Историја

ГРЦИЈА: Странските служби знаеле за менувањето на македонските топоними

severna-grcija-mapa

Драган Китаноски, етнолог, кој направил истражување за демографскиот состав на населението во Грција во последниве 90 години, вели дека во 1912 година на територијата на Македонија заземена од грчките војски имало над 700 македонски населби

severna-grcija-mapa
Карта на Северна Грција Фото Драган Китаноски)

Околу 800 села и градови во северна Грција во периодот од 1918 до 1925 година биле преименувани од македонски во грчки имиња.

Политиката на отфрлање сѐ што е македонско била највисок приоритет во Грција во тоа време и за таа цел била формирана специјална комисија, која требало да разработи специјален план за преименување на сите населени општини што не се од грчко потекло.

Драган Китаноски, етнолог, кој направил истражување за демографскиот состав на населението во Грција во последниве 90 години, вели дека во 1912 година на територијата на Македонија заземена од грчките војски имало над 700 македонски населби, чисти и мешани. Неговиот интерес во истражувањето е насочен кон населбите што се македонски по своето етничко потекло, без оглед на нивната делумна асимилација во грчкото општество.

Тој вели дека за менувањето на топонимите сведочат и многубројни документи на странските служби, за кои Грција не сака да се говори.

– Британскиот Форин офис во 1942 година излезе со мапа на северна Грција која содржи 50% македонски населени места. Таа мапа се појави еднаш и денес е тешко достапна. Германските научни кругови за време на Втората светска војна имале детални извештаи за националниот состав на населението. По граѓанската војна во 1949 година и големите штети нанесени на населбите во Костурско и Леринско се доби слика за селата кои останаа и оние што се целосно уништени – вели Китаноски.

dragan-kitanovski
(Драган Китаноски Фото Фејсбук)

Со преименувањето Лерин станал Флорина, Солун – Тесалоники, Воден – Едеса, селото Овчарани по ново се вика Мелити. Грчки имиња добиле и родното село на Крсте Петков Мисирков, Постол, кое било преименувано во Пела, Баница во Веви, Сботко во Аридеа, Кутлеш во Вергина итн.

Познавачите на случувањата од тој период нагласуваат дека едни од начините за прикривање на македонскиот карактер на населените места и на етничкиот состав на населението биле и неколкуте спроведени пописи, а чии податоци никогаш не биле објавени или биле штелувани во корист на грчката политика.

solun
Солун, Грција (Фото: wikipedia/JKelly)

– Многу важен е пописот од 1913 година што грчката држава го спроведе со меѓународен мониторинг. Овие факти беа земени за да да се види кои места сѐ уште се живи, а кои исчезнаа. Потоа најбитен е пописот од 1920 година, кој никогаш не се објави поради графата за изјаснување по јазик. Во 1928 година со пописот се утврди бројот на население, при што беа затекнати 1.400.000 жители во Егејска Македонија и околу 667 населби со чисто или мешано население, од кои според наши процени, околу 450 населби се македонски – објаснува Китаноски.

Според ова истражување, Грција и на последните два пописа продолжила со лажирање на податоците, овој пат во корист на втората и третата генерација на доселеничкото население, на местото на протераните Македонци од северниот дел на земјата.

(Игор Чавески/Телеграф.мк)

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top