Историја

БАРАЊЕ НА ОХРИЃАНИ : ОД СЕКОГАШ СМЕ ИМАЛЕ СВОЈА ЦРКВА, ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

sveti-sofija

БАРАЊЕ НА ОХРИЃАНИ : ОД СЕКОГАШ  СМЕ ИМАЛЕ СВОЈА ЦРКВА, ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА. СОЧИНУВАМЕ САМОСТОЕН НАРОД.  САКАМЕ ДА ИМАМЕ НАША ЦРКВА, НАШИ УЧИЛИШТА (1890 год.)

sveti-sofija

“До неговата Светост Великиот Патријарх во Цариград,

Ние верните поданици на… царот Султан Абдул Хамид И од долго време немаме црковна слобода, а од 1872 станавме уште позаблудено стадо, зашто дојдовме под Бу

гарска егзархија, заблудени од бугарската пропаганда…Ние Словените од Македонија, од секогаш сме имале своја црква, Охридска архиепископија, која имаше седиште во нашиот град. Денес ние би сакале одново да си ја вратиме и така живееме во слога со Великата црква.. Како такви, ние Ве молиме… да ни издејствувате како на Словени-православни секаква наклоност, како и дозвола за обнова на Охридската архиепископија, дозвола за наши училишта во кои нашите деца ќе учат на својот мајчин јазик…

Покрај тоа што Бугарите не измамија и не излажаа, тие ни го отфрлаат и јазикот, ни ги менуваат и наштите свети обичаи, ја менуваат сета наша лика и прилика. Ние тоа не можеме  повеќе да го трпиме и не сакаме нашите деца да не колнат нас и гробовите на нашите прадедовци. Сега ние се одделивме од Бугарите и сами сочинуваме словенски општини во Македонија, и сочинуваме самостоен народ. Како такви ние сака-ме да имаме наша црква, наши училишта. Ние си најдовме и наши учители кои ги плаќаме и издржуваме…”

(Следат 120   потписи на охриѓани)

Документи борбата на македонскиот народ…,т.И,док.203,  стр. 287-288;

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top