ма­ке­дон­ските политички ор­га­низации во САД и Канада и се појавил во Индијаноплис, кој во по­четокот им слу­­­же­л на интересите на ре­­­­во­луционерното движење на македонскиот народ, за потоа да застане зад бугарската асимилаторска и дена­ционализаторска по­ли­ти­ка во Македонија и во светот.

granit-sity
Центарот на Гранит Сити

 “Македонска трибуна”, како орган на МПО излегува кон­тинуирано од 10 февруари 1927 година еднаш месечно. Од почетокот до деведесетите години од минатиот век се печати само на бугарски јазик, а денес на англиски ја­зик, со од­реден број текстови на бугарски и одвреме-навреме има преземе­ни текстови и на македонски ја­зик.

Ова гласило е со најдолг век на печатење во иселеништвото. Во своето 88-годишно постоење одиграло значајна улога во афирмирањето на целите и интересите на организацијата МПО и на бугарската пропаганда. И покрај тоа што весникот го носи атрибутот “македонски”, сепак е далеку од македонската вистина. Заради тоа, весникот го чита одредена категорија читатели и не е по­пуларен меѓу македонските доселеници, кои дошле во САД и Канада по Втората светска војна.

“МАКЕДОНИЈА” (1932).Тоа било списание посветено на македонското дви­же­ње за сло­бо­да и независност. Првиот број бил печатен во 1932 год., из­ле­гувало еднаш ме­сечно на англиски јазик, а го издавал Централниот комитет на македонските политички организации во САД и Канада.

“македонски билтен” (булетин) (1930).На 1 март 1930 година во САД се појавил “Ма­­­­­­­­­­­­­ке­­дон­­ски билтен”, од кој се от­печатени само три броја. Вес­никот бил ор­­ган на Иницијативниот ко­митет на организациите на ВМРО(о). “Ма­ке­дон­­­ски билтен” имал за цел да ги ин­фор­­мира доселе­ни­ци­те и ма­­кедон­ско­то пра­­шање од гледна точка на ВМРО (о). Таквиот однос бил осо­­­­бено из­­­ра­­зен во апелот до македонската еми­­грација, во кој се апе­ли­­рало тие да се бо­­рат против вр­хо­вистите и се по­ви­ку­ва­­ле Македонците на бе­ско­м­­про­­мис­­на борба про­тив братоубијците и нивните слуги.

mak-pecat-sad 

“БАЛКАНСКО З(С)ДРУЖЕНИЕ” (1931-1934).По создавањето на Ини­ци­ја­тив­ниот ко­митет на независните прогресивни групи, во април 1931 година се одр­жал Првиот кон­грес на сите прогресивни македонски групи кои се обе­диниле во Македон­скиот на­роден сојуз. Како резултат на будењето на ма­ке­дон­ската свест, на 1 јуни 1931 година се појавил весникот “ Балканско з(с)дру­же­ние”, како орган на Македонскиот народен сојуз во Америка чие седиште би­ло во Детроит (како продолжение на “Ма­ке­дон­ски билтен”), а излегувал до 1934 година.

“СОЗНАНИЕ” (1932-1937). Овој весник бил орган на бугарската секција на Ко­му­нис­тичката пар­тија во САД, во која биле вклучени и македонските прогресивни доселеници. Се појавил на 15 декември 1932 година во Детроит, излегувајќи секој петок. Престанал да се печати на 29 октомври 1937 годи­на, а на негово мес­то почнал да излегува весникот “Народна волја”, како гласило на прог­ре­сив­ните бугарски и македонски емигранти во САД и Ка­нада.

“ТРУДОВА МАКЕДОНИЈА” (1934-1937).Еден од позначајните весници на Македонците во САД бил “Трудова Македонија”.Првиот број се појавил во Детроит во јули 1934 година како орган на МАНС и се печател до 30 октомври 1937 година. Мотото на весникот бил: “За правото на самоопределување на македонскиот народ, вклучувајќи го и правото да се оддели во самостојна политичка единица; за слободна Македонија на трудбениците”

makedonski-holokaust

 “НАРОДНА ВОЛЈА” (1938-1944). Првиот број на овој весник излегол во Детроит во 1938 година. Се печател еднаш неделно на кирилица, а голем број материјали се пе­чатени во постојаните рубрики на англиски јазик. По кон­сти­туирањето на На­родна Република Македонија бројни текстови се печатени на македонски ли­тературен јазик. Весникот “Народна волја” излегувал како орган на МАНС се до 1944 година.

“НОВО ВРЕМЕ” (1934-1944).Со основањето на Македонско-канадскиот народен сојуз (МКНС) во Канада, во Торонто во 1934 год. почнал да излегува весникот “Ново време”, како негов орган. Содржината на овој весник била идентична со онаа на весникот “Народна волја”, како што биле идентични и целите и задачите на МАНС во САД со целите и задачите на МКНС во Канада.

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top