Историја

Заслуги на Ангел Гацо од Воденско, за Грчкото востание (1821 год.)

Angel Gaco

Angel Gaco“Штом стигна до моите уши гласот од трубата на Арес и плачниот повик на прељубената татковина за заштита на нејзините права, наеднаш го презрев спокојството, богатството и славата и веднаш се вооружив против тираните и издржувајќи за целото време на војната кај Негуш каде што водев долготрајни и кравави борби до разорувањето на Негуш (по Не-гушкото востание 1882 год, Негуш бил разрушен од турските власти а населението протерано, н.б.), каде што паднаа ропство и моите сакани деца и мојата сопруга… После со 320 војници отидов на помош во западна континентална Грција, каде што се борев заедно со другите во борбите кај Камботи и Плаќа. Таму падна мојот брат и мои други роднини…Потоа се биевме во Пета. По тоа дојдов и во Пелопонез со 210 војници кога таму беше навлегол Драмалијата…

Потоа преминав во источна континентална Грција со сите мои војници. Таму генералот Одисеј ми вети дека ќе им плати на моите војници. И во текот на седум месеци, кога се боревме во разни места на источна континентална Грција и најодзади во Да-ли, каде што ја загубив целата своја покуќнина и коњот и исто така бев ранет, добив од генералот Одисеј за оваа служба само 2000 гроша…(а) целата сума излегува 7020 гроша. По тоа преминав во Трикери, каде што се здружив со Каратасо (Караташо Геро, од берско, еден од востаничките водачи, н.б.), и се борев до крај, а во една од битките го убивме Ињев паша. Потоа  (се) префрлив во Скијатос, ја отфрлив непијателската флота-…дојдов во Идра. Тоа се , почитувана Управо, моите заслуги и ги ставам на внимание да ги признаете..

Н. Тодоров- В. Траиков, Б’лгари учатници в борбите за освобождението на Грција 19821-1828,  БАН,  Софија 1971, стр.108-109;

Документи за борбата на македонскиот народ…, т. И, док. 118, стр.171-172;

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top