Историја

По Илинденската епопеја

struga-pocetok-na-20-vek

д-р Душко Константинов

struga-pocetok-na-20-vek

По временото задушување на Илинденската револуција, Струшкиот комитет на ВМРО презел низа мерки за да им помогне на оние села што најмногу настрадале. Комитетот ја спроведува во дело замислата за самопомош на македонскиот народ, што се покажа побрза и поефикасна отколку средствата давани од разни пропаганди. Помош даде и црквата Св. Ѓорѓија. Во записникот од седницата на управата, одржана на 31 август 1903 година, се гледа дека “во таа година (додека беше питроп Теодосие Голабов – бм) (црквата) имаше чист приход од 20.258 грошеви… што беа употребени за платите на учителите, певците (псалтите), слугите и за милостина”. Под милостина се означени средствата дадени како помош на бедни семејства од загинати револуционери.

Во месец октомври 1903 година уште еден настан ја потврди револуционерноста на жените во Струшко. Мартиница, од селото Јабланица, членка на ВМРО, застрелала еден однароден предавник и турски шпион. Турските власти ја фатиле, ја врзале и ја префрлиле во централниот затвор во Битола. Мартиница не се смирила со судбината, туку успеала да избега од затворот, со помош на други затвореници. Настанот ја изненадил битолската полиција, која не успеала да и влезе во трагата. Мартиница живеела илегално и продолжила да работи за Револуционерната организација.

Струшкиот комитет на ВМРО навистина бргу ја обновил револуционерната мрежа на територијата. Во проретчените раководства на селските ксмитети влегле нови и помлади луѓе. И женските групи на Организацијата биле проширени и зголемени со нови членки.

Новоживнатата српска пропаганда во Струшко продолжува да создава пречки за нормалната дејност на ВМРО. Иако многу слаба, таа не се откажува од тој реон. Нејзините агитатори врбуваат приврзаници дури и меѓу членовите на Револуционерната организација, што доведе до подготвување убиство на војводата Ставре Гогов, којшто се пројавил како голем непријател на врховистите, и на сите странски пропаганди, чии цели беа денационализацијата на Македонците. Платеникот тешко го ранил војводата, но тој сепак оздравел по неколку седмици и продолжил да дејствува во реонот. Тоа станало во 1906 година. Истата година турските власти го убиле мошне активниот соработник на ВМРО свештеникот Петре од селото Вевчани. Тоа убиство предизвикало голем револт кај населението, а комитетите го исползувале за позасилена агитација меѓу Македонците и меѓу пријателите муслимани.

На 11 април 1907 година, македонски борци од неколку чети се собираат во Вевчани на советување. Во селото имало над 350 куќи, со над 3.000 жители. Пристигнатите чети биле под раководство на војводите Ставре Гогов и други. Турските власти ги откриле. Во селото пристигнале турски воени еддници, придружени од башибозуци од Лабуништа, Октиси и Подгорци. Војводата Гогов загинал опкружен во една самечка камена кула.

По Хуриетот, 1908, младотурската власт побарала Македонци од Струга за служење во турската војска. На мнозина им биле врачени покани, за да се јават во определена единица. Тогаш баба Парушка, од Струга, сама префрлила 190 Македончиња од градот в планина каде што и се придружиле на четата на Петар Чаулев (кој се засолнил повремено во Албанија).

Две години потоа, на 5 мај 1910 година, Македонците во Струга одржале градско годишно собрание за разгледување на некои културно-просветни проблеми. Присутните избрале црковно-училишен одбор од редовите на поактивните стружани. Сите избрани биле мирјани. Одборот, покрај другото, предложил да се изгради нова училишна зграда во Струга, зашто старата била дотраена. Граѓаните ја прифатиле иницијативата и почнале да внесуваат доброволни прилози.

Монографија “Струга и Струшко“
Д-р Душко Константинов, Струга 1970.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top