Историја

Александар III Македонски Господар на Војната (2 дел)

aleksandar-makedonski-2

Иван Здравески

Славата не се постигнува со туѓи раце

aleksandar-makedonski-2Пота се упатиле кон Дунав. Таму се судриле со племето Гетае. Со сплавови 4.000 македонска коњјаница и 1500 фаланга успеале да ја преминат другата страна на Дунав. На изненадување на македонците, 14.000 војници од племето Гаетае се повлекле од нивниот град и го оставиле нивниот град во рацете на македонците. Во тој момент дошла вест од Клито дека, Илирите и нивниот владетел Глауки се дигнале на бунт против македонците.

Александар и македонците ги притиснале Илирите во една тврдина во Пелум. Наредниот ден Глауки дошол на помош на тврдината. Филота еден македонски генерал и пријател на Алксандар бил блокиран во Тауланти. Александар веднаш тргнал да му помогне на својот пријател и успеал да го уплаши Глауки кој го напаѓал Филота. Александар бил блокиран од илирите и Таулантитe. Теренот бил многу нерамен. Македонците почнале да го викаат своjот борбрн повик па тaулантите се исплашиле и побегнале во нивниот град. После извидницата на Пелиум, Александар се повлекол тактички нo ноќта го нападнал градот и го запалил. Клеит и Глауки побегнале со својата војска.

Додека Александар водел победувачка војна дошле вести од Теба и Атина дека пак се дигнале на бунт.

Тебанците и Атињаните повторно се побуниле. Александар реагирал веднаш и сурово. 

Кога слушна за настаните во Теба (бунтот во Теба против Александар и Македонците), Александар сметаше дека треба да се разберат сериозно, зашто одамна се сомневаше во Тебанскиот полис и беше многу загрижен за обидот на Тебанците; бунтот можеше да се прошири и кај Лакедајмонците и кај некои други на Пелопонез и пред сеж кај Ајтолците. Заради тоа  за седум дена  стаса во Тесалија. Оттаму за шест дена влезе во Бојотија, додека не пристигна во Онхест со целата војска.

…Следниот ден Александар стаса до Теба… Таму се залогори, давајќи им можност на Тебанците да се предомислат и да испратат пратеници кај него. Тие пак беа далеку од тоа да покажат некаква понизност… Така, излегувајќи од државата, коњаниците и голем број лесно вооружени војници се упатија против логорот и стрелаа врз предни-те стражи, а и убија неколкумина Македонци. И Александар испрати лесно вооружени војници и стрелци за да го одбие нивниот напад… Следниот ден тој (Александар) ја покрена целата војска и ги опкружи портите што водеа во Елевтера и во Атика. Александар пак, сметајќи дека повеќе доаѓа како пријател кај Тебанците одошто како непријател, чекаше залогорен близу Кадмеја…

…Потоа Пердика беше погоден и тешко беше излечен од раната. Неговите луѓе, придружувајќи им се на Александровите стрелци, ги притиснаа Тебанците и ги следеа Тебанците додека не се повелкоа кон Хераклејон. Но кога Тебанците повторно се вратија со боев вик, Македонците се дадоа во бегствто. Штом Александар разбра дека неговите војски се во бегство, а дека Тебанците при гонењето се со растурен боев ред, им ја спротивстави фалангата во боев ред. Тебанците беа притиснати внатре во портите и толку многу се разбегаа, што при бегањето кон градот не успеаја да ги затворат портите. Така, Македонците што ги гонеа влегоа со нив во ѕидините…

Бидејќи Македонците ги притискаа од сите страни и Александар се појавуваше де од една, де од друга страна, тебанската коњица се втурна кон полето, а пешадинците се спасуваа кому како ќе му се згодеше. Потоа,  во бесот, не само Македонците, туку и Фокидците и Платајците и останатите Беотијци, иако не се бореа Тебанците, ги убиваа без каков и да е ред…

