Историја

За учеството на македонците во aвстро-турската војна (1788-1791 год.)

TurkischeHauptArmeeHochenleitterBGHistory

TurkischeHauptArmeeHochenleitterBGHistory

“…Од самиот пак Белград (се засолниле во Австрија) Петар и Јован Новаковиќ, браќата Чардаклии, Велчо и Кузман, браќата Цикиќи, Дели Ѓорѓи Чипљак, Милош Брко, Тримче Трпковиќ, Деспот Чукула и Геро Новаковиќ.

Наеднаш во почетокот на оваа војна Главниот командант на австриската војска, војводата Лаудон, формирал еден фрајкор (доброволечки одред, н.б.) од Србите од онаа страна, а нај-многу од Србите од оваа страна, а главен командир на овој фрајкор бил Србинот Михалевиќ…

Сите споменати четоводци, освен Кочо, Станко Амбрашиќ и Караѓорѓи, кои воделе нерегуларни трупи, дошле кај своите четници што ги имале собрано во овој фрајкор, се облекле во мундири (офицерска облека, н.б.), добиле царско оружје, па потоа добиле и офицерски чинови.

…оние пак од самиот Белград биле произведени вака: Петар и Јован Чардаклија за капетани, Велчо и Кузман Џикиќ исто така, Дели Ѓорѓи исто така, Милош Брко заминал како офицер против Французите. Заслугите на Тримче Трпковиќ, Деспот Чукула и Геро Новаковиќ биле од посебен, невојнички вид; овие тројца биле наградени со пензии и со царски документи за признавање. Од оние од Белград, првиот по ред (Петар Чардаклија, н.б.) станал ритмајстор (коњички капетан, н.б.) и благородник на Унгарското кралство…

Освен сите овие горенаброени четоводци, секако имало повеќе и други што се прославиле во оваа војна; но мнозина додека траела војната изгинале, а многумина пак кои не се обсирале на наградите на австриската влада се задоволиле само со одмазда над Турците како нивни угнетувачи, а нивните имиња биле предадени на заборавот.”

Лазар Арсенијевиќ-Баталак, Историја Српског устанка,

 т.И, Београд, 1898, стр. 4-5; Документи…, т. И, док. 113, стр. 167-168;

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top