Историја

Денешната бугарска влада за сега е рамнодушна спрема македон-ските работи (1889 год.)

vladimir-karic

ПИСМО НА СРПСКИОТ АГЕНТ ВО СОФИЈА, ДИМИТРИЈЕ БОДИ, ДО КОНЗУЛОТ ВЛАДИМИР КАРИЌ: СИЛНО ДА СЕ ЗАЗЕМЕМЕ НАШИТЕ МИСИИ ВО МАКЕДОНИЈА ДА НАПРЕДУВААТ

vladimir-karic“Уште пред 5-6 години беше формирано во Пловдив друштво на Македонците со објавен статут и цели за взаемно помагање, а под копрената, во интерес на ширење и името и идејата бугарска во Македонија…сега тоа друштво е обновено. Вистина, целта му е взаемно помагање, но во исто време не може да се скрие дека тоа  нема таков политички правец, да ги ангажира Македонците и да ги потсети да бидат подготвени кога ќе дојде поволен мо-мент. Во таа смисла пред кратко време пишуваше и овдешниот весник “Македонија”, кој го издаваат Македонците што живеат овде, и кој наведе, дека во случај на некаква европска разврска, единствениот спас на “Браќата Македонци” им е во револуцијата-востанието. Такво друштво…постои во Рушчук, а го има и тука во Софија, бидејќи тука има најмногу Македонци и тоа од Велес, Прилеп и Битола, и сите се скоро опозициски партии.

Денешната бугарск  влада не само што не ги помага тукашните Македонци, но уште и ги гони, бидејќи сите се главно членови на опозицијата (а највеќе Цанковистите и Радославистите), и затоа, колку што ми е познато, таа денес нема никаков удел во македонските друштва во Бугарија. Напротив, таа преку својот полуофицијален орган “Слобода” уште и ги напаѓа Македонците во Бугарија и ги изложува на  навреди и подсмев.

Колку што ми е познато, денешната бугарска влада за сега е рамнодушна спрема македонските работи и се интерсира само за своите внатрешни работи, бидејќи на неа сега најважно и е прашањето за признавање на кнезот, а македонските работи таа ги смета сега  како “второстепени”.

Јас мислам. Господине Министре, дека ние нерасположението на денешната влада спрема Македонците треба да го искористиме и силно да се заземеме, нашите мисии во Македонија да напредуваат, а во тоа ќе успееме, ако се погрижиме што поскоро да се отворат наши школи таму и учењето на нашата книга со македонскиот дијалект да започне, и на тој начин, симпатиите кај Македонците во Македонија, како што се уверив за време на мојата работа во Битола, дека сега знатно ги уживаме, уште посилно кога ќе ги утврдиме”.

АС, МИД, ПО, 1889, Одговор од  Д.Броди до Вл.Кариќ, Пов. бр.65 од 19.ВИИ.1889;

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top