Овој тебански пораз и според големината на загубениот полис и според острината на дејството и општо земено, не помалку заради неочекуваноста на настанот и за победителите и за победените, онолку колку ги уплаши самите учесници во настанот, ги уплаши и сите други непријаели на Македонија. Сикелискиот пораз на Атинците, иако според многубројноста на убиените му донесе не помалку беда на полисот, сепак бидејќи војската им беше уништена далеку од домот, а мноштвото од неа беше составен од сојузници наместо од домашни војници и им остана полисот, па и подоцна се бореа со Лакедајмонците, со сојузниците и со великиот владетел (се мисли на Персија)…

Од друга страна, кај Тебанците востанието беше кренато набрзина и необмислено и до заземањето дојде без мака за освојувачите и со многуброен колеж, како што се случува за сродни народи заради стара омраза. Целосното поробување на полисот, којшто беше меѓу првите по сила и воена надмоќност во Пелопонезот, сосема природно беше доведувано во врска со божески бес: дека Тебанците на долго и на широко го отплаќаат предавството во Персиските војни…

Александар реши да им ја довери Теба на сојузниците што учествуваа во нападот: да се распоредат во Кадмеја, а полисот да го срамнат со земјата, територијата да се раздели меѓу сојузниците, а да се сочуваат светилиштата; децата, жените и преживеаните Тебанци да се поробат, освен свештениците и свештеничките и оние што им биле пријатели на Филип или на Александар, или пак домаќини на Македонците…

Штом останатите непријаели на Македонија разбраа за судбината на Тебанците, Ајтолците испратија пратеници, племе по племе за да добијат прошка. Атинците избраа 10 пратеници од сите Атинци, луѓе познати по пријателските односи со Александар, и ги испратија кај него да му ги пренесат ненавремените честитки од граѓаните на Атина, што се вратил безбедно од походот на Илирите и Трибалите и што ги казнил Тебанците за востанието. Александар претежно со пријателски тон му одговори на пратеништвото, но напиша едно писмо, во кое ги бара Демостен и Ликург, Хиперејда и Полиеукт и Харит, зашто нив ги обвинува за поразот кај Хeронеја и за грешките  што подоцна се направени при Филиповата смрт, против него и Филип. Тој исто така им покажа дека се виновни за тебанското востание не помалку од самите Тебанци востаници. Атинците не ги предадоа овие луѓе, туку испратија второ пратеништво кај Александар, молејќи го да го смали бесот кон оние што ги побара. Александар постапи така, можеби  заради почитта кон полисот, или заради тоа што брзаше за походот против Азија и зад себе си сакаше да остави дека може да му ce верува.

УНИШТУВАЊЕТО НА ГРАДОТ ДРЖАВА ТЕБА

Александар само за две недели поминал 1000 километри со македонската фаланга.Кога чуле за оваа брзина aтињаните и другите градови држави се предомислиле  и не  дошле на помош на Теба која истата сметала на нивната помош .

Генерал Пердика ја нападнал главната порта на Градот откато го разбил отпорот Александар со остатокот на македонската фаланга влегле во градот , македонците го запалиле градот срамнувајќи го со земја , не штеделе никој. Убиле 6.000 тебанци а 30.000 продале како робови.Теба, која давала најсилен отпор, била освоена со големо крвопролевање, градот бил разурнат, а неговата територија разделена меѓу останатите Беотски градови. Тебанците биле продадени во ропство, а само свештениците, потомците на поетот Пиндар, и приврзаниците на Македонија биле поштедени. 

После големите подготовки го оставил генералот Антипатaр со 13.500 војска да ги надгледува градовите држава, илирите, траките и се упатил кон Хелиспонт – Дарданелите.

Падот на Персија    

Кога стапнал на азиска територија Aлександар го забодел своето копје и извикал :

”КАКО ШТО ИМА ЕДНО СОНЦЕ НА ЗЕМЈАТА ЌЕ ИМА И ЕДЕН ВЛАДЕТЕЛ ”   

Продолжува ….

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top