Историја

Димко Хаџи Иванов

Gorno Brodi cheta 1908

Gorno Brodi cheta 1908

Димко Хаџи Иванов (1813 – 1906) е истакнат македонски преродбенски деец. Активно учествува во црковно – училишните борба против грчката Царградска патријаршија во 60 и 70 – тите години на XIX век, во селата во Серско, Мелничко, Неврокопско и Драмско. Основната цел на оваа сенародна борба бил отцепување од власта на Патријаршијата и возобновување на неиправдано укинатата Охридската архиепископија (1767). Наклеветен од грчкото свештенство, повеќе пати бил апсен од османлиските власти, поради што бил принуден со семејството да емигрира новооснованото Бугарско Кнежевство.

Димко Хаџи Иванов или Хаџи Димко е роден околу 1813 година во серското село Горно Броди, кое игра голема улога во борбата за за црковно и национално ослободување на Македонија. Бунтовната крв ја наследува од својот влијателен татко аџија, а исто така и неговите деца и внуци. Така со децении од Хаџидимковиот род учествуваат во борбата против фанариотите и за нацинално ослободување на Македонија. Негов син е учесникот во македонското револуционерно движење Димо Хаџи Димов.

Самиот Хаџи Димко учел на грчки јазик во келијното училиште кое било сместено во старата куќа на неговиот татко. Учители ми биле Грци, монаси од манастирот „Св. Јован Претеча“, во близина на селото Лакос. Оние што сакале да научат повеќе продолжувале да учат во самиот манастир, каде се буди панславјанскиот дух. Токму во тој манастир кај Хаџи Димко пламнува патриотската искра и љубовта кон Македонија.

Сепак човекот кој го потикнал Хаџи Димко бил Стефан Верковиќ, кој во текот на 1855 година се населува во Сер и станува двигател на црковно-училишната борба против Патријаршијата. Покрај црковно-училишната борба, Хаџи Димко му помага на Стефан Веркович во собирањето на фолклорни материјали

Хаџи Димко бил долгогодишен претседател на црковно-училишната општина во Горно Броди (1854 – 1856, 1871 – 1876) и во Сер (1873).  Како еден од првенците на селото, тој ќе одигра важна улога во борбата против грчката доминација во политичкиот и општествениот живот, против злоупотребите на грчкото свештенство, како и против употребата на грчкиот јазик во македонските цркви и училишта во 60 и 70 – тите години на XIX век во селата во Серско, Мелничко, Неврокопско и Драмско.

Во 1868 година, некој од монасите на манастирот донел црковно-славјанска книга и додека се градело новото училиште во Горно Броди, во црквата започнала богослужба на црковно славјански јазик. Потоа Хаџи Димко го доведува за учител во родното село Геоги Иванов Зимбилев од селото Илинден, Пиринска Македонија, кој почнал да предава на мајчин јазик. Овој пример го следат голем број други места во Серскиот санџак.

Во декември 1869 година во Неврокопското село Гајтаниново, се одржува народен собир со преставници од Серскиот и Драмскиот санџак, на кој било донесено решение локалното население да се откаже од Патријаршијата. Откако се изневерени очекувањата за возобновувањето на Охридската архиепископија и наместо неа во 1870 година е формираа Егзархијата, за да се ослободат од доминацијата на грчката Патријаршија, во текот на 1870 година, Хаџи Димко во соработка со учителот Георги Зимбилев, обиколуваат 140 села во Источна Македонија и изготвуваат народни молби (махзари) за пристапување кон Егзархијата.

Хаџи Димко дава огромен напор и материјални средства во борбата со гркоманите, во која учествува и целото негово семејство. Во таканаречената „Хаџи Димкова ера“ која трае речиси две децении, тој е постојано следен, изложен на притисоци од патријаршиското свештенство, како и затваран од османлиските власти.  Во 1879 година заедно со Дионисиј Москов паѓа во заточеништво, но успева да избега. Извесен период се крие во манастирите на Света Гора, а оттаму преку Цариград се префрла во новооснованото Бугарско Кнежевство (1878). Во летото 1880 година се населува со семејството во Дупница.

Во 1906 година серскиот учител Стефан Салтанџиев од Бугарија ќе забележи дека „Хаџи Димко кој бил душата на селото Горно Броди, кон кого во однос на народната преродба беа свртени погледите не само на соселаните, туку и населението од селата во Серско, Мелничко, Неврокопско и Драмско и кој во борбата за будењето на својот народ претрпел понижувања, прогони, апсења, на крај доживеа целосна пропаст. Од прв богаташ во селото, Хаџи Димко дошол до просјачки стап“ во Кнежеството Бугарија. 

Во поодминати години, парализиран, сиромав и заборавен од сите, Хаџи Димко умира во 1906 година.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top