Историја

8 изненадувачки факти за Александар Велики

1aaa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

1aaa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

8 изненадувачки факти за Александар Велики

Можеби најголемиот воен гениј на античкиот свет, воинот-крал Александар III Македонски (356-323 п.н.е.) ги освоил териториите кои се протегаат од Грција до Египет и преку денешна Турција, Иран и Пакистан, со комбинирање на успеси на бојното поле и со стратегија за градење на царството, Александар го минал 13-годишно владеење со работа за да се обединат Истокот и Западот преку воена сила и културна размена. Угледот на Александар се зголемил толку брзо така да до времето на неговата смрт на возраст од 32, тој се сметал дека има божји особини. Не е секогаш можно да се одделат фактот и фикцијата од приказните за Александар во текот на вековите, но тука се и осум големи делови од животот на Александар.

2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy1. Тој водеше дијалози со Аристотел, но имаше дијалози и со други познати филозофи.

Таткото на Александар, Филип Втори Македонски, го најмил Аристотел, еден од најголемите филозофи во историјата ,,да го едуцира 13-годишниот принц. Малку е познато за трите години на Александровото туторство, но се претпоставува дека до крајот тој потонал во Аристотеловата мудрост за пристапот кон светот. Според легендата, додека сеуште бил принц, Александар во Грција го барал познатиот Циник Диоген, кој ги отфрлил социјалните разлики и спиел во големо буре. Александар му пришол на мислителот, барајќи од Диоген дали има нешто што можел со неговото големо богатство да стори за него. “Да”, му одговорил Диоген, “тргни се настрана; Вие ми го скривте моето сонце. “Александар воодушевен од одбивањето на Диоген и дека не е импресиониран“, ќе изјави “Ако не бев Александар, јас ќе бев Диоген”.

Неколку години подоцна, во Индија, Александар паузирал со неговите воени освојувања за да има долги разговори со гимнософистите “голи филозофи” од Хинду или Џаин религијата.

2. Во 15 години на освојувањето, Александар никогаш не изгубил битка.
Александровите воени тактики и стратегии денес сеуште се изучуваат во воените академии. Од неговата прва победа на возраст од 18 години, Александар се стекнал со репутација дека ги водел неговите луѓе да се борат со импресивна брзина, овозможувајќи им притоа на помалите сили да стигнат и да ги прекинат непријателските линии пред неговите непријатели да бидат подготвени. По обезбедување на неговото царство во Грција, во 334 г.пр.н.е. Александар преминал во Азија (денешна Турција), каде што победил во една серија на борби со Персијците под Дариј III. Централен дел на Александровата боречката сила биле 15.000 припадници на Македонската фаланга, чии единици со 7 метарското долго копје наречено сариса, не му дозволувале на Песијците да ги користат мечовите.

3. Тој именуваше повеќе од 70 градови по себе, и еден по неговиот коњ.

 Александар го одбележувал своите освојувања со основање на десетици градови (обично изградени околу претходните воени тврдини), кои тој секогаш ги именувал Александрија. Најславниот од овие, основан на устието на реката Нил во 331 г. п.н.е., денес е вториот по големина град во Египет. Други Александрии тој ги трасирал по патот на напредокот на неговата армија преку денешна Турција, Иран, Авганистан, Таџикистан и Пакистан. Во близина на местото на битката на реката Хидасп – најскапата победа во неговата Индиска кампања. Александар го основал градот Букефала, именуван по неговиот омилен коњ, кој бил смртно ранет во битката.

4. Кога Александар се сретна со својата идна сопруга Роксана, тоа беше љубов на прв поглед

 По спектакуларно освојување во 327 г. пр.н.е.. на Согдијанската Стена, навидум неосвоива планинска тврдина, 28-годишниот Александар ги надледувал своите робови кога Роксана, младата ќерка на Бактрианскиот благородник, ја забележал. Набргу потоа, во традиционалната свадбена церемонија, кралот пресекол со својот меч леб на две парчиња и го поделил со својата невеста. Неколку месеци по смртта на Александар, Роксана го родила единствениот син на двојката, Александар IV.

5 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

5. Александар дури и мирисаше одлично.

 Плутарховиот “Животот на благородните Грци и Римјани”, напишан 400 години по смртта на Александар, известува дека “многу прифатлив мирис” зрачел од кожата на Александар, и дека “неговиот здив и целото тело биле толку мирисни како парфемот од облеката која тој ја носел. “Мирисните детали биле дел од една традиција, која почнала во текот на животот на Александар, пропишана за да се задоволат атрибутите на еден крал освојувач. Самиот Александар отворено се нарекувал Син на Зевс за време на посетата на Сива во 331 година п.н.е.

8 copy copy copy copy

6. По победата над Персијците, Александар почнал да се облекува како нив.

 После шест години од поголемите упади во Персиската империја, во 330 г.пр.н.е. Александар го освоил Персеполис, долгогодишен центарот на персиската култура. По сознанието дека најдобар начин да ја задржи контролата на Персијците бил да дејствува како еден од нив, Александар почнал да носи шарена туника, појас и дијадемата на персиската кралска облека – на големо разочарување на традиционалистите во Македонија. Во 324, тој одржал масовна свадба во Персискиот градот Суза, во која тој принудил 92 водечки Македонци да се оженат со Персиски жени (самиот Александар венчал две, Статира и Парисата.).

7. Причината за смртта на Александар и натаму останува една од најголемите мистерии на античкиот свет.

 Во 323 г. пр. н.е. Александар Македонски се разболел откако испил чаша вино на забава. Две недели подоцна, 32-годишниот владетел бил мртов. Со оглед на тоа дека таткото на Александар бил убиен од страна на неговите телохранители, под сомнение паднале оние кои го опкружувале Александар, особено неговиот генерал Антипатер и Касандар синот на Антипатар (кој на крај ќе ги нареди убиствата на вдовицата и синот на Александар). Некои древни биографи дури и шпекулираа дека Аристотел, кои имал врски со семејството Антипатар, можеби бил вклучен во заговорот. Во поново време, медицинските експерти шпекулираат дека маларијата, инфекција на белите дробови, откажување на црниот дроб или тифусна треска можела да биде причина за смртта на Александар.

9 copy copy copy copy copy copy copy copy

8. Александровото тело бил зачувано во саркофаг со мед.

 Плутарх пишува дека телото на Александар били првично третирани во Вавилон од страна на египетски балсамери, но водечкиот англиски египтолог А. Валис Баџ шпекулира дека остатоците на Александар биле потопени во мед за да се одбегне распаѓање. Една или две години по смртта на Александар, неговото тело било испратен назад во Македонија, но само за да бидат пресретнати и испратени во Египет од страна на Птоломеј I, еден од неговите поранешни генерали. Со контролирање на телото на Александар, Птоломеј имал за цел во него да се гледа како наследник на неговата империја.

Дали сте знаеле?
Јулиј Цезар, Марко Антоние и Октавијан Август (идниот Август Цезар) сите направиле аџилак на гробот на Александар Македонски во Александрија. Во 30 пр.н.е., Октавијан ја видел Александовата речиси-300-годишна мумија и положил свечен венец. Последната забележана посета на гробот на Александар била од страна на римски император Каракала во 215 година. Гробницата била уништена, а неговата локација заборавениа во текот на пресвртите во последните векови од римската ера.

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top