Историја

Лигата на македонските католици се залага за независност на Македонија

makedonska-katolicka-liga

makedonska-katolicka-liga

Македонската католичка лига е организација на македонските бегалци униати од Вардарска и Егејска Македонија основана на 12 јули 1922 година во Софија. Предмет на интерес на оваа Лига бил да го привлече интересот на кателиците од Европа кон каузата за содавање на независна македонска држава во нејзините „географски и економски граници“

Главни иницијатори и основачи на Македонската католичка лига биле Јероним Стамов, Трпко Јорганџиев, Димитар Капсаров, Тимотеј Јанев, Иван Чикичев, Неделко Стојчев и Иван Николов, унијатски свештеници кои служеле во Македонија до Првата светска војна. На основачкото собрание присуствувале 40 луѓе од македонската емиграција во Бугарија, меѓу кои имало свештеници, занаетчии, печатачи, чиновници и др.

Во раководството влегуваат Кочо Хаџи Риндов – претседател (заменет во 1923 г. од свештеник д-р Јероним Стамов), Божин Грубешлиев – потпретседател, Јордан Попдимитров – секретар, Никола Бахчеванов – благајник, Атанас Младенов – библиотекар и Никола Георгиев и Георги Дионишев – членови-советници. Во 1924 година раководството на лигата е во состав Јордан Попдимитров – претседател, Васил Киров – потпретседател, Димитар Ичев – секретар, Тенчо Папукчиев – благајник и Атанас Диманин и Никола Георгиев – членови-советници, а во 1925 година: Кирил Кандиларов – претседател, свештеник Иван Чикичев – потпретседател, Петар Христов – секретар, Никола Бахчеванов – благајник, Тенчо Папукчиев – библиотекар и Тодор Поптодоров и Атанас Диманин – членови. На годишното собрание на Лигата на 18 мај 1930 г. е избран нов одбор во состав: Илија Поптанев – претседател, Димитар Костов – потпретседател, Тома Гоцев – секретар, Трајко Пелтеков – благајник и Никола Георгиев, Иван Матов и Васил Андонов – членови. Во наредните години се вршат мали измени во раководството.

Според зацртаните цели на основачите и раководителите на Лигата, која дејствува на духовно религиозна, културно-просфетна, добротворна и национална основа, главен акцент е ставен на политичкото делување за создавање на независна македонска држава со помош на католичкиот свет. Покрај тоа членовите на Лигата имаат задача да ги обединат македонските унијати, да му помагаат на своите сиромашни членови и да ја проучуваат Македонија од историски, географски и економски аспект.

Лигата се приклучува на Сојузот на македонските емигрантски организации и активно се занимава со политичко-општествениот живот на македонските бегалци во Бугарија. Таа редовно испраќа апели до Големите сили за поддршка за македонската кауза. Во 1924 година, Националниот комитет на македонските братства во Бугарија испраќа трочлена делегација на Конгресот на Сојузот на друштвата на Лигата на народите, кој се одржал во Лион, Франција. Во делегацијата бил и Јероним Стамов, кој бил преставник на Лигата од поробена Македонија.

Од конгресот бил испратен повик за сплотување на Македонците. Во документите меѓудругото се вели: „ Силата е во обединувањето. Да живее слободна и независна Македонија.“

Истата година било побарано поддршка од папата Пие ХI, кој ја помага Лигата и праќа 500 000 лева помош на македонските бегалци во Бугарија. Од овие пари Лигата донира 5.000 лева во касата на Националниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации.

Во 1931 година Македонската лигата учествува во потпишувањето на заедничкиот меморандум до Друштвото на народите. Во меморандумот поддржан од православните и католичките свештеници кои потекнувале од Македонија, се барало враќање на прогонетото свештенство во Македонија, враќање на црквите и манастирите кои биле преземени од српските и грчките власти, враќање на мајчиниот јазик во црквите и училиштата и враќање на верската слобода. Овој меморандум бил потпишан од двајца митрополити, пет епископи, шест архимандрити и 250 свештеници.

Во 1934 година, по Деветнаесетомајскиот преврат во Бугарија и забраната на дејноста на Македонската револуционерна организација, македонските емигрантски организации доживуваат сериозен удар, а Македонската католичка лига сериозно е ослабена. Нејзините членови се надгледувани од полицијата, а поради законски измени, организацијата го менува името во Македонска католичка добротворна лига.

Јероним Стамов кој во текот на 1933 година дејствувал во пловдивското село Куклен и ја отворил унијатската црква „Св. Кирил и Методј“, доаѓа до остар судир со бугарските православни свештеници, бил ставен под посебен надзор и по превратот бил интерниран во Асеновград, а подоцна по наредба на премиерот на бугарската влада Кимон Георгиев бил пренесен во Софија.

Во 1944 година, по Деветосептемврискиот преврат, Јероним Стамов ги обновува активностите на Лигата, која сепак конечно е забранета во почетокот на 1947 година од страна на Владата на отечествениот фронт на Бугарија.

(Извори: Е.З. Католиците во Бугарија (1878 – 1989), Софија, 2002; Е.З. Самотниот воин на Македонија, Македонските католици во Софија работеле за независна Македонија, Дневник, 12.09.2014)

Македонска нација

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top