Историја

Османското царство никна од рушевините на балканските феудални држави

900px-Ottoman empire

900px-Ottoman empire

Војската на Орхан I, султан на новосоздадената држава на Османлиите во Мала Азија, веќе во 1352 година година ја зазела тврдината Цимпе на Гелиполскиот Полуостров, а две години потоа, по еден силен земјетрес, ја освоиле и тврдината Галипол. Со овие територијални освојувања Османлиите создале мостобран за натамошно освојување на Балканот.

Први на удар биле две  македонски феудални држави. Согледувајќи ја опасноста деспотот Углеша, чија столица била во Сер, се обидел да создаде поширока коалиција за борба против османлиските одреди. Но, никој како да немал разбирање за опасностите кои предстојат. Византија била зафатена со граѓанска војна, а балканските владатели биле раскарани меѓу себе. Единствено неговиот брат кралот Волкашин се согласил да преземат заедничка и брза акција. Меѓутоа, наместо успех, оваа акција завршила трагично. Во септември 1371 година, во битката кај Черномен на реката Марица, македонската војска била разбиена, а двајцата браќа убиени.

Исходот од битката имал катастрофални последици за Македонија. Серската област и Халкидик биле заземени од деспотот Манојло Палеолог, а синот на Волкашин, Марко, ја задржал кралската титула, но ја признал османлиската врховна власт и морал да дава воена помош и да плаќа данок.

По битката кај Черномен, турските одреди систематски ги освојуваат градовите во Македонија. Во 1383 година бил освоен градот Сер, а веројатно во 1385 година биле заземени градовите Прилеп и Битола. Потоа во 1387 година привремено бил освоен Солун и во 1392 година Скопје. Три години потоа, во 1395 година, во битката на Ровин загинал крал Марко и деспотот Константин Драгаш, владател на источна Македонија, борејќи се на страната на Турците против влашката војска, а нивните поседи директно подпаднале под трајна турска управа. До крајот на XIV век речиси цела Македонија се нашла под турска власт.

Македонија станала база за освојување на Балканот. Солун бил повторно освоен во 1394 година, а конечно Турците го одзеле главниот град на Македонците од Византија во 1430 година. Средновековните автори ги бележат овие настени. Меѓу нив, Лаоник Халкокондил и Бертранд де ла Брокиер говорат во своите дела за Македонија и Македонците под Османлиите.

Лаоник Халкокондил (1425 – 1490) кој потекнува од атинско семејство бил сведок на турските освојувања. По освојувањето на Пелопонез во 1461 година тој се засолнил на Крит каде станал протопрезвитер. Најзначајното дело, кое не е целосно завршено, му е историскиот спис „Прикази од историјата“ во десет книги, во кои го опфаќа периодот од 1298 до 1463 година. Во своето дело тој го следи развојот на Османското царство кое никнува од рушевините на балканските феудални држави.

Опишувајќи ги освојувањата на Балканот, тој го употребува името Македонија и Македонци. Пишувајќи за освојувањата на султанот Мурат I и неговиот син султанот Бајазит I, Халкокондил пишува: „Така дознав дека оние околу Мурат, синот на Орхан и оние околу Бајазит, преминале во Европа и се одале на пустошење и ограбување, како начин на живот по што станале многу моќни. Се населиле насекаде низ Европа, до градот Скопје и областите на Трибалите и Мизите, и се до Македонија, а потоа многумина се населиле во Тесалија.

Средновековниот автор потоа бележи дека „Мурат ги освоил земјите во Македонија, односно околу Терма (Солун) и околу реката Аксиос (Вардар), донел многу Турци кои ги населил во таа област. На таков начин, од Мурат била населена и рамнината Загора и областа околу Филипопол…. Откако Бајазит, син на Мурат, ја населил со Турци Тесалија, областа околу Скопје, земјата на Трибалите од Филипопол до Хемус (Стара Планина) и градчето наречено Софија (1385 н.з), тој започнал да ги опустошува земјите на Илирите и Трибалите.“ Исто така тој известува дека во овие области доаѓале и други турски воени одреди заради целосно покорување на тие земји, како и поради сознанието дека таму може да се дојде до голем плен, робови и други богатства.

Интерсени се забелешките на Халкокондил за поимите Македонија и Македонци, во однос на територијата во XV век и нејзиниот етнички карактер. Опишувајќи го славјанското население во Албанија, врз основа на своите говорни и етнички карактеристики тој вели: „јас повеќе Албанците би ги вброил кон Македонците, одошто кон некое друго племе во светот. Со ништо не се одделуваат дека не се од македонски род. Всушност тој го употребува името Македонци за славјанското население во Албанија и Македонија.

Во однос на употребата на името Македонија и Македонци во овој период и маките со кои се соочува населението по османските освојувања, внимание привлекува и описите на Бургундскиот витез Бертранд де ла Брокиер. Во своето дело патување преку морето“ напишано во 1457 година, тој ќе забележи дека по пристигнувањето во Београд каде Турците се подготвувале за напад на Унгарија, се потсетил на следното: „ и јас си припомнав за големата потчинетост во која Турчинот го држи царот во Цариград и сите Грци, Македонци, и Бугари, па и деспотот на Рашка и сите негови поданици, што е многу жално за целото христијанство.

Исто така, зборувајќи за воената тактика и техника, пороа за бројноста на војската и начинот на војувањето на Турците против христијаните, де ла Брокиер вели: „А има, како што кажав порано, и многу христијани кои присилно им служат на Турчинот, како  Грците, Бугарите, Македонците, Албанците, Ексклавоните, Рашаните и од Србија, поданиците на деспотот на Рашка, и Власите, кои, кога би ги виделе христијаните, особено Французите, во голем број против Турчинот, тие на Турчинот, како што ми рекоа, би му нанеле многу штета и би му го свртеле грбот затоа што ги држи во тешко ропство.“

Во текот на XV век веќе се прават планови за ослободување на Балканот. Во проектот на Павле Мавроцен, венецијански пратеник во Рим, за превземање на крстоносен поход на христијаните на Балканот против Османлиите околу 1461 и 1462 година се вели: „Србите и Босанците, со кои неодамна водев разговор, веднаш ќе се одметнат од непријателот и ќе побегнат со дваесет и повеќе илјади вооружени војници. Потикнати од овој пример Тесалците, Грците, Пелопонешаните, Епирците и Македонците, сите ќе се одметнат од непријателот и со повеќе   од дваесет илјади вооружени војници, заедно со нашите, ќе се втурнат кон непријателот.

Но, за жал, овој јаји у другу проекти во однос на Македонија не се спроведени. Македонија која прва беше завземена од Османлиите, последна се ослободи по повеќе од пет века.   

(извор: М. Бошковски, Имињата на Македонија и Македонците во средбовеквните извори, Скопје 2003 )

Македонска нација

Најново од: Историја

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

To top