Историја

Најглавната работа е Македонија да се помакедончи

temko-popov

Сега секој македонец признава, оти тој не е бугарин и гласно ја исповеда својата нација. Најглавната работа е македонија да се помакедончи.

temko-popov
ПИСМО  ОД ТЕМКО ПОПОВ ДО ДЕСПОТ БАЏОВИЌ,  (Солун, 9 мај 1888 год.)

“Во предговороф на ова писмо ќе ти предизвестам, оти ја ќе се помачам да ти пишам, колку је можно на наше наречие замествајќи оние  речи, који ја и не знам се блграрќи. Шчо да се чинит инака, Деспоте! Нашево наречие кога можело да диктира на друѓите славјански наречиа останало наисиромашко и, као питач, да опружвит р’ка било на блгарското, било на српското па дури и на Руското! Не отричам ја оти свите славнаноќи наречиа се сходни помеѓу си и оти природно је да се взаемеат едното от другото. А не до какво дередже (дж не знам како се пишит) до кое е дошло нашето кутро наречие, шчо да не можит чоек да си си кажит мислите, без да употребит блгарсќи речи, ако тои имат живено у блгарско, српски – ако у српско. Вистина, нашево наречие, као наисходно со српското скоро, требит от него да црпит оние речи, кои ќе немат у речникот си, но к’де ни је нашиот речник, к’де се нашите филолози, кои да можит да се завземеет со овој важен вопрос, т.ј. да ни составеет граматика и друѓи наинужни учебници, барем за основнуите училишча? Немаеќи наши филолози, к’де се српсќите, кои да знает нашево наречие и да сочунеет овие елементарни и необходими книѓи со такво наужно беспристрасие, штото само употребеет српсќи, вместо дополнителни, к’де неможеет да наидет меќедонсќи речи, а не да се водеет от слеп патриотизам, вместо да составеет ма-ќедонски учебници, да сочинеет чисто српсќи.

Да не се л’жиме, Деспоте, националниот дух у Македониа до такво дередже денеска је стигнал, штото и сам Исус Христос ако слезит от небото неможит да го уверит Маќедонеца, оти тој је Блгарин или Србин, освен оние Маќедонци у кои веке пропаганда-та блгарска се имат вкоренето. За да се увериш ти во ова нешчо требит да земиш блгаризма пред очи. Блграската пропаганда ево веќе времина, кога грцизмот-сосвем чужда нациа, беше зафатил да се фкоренвит во срцето Маќедонско; и Маќедонците кога видоа зрак од славјанизмот, фрлиа се, као слепи во пазувите му, без да пулеет на разликата му. Стигаше за ними оти отќинаа од грцизмот. Но шчо се чинит сега т.ј. после дваесет години блгарски м’ќи, аѓитации и немилосни парични жертви?

Се чинит тоа, драги мој Деспоте, шчо је природно, но за Блгарите неочеквено т.ј сега секои Маќедонец признава оти не јет Блгарин и гласно исповедува својата нациа, ако и да се ползувит ушче от блгарски средства, немаиќи, разуме се, свои. После, от какоф и да е тои, славјансќи јазик? Ја не вервам, а така исто не вервам и ти да верваш. Зато ние, Драги Деспоте, бефме расчистриле ушче од лани и дури от олум-лани да пре-поручвиме да се отвореет маќедонски училишта со ова намерение, штото колку је можно да се искоренвеет блгаризмите, кои се имеет пикнато от отворањето на блгарските учиљ(ишча) у Маќедониа, и да се замествеет со поприродните, т.ј српсќите.

Мене никој не можит да ме разубедит оти по инакоф начин можеет да се збратимеет ови два братсќи народи и јазици. Најглаваната работа је Маќедонија да се помаќедончит.

Кога заминаф от Врање, бев ти разкажал за поето п’туване, но како не ни  останвеше повише време за разговор, ти се таксаф, да ти пишам и еве сега си исполнувам речта.

Ти многу (и мошне се велит) добро знаиш за Групчевото идење таму ушче похубаво знаиш краиот на работата со свите танкости; така исто знаиш оти еден от сомишљениците Групчеви беф и ја и еден друг наш пријатењ, а по причина, шчо не ни повикаа у Ца-риград, ние дваицата послеѓни, останафме – еден у Солун, а друѓиот – у Самоков. Ја от твоја страна, штом доиде овде г-н Карастојановиќ, беф зафатил да разговарам со него, како сами требит да зафатиме да работиме овде, кои подполно удобраваиќи мојата идеа писа у Белград и от тамо телеграфически дури удобри Г-н Ристиќ све шчо му предложифме. И така ние пушчивме 7 учители, погодени по 60 л.т. год, кои свршиа овдешна бл-гарска гимназиа, кат им дадофме  по 5 л.т. п’тни трошок. Но од тога ево близу година ќе помиинит и ушче кутрите чекает  да им платиме и ушче им плаќаме….

…уверавам те , Деспоте, оти можит да ми напраит некои скандал, зашчо имат љуѓе кои го остреет; во интерсот нифни је да излезит оваа работа на мегдан. Ја сам се чудам, како ќе се отќинам од оваа  несреќа. Бидвело ли, бе браико, да те кладеле да условиш учитељи и после да те остаеле во калта? Да те условеле тебе 15 л. месечно и после да не ти даделе нишчо. Верваи ме Деспоте, оти огнусено ми је от зборвеине и пишеине по ова работа, но што да праам кога сум ангажирал љуѓе. Ја сум работил без никакво задномислие и зато сум пропаднал…Собственото ја за идеата не зборвам, зашчо сум се посветил за оваа идеа и по никакоф начин не ќе се остаам от неа, макар и да не ми се дадеет ни пет пари, било за мои есап, било за есап на учитежите, но све ми је м’ка зашчо да бидам вака ужасно усрамен пред своите пријатељи и сомишљеници кои некои ден можеет да ме разигреет, како шчо рекол Господ.

Оваа ми ти је работава , накусо, Деспоте ако сакаш да ја знаиш…

…Ваш пријатељ

Т. Попов…”

 Народна библиотека-Београд, Фонд: Јован Хаџи Васиљевиќа

 413/III,  9 мај 1888 год.;  Граѓа за историјата на македонскиот

народ од Архивот на Србија…, т. IV, кн.3  док. 46, стр.134-136;

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top