Историја

Мистериите во Странџа на работ на научната фантастика

makedonska-nacija
*

makedonska-nacija

Странџа е планина во југоисточниот дел на Балканот, на границата помеѓу Бугарија и Турција. Се наоѓа на источниот дел на историско-географската област Тракија помеѓу Бугарската низина, Црното Море и Источно-тракиската рамнина. Сознанието дека во населените места живеаат потомци на Македонци кои се преселени во овој регион во средниот век, време кога се говорело дека „целата земја до Црно Море е македонска земја“, како и податокот дека за време на Илинденското востание 1903 година, во Одринскиот VII востанички округ, востаниците на Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација во реонот меѓу Мало Трново и Василико (Царево) формираат Странџанската Република, во изминатиот период го привлече нашето внимание. Но, Странџа крие многу мистерии во себе, кои се поврзани со древните Траки и Македонци. Тука легендите се испреплетени со фактите, а науката со мистицизмот.

Од сите легенди и митови со кои изобилува планината Странџа, најзагадочна е историјата на некрополата на египетската богиња Бастет. Во преданијата се говори дека секој кој ќе го наруши мирот на оваа божицаа, ќерка и жена на богот Ра, ќе го стигне проклетство. И покрај предупредувањата, планината Странџа која е богата со археолошки наоди, многупати била истражувана од научници, ентузијасти, ловци на богатство и религиозни претставници.

Според пишувањата на бугарските медиуми, приказната започнала во текот на 1981 година, кога ловецот на богатство А. Мустафа и однел на Људмила Живкова, ќерка на тогашниот семоќен секретар на БКП Тодор Живков, парче кожа со излитена карта со непознати знаци за која тврдел дека го покажува местото на гробницата Бастет – египетската божица на радоста, љубовта, плодноста и огништето, која се прикажува со глава на лавица или мачка.     

На прв поглед приказната делува апсурдно ако се земе во предвид каде е Египет и каде е Странџа. Меѓутоа, ако се знае дека некогаш сите овие земји беа во рамките на Македонската империја, тогаш може да се објасни зошто во време на Птоломеј, владател од македонската династија во Египет, во Странџа бил донесен странец за да биде таму закопан. Картата на ловецот на богатство само ја потврди легендата за местото, кое се наоѓа меѓу врвовите на Големо и Мало Градиште, на самата граница со Турција.

Људмила Живкова која била позната по својот интерес кон таинственото, го користи своето пријателство со јасновидката Ванѓа, (Вангелија П. Димитрова, родена во Струмица која живее во Петрич), од која добива интересен одговор.

Пред илјадници години до овие места допловиле луѓе од Египет. Воените началници, војници и робови носеле со себе саркофаг од црн гранит, покриен со писмо од непознат јазик. Во една темна ноќ, во потполна тишина, саркофагот бил закопан длабоко во земјата, а тие кои што учествувале во погребувањето биле убиени за да се сочува тајната локација на саркофагот, се` додека не дојде времето да биде откриена на луѓето. Тоа е милениумска порака до луѓето со непроценлива вредност, тврдела Ванѓа. Таму, како што вели познатата јасновидка, е претставена историјата на светот, две илјада години до денес и 2000 години во иднината.

Оваа позната јасновидка родена во Македонија, која како дете ќе го изгуби видот по што ќе може да гледа во минатото и да ја предвидува иднината, ќе напомене дека пирамиди освен во Египет има и на овие простори.

Ванѓа притоа вели дека: погребаната божица држи во рацете скрстени на градите скиптар од непознат материјал кој зрачи во вселената невидлив енергетски зрак (холограм), а околу неа има производи од злато, скапоцени камења и оружје. Но, јасновидката ја предупредила Живкова дека не смее да се наруши мирот на божицата, како и тоа дека секоја година на 5 мај кога во ноќта паѓа првиот зрак на сонцето, а потоа и првиот зрак на Месечината, на местото на погребот настануваат чудни феномени.

