Историја

Карактер и цели на ВМРО – 5 ноември 1928 г.

1024px-Todor-alexandrov-cheta

1024px-Todor-alexandrov-cheta

Големата германска телеграфска агенција „Телеграфен Унион“на 5 ноември 1928 г.во еден од последните свои извештаи го објави следното:„Еден специјален пратеник на „Телеграфен Унион“ имаше можност да разговара во една од најромантичните месности на Македонија со познатиот член на Централниот комитет на ВМРО – Ив.Михајлов.

За карактерот и целите на ВМРО, како и за настаните внатре во организацијата, Михајлов се искажа како што следува:

„ВМРО по убиството на Тодор Александров во август 1924 г., стана арена на внатрешни спорови, кои се закануваа да го парализираат нејзиното функционирање и предизвикаа дури и бојазност, дека организацијата може да се распадне. Еден голем дел од членовите беше убеден, дека главната причина за продолжувањето на таа состојба е генералот Протогеров, чиешто соучесништво во убиството на Тодор Александров е сигурно докажано.

Можеби не би се прибегнало кон отстранувањето на стариот генерал, ако тој не беше стебло во центарот на една мала група, на којашто му служеше како засолниште со своето име. Самиот факт, што Протогеров насекаде беше познат под титулата „генерал Протогеров“ покажува, дека неговата популарност не се должеше на својата припадност кон ВМРО, туку на својата дејност како офицер во бугарската армија.

Протогеров секогаш се чувствуваше, на прво место, како таков. Тој во тоа одеше до таму, што во македонските окрузи на Бугарија, ги помагаше филијалите на бугарските националистички организации, коишто имаа за цел враќањето на откинатите области од Бугарија и со тоа се поставуваа во реска противречност со македонските автономисти, коишто сакаа една независна држава од Бугарија.

Борбата на револуционерната организација продолжува.
Нејзиното водење зависи од околностите. Но таа секогаш располага со неопходниот број на луѓе, слично на една ливада, којашто може да се коси одново. И во повеќето случаи се оправдува последниот дел од лозунгот на ВМРО „слобода или смрт“…

Кога ВМРО работи тајно и минуваат месеци пред да пристапи кон една голема акција, тоа не значи, дека ВМРО се откажала од револуционерната борба. Напротив, постојаното зло, кое што ВМРО сака да претставува за противникот, се дава како лек, лажиче по лажиче, но може да дојде денот кога ќе биде дадено целото шише.
Изборот на средствата не подлежи на никакво сомнение; нивното делување грижливо се проценува. Сосем погрешен е често пати искажаниот став, дека ВМРО можела да ги постигне своите цели со легални средства.

Македонската ослободителна борба е борба, како на одделните личности така и на целиот народ – на живот и смрт и во таа самозаштита, народот и секоја одделна личност го сметаат секое средство, дури и најжестокото, за оправдување.
Нелегалната борба е сврзана со мошне големи непријатности и жртви.
ВМРО има во мирни времиња по 500 души убиени годишно – и би било грешка да се смета, дека некој Македонец би ги прифатил тешкотиите на таа борба без неопходност.
ВМРО има односи спрема Бугарија, колку што Бугарија има став спрема суштествувањето на ВМРО. Меѓутоа, никогаш меѓу водачите на организацијата и раководните Бугари немало официјални или тајни врски.
Организацијата, се разбира, не може да се откаже да се движи во Македонија под бугарска власт, исто така, како и во зафатените од Грција и Југославија области на Македонија.

Впрочем, не е чудно, што Југославија се мачи да й ја припише вината за непречената работа на ВМРО на бугарската држава. Тоа го правеше и Турција уште пред десетина години. Но ако Бугарија би се обидела под туѓ притисок да ја потисне ВМРО, таа без колебање би ја прогласила и Софија за воена област, како што тоа го направи во времето на Стамболиски.

Односите меѓу ВМРО и Италија, за коишто најпосле често се расправа, се чиста измислица.

Во 35-годишната историја на ВМРО, нема случај организацијата да й служела на туѓи интереси. Само фактот, што како Италија, така и Македонија, ја имаат за заеднички непријател Југославија, станал причина, италијанскиот печат најпосле да го земе при срце македонското дело

Ако Југославија би влегла во војна со некоја туѓа сила, тогаш ВМРО сама ќе знае, дека дошол нејзиниот час.

Да се надеваме, заврши Михајлов, дека Македонија ќе ја добие својата сакана независност пред да дојде до едно крвопролевање. Кога таа цел ќе биде постигната и би се нашле комитаџии, коишто би сакале да продолжат да се борат, тогаш македонското население само ќе им го истргне оружјето од нивните раце, затоа што тоа го сака мирот, затоа што тоа беше принудено со столетија да ја поднесува војната.

„Слобода или смрт“, Револуционерен лист, 5 ноември 1928 г.

Македонска нација

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top