Историја

Борби за Демиркаписката клисура во Првата светска војна

solunski front24

solunski front24

Демир Капија или Железна Порта е мало градче во Македонија, во кое се наоѓа важна железничка станица и е непосредно пред познатата Демиркаписка клисура.На својот пат кон Егејското море реката Вардар кај Демир Капија влегува во Демеркаписката клисура која е долга 10 километри и излегува кај Удово, за да продолжи во широкото Солунско поле. Клисурата е најтесна кај Просек, а висините на стените изнесуваат до 200 метри. Од секогаш оваа клисура преставувала стратешко место бидејќи преставувал порта која го спречувала продорот на разни војски од север кон југ или обратно.Во текот на Првата светска војна, Демир капија добива значајна улога за завојуваните Централни сили и Антантата.   

Првата светска војна започна со нападот на Австро-Унгарија врз Србија на 29 јули 1914 година, поради убиство на престолонаследникот на Австроунгарскиот двор Франц Фердинанд, извршен на 28 јуни 1914 година во Сараево од Гаврило Принцип. Тоа довело до сукцесивно вклучување во воениот судир и на другите европски држави на страната на Централните сили или Антантата. Србија која била членка на Антантата настојувала да ги кординира своите борбени дејства со сојузниците  за да ја зачува окупираната територија во Македонија.

Во текот на 1914 и 1915 година српската власт во Македонија извршила мобилизација, при што биле регрутирани вкупно 53.088 лица, од кои 44.496 Македонци, а другите биле Турци, Албанци и Евреи.

По долго тактизирање, Бугарија застанала на страната на Централните сили и на 14 октомври 1915 година започнал и оружениот судир меѓу Бугарија и Србија. Во овој период во Тиквешијата биле концентрирани поголем број српски воени сили кои имале за задача да ја чуваат стратешки важната железничка сообраќајна врска кај Демир Капија. Таа требало да им послужи заради довлекување на нови борбени трупи и оружје, но и за безбедно повлекување во случај на пораз. Делови од трупите на Брегалничката дивизиска област, кои се наоѓале наспроти бугарската 2-ра армија, имале за задача да ја бранат Тиквешијата. Распоредот на трупите на Брегалничката дивизиска област на Варадарскиот граничен отсек во октомври 1915 година ја вклучувал и Демир Капија во своите воени планови и  вториот вод на позициската батерија од составот на вториот пешадиски полк со еден топ се наоѓал кај железничката станица Демир Капија.

Во почетокот, српската војска непланирано започнала да трпи сериозни воени порази. Австро-германската војска и  Првата и Втората бугарска армија напредувале на боиштата во Северна и Источна Србија. Поради тоа доаѓа до дислокација на српските воени единици од Тиквешијата и од Демир Капија и се позиционираат на север и западно од Демир Капија. Во согласност со наредбата на командантот на Брегалничката дивизија,  единиците од Демир Капија, како и два топа од 6 ридска батерија, најитно биле префрлени во Велес, каде што го запоседнале преминот од десната страна на Вардар. Исто така единиците од Давидово биле префрлени со воз во Криволак, по што ја запоседнале и организирале одбрана на десната страна на реката Вардар. Овие српски трупи на 18 спрема 19–ти октомври 1915 година биле заменети со француски трупи со јачина од 7 батаљони и артилерија. Тие биле под команда на генарал Бају. Француските трупи на кои подоцна им се приклучиле и англиските, на овој простор останале се до почетокот на 1916 година, кога биле протерани од бугарската војска. 

По пристигнувањето на сојузничката француска и англиска војска во ноември 1915 година, тие ги запоседнале позициите. Француските 156, 122 и 57 дивизија го запоседнале реонот од десната и левата страна на реката Вардар, помеѓу Демир Капија – Неготино – Пепелиште и Градско – источно од Сирково и Дреново и Кавадарци. Главниот штаб на Француската војска, која броела 65.000 војници бил сместен во Неготино, а војниците во шатори, како и по црквите и училиштата. За разлика од француската, англиската војска, односно нејзината Десетта дивизија, со вкупно 14.000 војници, го запоседнале реонот помеѓу Дојран и Валандово. Сојузничките војски на овој простор воспоставиле одбранбена линија против единиците на Втората бугарска армија. Во втората половина на октомври 1915 година англиската војска изградила два висечки моста на вардар кај Демир Капија заради побрзо преминување  на сојузничките воени единици и оружје на источната страна на Вардар.