Одговорот на познатата јасновидка само ја зголемила љубопитноста на Људмила, која истовремено имала и информации од британската тајна служба МИ 6 дека на скенираниот терен под врвот Градиште на Странџа постои празнина со правилна форма во вид на коцка за која постои сомневање дека е вештачка творба. Информацијата на Британците само покажа дека тие одамна се интересирале за овој простор.

Инпресионирана од овој факт, Људмила испратила петчлена експедиција. Интересно е што тимот не е на БАН, туку го предводи шефот на одделот за културно наследство Крсто Мутафчиев. Тој во строга тајност со екипата во која има двајца археолози, новинар истражувач, внуката на Ванѓа и шоферот го посетиле местото.

Внуката на Ванѓа која го опишува настанот во својата книга пишува дека веќе на 4 мај биле во Мало Трново и веднаш заминале на планината, каде го чекале изгревањето на сонцето. Кога се разденило, на посоченото место виделе „соларни кругови“ групирани во вид на превртен триаголник (симбол на матка, женски репродуктивен орган), при што најмалиот круг се наоѓал најдолу. Кога се појавил првиот сончев зрак тој почнал да се движи од врвот на карпата надолу и истовремено со тоа од лево кон десно, осветлувајќи ги соларните кругови и опишувајќи прозрачен триаголник. Тоа траело околу 20 минути, по што целата карпа била огреана од сонцето. Учесниците во експедицијата ја дочекале и ноќта, за да разберат што ќе им донесе и Месечината. Околу 9 часот навечер, на карпата се појавил месечав зрак. Исто како и сончевиот, така и тој по истиот редослед од врвот надолу и од лево кон десно ги поминал сите исечени кругови на карпата и исчезнал.

Додека петмината членови на експедицијата стоеле без здив и се прашувале што може да значи тоа, карпата неочекувано се осветлила од внатре, како екран од црно бел телевизор и на него се појавиле две фигури. Едната бил возрасен маж облечен во одежда долга до земјата и во десната рака држел некаков тркалезен предмет. Позади него се појавил друг млад маж кој бил седнат и наликувал на фараон како што вообичано бил сликан на фреските. По 20 минути сликите исчезнале и наоколу повторно било темно.

И покрај предупредувањето на Ванѓа групата решила да ископува во подножјето на таинствената карпа. Како што пишуваат бугарските медиуми, според некои извори бил откриен подземен тунел во кој имало чудно писмо, потоа парчиња црн гранит од кои едното било рамно со нацртан машки профил, а другото од двете страни кружно што би можело да биде носител на информации. Не е познато што друго е најдено, но, набргу казната стигнува.

Неочекувано, на 40 години умира Људмила Живкова. Нејзината смрт останува мистерија, а во официјалната причина за смртта никој не верува. По нејзината смрт, Софија ги прекинала ископувањата. Во 1982 година започнал затворен процес против нејзините соработници. А. Мустафов бил уапсен од бугарските тајни служби, сослушуван и претепан, по што набрзо починал. Крсто Мутафчиев бил осуден на 20 години затвор за злоупотреба на положбата и незаконски ископувања, како и други престапи. Пронајдените парчиња црн гранит биле испратени на лабораториска анализа во некогашната Германска Демократска Република, каде им се губи трагот, а на местото на ископувањето било извршено минирање така што подземниот влез под карпата е поплавен.      

Во Мало Трново, како што пренесуваат бугарските медиуми, има луѓе кои веруваат дека на Странџа бил закопан странец, а со него древни знаења и артефакти. Во мистичната теорија верувал и Крсто Мутафчиев кој по одлежаните осум години, на почетокот на демократските промени бил ослободен, но набрзо починал од рак. Во меѓувреме тој напишал книга „Хомо сапиенс за хомо сапиенс“, во која раскажува за експедицијата и пронајдоците. Според него, дали под дејство на тајните служби за да се покрие трагата, тој говори дека тие имаат вонземско потекло. Во книгата тој тврди дека Бастет била раковидителка на дојденци од планетата Цефеја, кои во почетокот пристигнале во Египет каде ја создале цивилизацијата на фараоните. По нејзината смрт, по нејзина желба со брод била донесена во Странџа.

