Историја

Писмо од пратеникот Стојан Новаковиќ до Министерот за надворешни работи

Stojan Novakovic

(Цариград, 30 јануари 1888 год.)

Stojan Novakovic

Господине министре,

Со службен акт Ви праќам… два екземплара од книгата на Офејков:La Macedoine au point de vie ethnographique, historique et philologique, Philippopoli 1888, која деновиве е публикувана….

Како што таму истакнав, автор на книгата е г. Шопов, секретар на овдешниот бугарски егзархат, кој и инаку во меѓународниот печат се бори за етнографските бугарски права во Македонија….

Заедно со книгата е препечатена Лежановата етнографска карта на Балканскиот Полуостров, печатена, ми се чини, уште пред 20 години…во основата и се оние граници, кое едно време беа постевени за граници на бугарскиот егзархат, а кои подоцна се покажаа во границите на познатиот Сан-Стефански мир.

Истата книга овие денови од книжарницата им е испратена на сите овдешни странски застапници. Имав прилика да забележам, дека овдешниот англиски и австриски пратеник се сомневаат, дали во издавањето на книгата во овој миг нема (замешано, н.б.) руски прст. За тоа мислење би се нашла една причина во тоа, што навистина сиот Егзархат се движи во руски води, и ако внимателно и со голема умереност, но од друга страна во македонските работи Бугарите не знаат за партиски поделби, и мошне се сложни во работата. Порадо тоа кај нив гореспом-натата книга се прима со голема љубов насекаде….на неа почна да обрнува внимание новиот полуофицијален Софиски весник Ла Булгарие, кој некои места во целост ги препечатува.

Поради тоа јас мислам, дека во во нашите должности спрема оваа појава не можеме да се раководиме од политичкиот опортунизам заради нашето гледиште за прашање-то за независниот развиток на балканските држави, туку би требало нешто и од наша страна да се прави и да се бранат нашите етнографски права, бидејќи ни онака за нашето гледиште по главното политичко прашање нема и не може да има сомнение. Јас од моја страна со денешната пошта му испратив еден ег-земплар од таа книга на претседателот на друштвото Св. Сава г. Св. Николајевиќ, а вториот на географот г. Вл. Кариќ во намера да им го свртам вниманието. Одговор или слична објек-тивна книга за нашите етнографски права би требало да се изработи на француски. На оној кој би можел да даде француска обработка би било добро повеќе од нив да дадат материјали и мисли, секој по својата струка, бидејќи доказите во наша ко-рист мора да се соберат од разни полиња, како: од јазикот, од историјата, од етнографијата, од традициите,од географската положба на оние предели сп-рема српските земји.

…пред неколку дена англискиот пратеник г. Њхите ми говореше, навистина патем, дека би било добро ние и Бугарите меѓу себе да се спогодиме за Македонија, и за тоа да нема борба. Спогодбата би теребало да гласи: и од наша и од нивна страна во сите делови да се поддржува статус љуо, то ест турската управа, додека не дојде до прилика за тоа да се зборува. Г. Њхите сакаше да знае, до каде се нашите ет-нографски граници, но бидејќи немаше карта при себе, остана тоа прашање за друг пат. Потоа ми говореше, дали ние би трпеле бугарски епископ во Скопје. Јас реков, дека тоа за нас е апсолутно неможно, и тоа не само за Скопје, туку и за цела Македонија, дека јас овде секогаш и во секоја прилика против тоа станував најенергично, и дека во тоа и со Грците и со патријархатот сме согласни, и дека имаме и други начини, да работиме против тоа. Претпоставувам, дека Бугарите нешто прашале на таа страна, па поради тоа, можеби, и она прво пра-ша-ње влегло во разговорот. Натаму ништо не е зборувано во таа прилика.

Со најодлично почитување Ваш Ст. Новаковиќ”

Архив Србије-Београд, МИД ПО ф: И, досије II, Пов. 22/1888;

Граѓа за историјата на македонскиот народ

од Архивот на Србија…, т. IV, кн.3, док. 9, стр.46-48;

Најново од: Историја

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

To top