Историја

За страдањето на Евреите во опожареното Скопје (октомври 1689 год.)

“Од многу години, Евреите во тој град (Скопје, н.б.) бевме собрани на едно место, изградено како тврдина среде градот, опкружено со сидишта, со добро замандалени порти…и поради нашите големи гревови, непријателот преку сето фрли огнан, и врз нашите синагоги и врз училиштето, како и врз куќите, кои беа внатре во тврдината, и се стана плен на огнот…И не остана куќа таму внатре во тврдината, која стана плен на пожарот.”

Еврејски извори за општествено-икономическото развитие на балканските земи,

том II, XVII век, Редакција Ашер Хананел и Ели Ешкенази, Софија, 1960, стр. 313-314;

ПИСМО ОД АВСТРИСКИОТ КОМАНДАНТ ПИКОЛОМИНИ ДО ЦАРОТ ЛЕОПОЛД I: РЕШИВ ГРАДОТ СКОПЈЕ НА ПЛАМЕНОТ ДА ГО ДАДАМ

(26 и 27 октомври 1689 год.)

“Тогаш решив, иако не од  се срце, градот (Скопје, н.б.) да го закопам во пепел.

Ми беше жал за зградите, какви во оваа војна уште не бев видел; џамиите од најдобар мермер и порфир, украсени со илјадници кандила и позлатени алкорани, на кои би им посветил внимание човек и од Рим; потоа убавите старини, градини и места за забава, иако според варварски вкус направени, големите средства за живот, сето тоа, сакал-неќел, морам на пламенот да го дадам. Но, за да не му оставам на непријателот ништо што може да се зачува, стравот и трепетот меѓу варварските народи да го раширам и оружјето на својот господар и во најдалечните краишта да го направам  страшно, се решив да ја извршам таа работа…

По сите градски ќошиња се поставија луѓе со гламни. На знакот од трите топовски истрели се вивна пламен и чад, го помрачуваше сонцето на 26 октомври и другиот ден по него. Ние стоевме на еден висок рид и, под звуците на војничките инструменти, го гледавме огнот над ова убаво место, навистина не без мака и жал…”

Љубен Лапе, Одбрани четива  за историјатана македонскиот народ, Скопје 1951, стр.190

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top