Сепак, научниците не веруваат во оваа приказна. Раководителот на историскиот музеј во Мало Трново, вели дека приказните се измислени, а таму во близина на карпата постои тракиски рудник со две хоризонтални галерии, како и уникатна тракиска куполна гробница, древно светилиште со камени жртвеници, некропола и тврдина од римско време. Сите наоди говорат дека било свето место за Тракијците и Римјаните. Сите овие приказни, привлекуваат голем број на вљубеници во мистериите на древните тајни на минатите цивилизации, пишуваат бугарските медиуми.

Меѓутоа, истражувањата на тракискиот рудник покажале дека Русите веќе истражувале во периодот 1949/1950 година. Мештаните говорат дека Русите однеле цела кола материјал. Но, не само Русите, тука, уште за време на Отоманската империја истражувале и двајца високи свештеници на Цариградската патријаршија кои најдениот материјал го однеле во Цариград. Исто така, се говори дека за време на Втората Светска Војна и нацистите истражувале на Странџа каде барале тајно оружје со кое би можеле да го покорат светот.

Интересот на големите сили за тоа што крие Стрнџа отвора многу прашања. Што всушност барале таму и кој, кога и зошто би го криел најскапоценото и највредното нешто во ова скровито место.

Времето кога е создадена гробницата на Бастет, ќерката на богот Ра, се совпаѓа со времето по смртта на Александар III Македонски (336 – 323 г.п.н.е.), кого египетските свештеници го прогласуваат за син на Амон Ра и наследник на фараоните. Веднаш по смртта на Александар започнува борбата на „дијадосите“, односно наследниците од 323 до 281 г.п.н.е. се борат за македонскиот престол.

Во овој период со Тракија и Мала Азија владее Лисимах (287 – 281 г.п.н.е.), а со Египет Птоломеј I Сотер  (323 – 328 г.п.н.е). Неговиот син Птоломеј Кераун (281 – 279 г.п.н.е), одбиен од својот татко, успеал за кратко време да биде признаен за крал на Македонија. Се поставува прашањето како овој син на египетскиот владател се нашол во Македонија?  

Всушност тој дошол кај својата сестра Лисимахија, а по ликвидирањето на Селеук I, ја завзема Македонија и Тракија. Загинал во битката со Галите во 279 година. Можноста дека Птоломеј Кераун ја изградил гробницата на Бесет во Странџа, Тракија, се големи. Исто така, можно е во неа тој да ги оставил обележјата кои требало да му овозможат да стане владетел не само на Македонија, туку на целата Македонска империја. Оттука, таа било строго чувана тајна.

Меѓутоа, оваа приказна отвара и неколку други интересни прашања кои се поврзани и со други информации. Се зборува дека Богомилите кои како еретици биле прогонувани биле собрани и преку таен тунел кој водел од Црно Море биле носени на Странџа, во областа на Марино населба. Приказните говорат за над 66.000 убиени Богомили и седум посветени. Зошто некој морал да биде носен таму за да биде жртвуван?

Денешните етнографски групи Тронките и Рупците кои живеат во регионот на Странџа можеби го заборавиле минатото. Но, зошто токму Тронките и Рупците кои се со јасно изразени дијалектни форми својствени за македонскиот јазик, се преселени во средниот век во Странџа? Дали тие беа предодредени да ја чуваат тајната на гробницата на Басет и тајната на Македонците?

Дали баба Ванѓа кој поголем дел од животот го поминува во Рупите во близина на Петрич, Пиринска Македонија била запозната со оваа тајна? Дали писмото кое е спомнато е она исто писмо на каменот од Розета кое го дешифрираа Тентов и Бошевски?

Вистински мистерии на границата на научна фантастика.

Сепак, може да се каже дека по распадот на Македонската империја, македонските војсководци се обидувале во својата престолнина да ги вратат највредните, најскапоцените и светите работи.

Гробницата на Бастет, ќерката на Ра, укажува на можноста дека и гробницата на Александар III Македонски, синот на Амон Ра се наоѓа тука некаде во Македонија. Нели и Ванѓа напомна дека постојат и други неоткриени вакви гробници, налик на пирамиди?

Македонска нација

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top