Историја

Македонците ја заземаат преодната алка меѓу Србите и Бугарите (Цариград, 8 октомври 1888 година)

stojan-novakovic

ПИСМО НА СТОЈАН НОВАКОВИЌ ДО МИНИСТЕРОТ ЧЕДО МИЈАТОВИЌ: МАКЕДОНЦИТЕ ЈА ЗАЗЕМААТ ПРЕОДНАТА АЛКА МЕЃУ СРБИТЕ И БУГАРИТЕ

stojan-novakovic

“Господине Министре,

Веднаш по моето враќање имав чест да ве известам за вистинската состојба  на Македонското опрашање која е предмет на сегашната журналистичка кампања во печатот на балканските држави и во европскиот печат. Тоа го исложив во писмото од 2 ов.м. П Бр. 158. Тогаш имав прилика за таа работа да изменам мисли со сер Њхите  англискиот пратеник…

Сер Њхите скоро потполно ја потврди онаа моја претпоставка… И тој мисли дека почетокот на  движењето не е сега во Софија, туку дека треба да се става на почетокот на пролетта во Егзархатот во времето кога Егзархот почна да се  залага за пополнување на бугарските епископски столови во Скопје, Охрид и Велес… Бугарската влада, според кажувањето на сер Њхите знаела дека ништо не може да се постигне, и се впуштила во журналистичка кампања да му даде одушка на истото движење. Ние, велеше сер Њхите, им говоревме на Бугарите, дека тие ништо во Македонија не можат да добијат без вас Србите и дека тоа прашање мора да биде рапспавено со спогодба меу Србите и Бугарите. Мислење е, значи, на сер Њхите, дека сегашното македонско движење во Бугарија не е од бугарската влада туку од Егзархатот, а всушност е насочено против владата и сегашната состојба во Софија, и дека бугарската влада во него влегла со чисто диверзивни тактички намери. Дека од сето сега може да има некакви последици сер Њхите не мисли, но за тоа е  одвишно сега да се зборува.

Истиот ден се видов и со г. барон Каличе во Бујукдер. Тој се информираше за нашата етнографска положба јужно од Србија и во Македонија, развивајќи ја и картата што е печатена во книгата на Офејков за Македонија, давајќи му на разговорот турнир академски, бидејќи прашањето сега веќе и не може да има подруг интерес…Во главно му реков дека ние сметаме на оној ист народ таму, на кој сметаат и Бугарите, дека можеме што можат и тие, и дека наспроти бугарскиот мемоар и ние би можеле во наша смисла да подготвиме, потпишеме и дадеме  ист таков мемоар кога би биле безразложни и кога не би сакале да водиме сметка за опортунитетот воопшто и за она што е угодно или неугодно на силите пријателки кон нашата земја. А ако прашањето би се извадило од политичката сфера па да се погледа научно и академски би можело, според странската наука, да се најде дека Македонците ја заземаат преодната алка меѓу Србите и Бугарите, што значи дека за натамошна расправа, каде по-натаму со нив, треба да се земаат предвид други политички, историски и географски обзири, и дека во тоа Македонија личи на Малорусите, кои така стојат меѓу Русите и Пољаците и на Провансалците во јужна Франција кои така стојат меѓу Италијанците, Шпанците и Французите. И за конечната политичка судбина на двете места пресудувале други чинители. Овие мисли намерно ги нафрлив, знаејќи од друга сигурна страна, дека г. барон Каличе им нареди на своите конзули во Македонија да му поднесат извештај за положбата.

Преку нашиот агент за овие работи г. К. Групчевиќ се распрашував дали навистина се собрани илјада потписи на познатиот мемоар и каква е внатрешната вредност на пот-писниците. По неговото кажување изгледа дека потписници нема многу повеќе од тристотини; дека главни во тоа биле некој претприемач за градежништво Македонец, денешен бугарски агент, и еден меанџија, а останатите се прости луѓе, работници од бавчи и инаку од разни страни, од кои многуте и не знаат дека се потпишани, а најмногу од нив и не го познаваат значењето на таа работа.

Во турските пак кругови се трудам да обрнам внимание на врската на бугарската школска агитација со оваа политика, од која Турците назираат од старите времиња, а турската администрација е трома и мачно ги остава патеките по кои еднаш во движењето се пуштила. Со тоа нашето просветно движење секаде се задржува и запнува. Поради тоа што турските чиновници се тешки за вакви политички еволуции, г. Групчевиќ на некои луѓе од околината на султанот, со кои има врски, во иста смисла им говорел, обраќајќи им внимание на опасноста од Бугарите и нивното дејствување по турската царевина, предавајќи за тоа и писмена белешка. Кога неодамна со турскиот министер за просвета Муниф-паша зборував за нашите школски книги, на кои им се прават пречки по стара Србија и Македонија, иако во неговото министерство царската цензура ги одобри, споменав дека нивните школски надзорници повеќе им гледаат низ прсти на Бугарите и ги следат нивните агитации, и тој поради тоа вети дека ќе испрати, како што подоцна бев известен и навистина испрати, опширна телеграма од царските власти на тие наши краишта, во кои бара експликации за нивното постапување со српските книги. Таа работа е во тек, и за неа тука само патем проговорив, колку да ја допрам и нејзината политичка страна…”

Архив Србије-Београд, МИД ПО, ф. В, т (И-ИЏ) 1888 год;

Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија…, т. ИВ, кн. 3, док. 101, стр. 243-246;

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top