Меѓутоа, поради силните напади на бугарската војска, во чии редови била вклучена и 11–та Македонска дивизија, составена од Македонци, сојузничките војски се помалку можеле да се спротивставуваат. Особено жестоки биле судирите во ноември 1915 година на секторот меѓу Удово и Криволак, каде што Македонците од 11–та диизија им нанеле сериозни порази на француските единици, во чиј состав имало голем број Арапи. Тоа било причина сојузничките француско-англиски трупи да започнат со повлекување кон Солун.

Врховната команда на бугарската војска согледувајќи ја состојбата наредила на почетокот на декември единици од седмата бугарска дивизија да се упатат во правец на Кавадарци и Демир Капија. Така на 4–ти декември дошло до поосетно остапување на француско-англиските трупи од десната страна на Вардар, поради што една бугарска коњичка бригада, заради што побрзо заземање на ослободените позиции и гонењето на сојузничките француско-англиски војски, била испратена пред седмата бугарска дивизија. Истовремено нејзините 2 ескадрона со 1 батерија биле упатени во правец Прждево – Демир Капија со задача заземање на теснецот кај Демир Капија.

На 5 декември 1915 година, започнала општа офанзива на бугарската војска и гонење на француските и англиските трупи по долината на реката Вардар. Скоро сите воени сили на бугарската армија биле насочени кон заземање на Демир Капија. Седмата дивизија на десната страна на реката Вардар продолжила да ги напаѓа и гони сојузничките војски кон Марјанската планина, додека Петта дивизија се префрлила на десната страна на Вардар и да се упатила кон Демир Капија. По тешки борби успела да го заземе Прждево и уште истиот ден вечерта се упатила кон населбата. На 6 декември Петтата дивизија ја зазела линијата Корошница – Драчевица на западниот влез во Демиркаписката клисура, а конечно на 7 декември 1915 година Демир Капија била заземена. По заземањето на Демир Капија само мал дел од бугарската војска се задржал во населбата, додека другиот дел од војската продолжил понатаму….

Веднаш се започнало со организирање на граѓанско-административната управа. Овој  дел на Македонија бил именуван како “Македонска воено-инспекциска област“ (МВИО) или “Македонска област“. Строгата воено-полициска и административно-управна власт траела од есента 1915 до есента 1918 година, кога сојузничките сили на Антантата го пробиваат Македонскиот фронт.

Во овој период состојбата во Демир Капија била тешка. Храна останала многу малку, додека од стока скоро и да немало трага. Движењето на населението било строго контролирано, а  дозволи за излез од населбата се издавало само за вршење на полските работи.

Од пролетта 1916 година по должината на границата со денешна Грција и низ југоисточна Македонија, од Охрид до Орфанскиот залив, се создала фронтовска линија на познатиот Македонски (Солунски) фронт. Како најпогодно место за снабдување на германската и бугарската војска на Македонскиот фронт била Демир Капија. Местото станала база за опслужување на воените единици распоредени на секторот на планината Кожуф. Во југозападниот дел на Д. Капија, покрај патот кон Бошавијата и Кожуф, биле лоцирани огромни складови за оружје и храна кои биле пренесувани до фронтот по пат и со помош на жичарница која била изградена од Германците во должина од 40 км до село Рожден. За подобрување на воените транспорти за фронтот кај Гевгелија, германските воени единици пробиле тунел низ карпите на влезот во клисурата на десниот брег на Вардар кај Демир Капија и пат низ клисурата кон Гевгелија. Подоцна, при повлекивањето на германските и бугарските сили од фронтот, жичарницата била демонтирана, а патот и тунелот останале. Германците напишеале дека тоа го направила 11-та армија во времето од 1 V. до 8 VII 1916 година. На еден километар јужно од тунелот, на една карпа на десната страна од патот, пак со издлабени букви, стои натпис на единицата која го правела патот и годината 1916, а над него на истата карпа стои друг натпис дека обновувањето и поправка на патот извршила организацијата ТОТ во 1941 година. Над тунелот на германски јазик стои натпис Мекензенов тунел, Вилијам II, германски цар, пруски крал им нареди на своите војници да го изградат овој пат во 1916 година.

По започнувањето на борбените операции за пробив на Македонскиот фронт во есента  1918 година, уште еднаш територијата на Демир Капија станала полигон каде што своите сили си ги одмерувале странските војски. По пробивањето на фронтот, француските сили над германскиот натпис ќе напишат „Генарал Франше д’Епере, главен заповедник на сојузните источни армии, им заповеда на своите трупи да ги протераат Германците во 1918 г.“

(извор: д-р Ѓорѓи Малковски „Демир Капија од праисторија до денес“, Демира Капија, 1998)

Македонска нација

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top