Историја

Некои македонски патриоти имаат прецизна мисла – (Солун, февруари 1874 год.)

petko-slavejkov

petko-slavejkov

ПЕТКО РАЧЕВ СЛАВЕЈКОВ:
НЕКОИ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИ ИМААТ ПРЕЦИЗНА МИСЛА:
“МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ БУГАРИ” И УПОРНО НАСТОЈУВААТ ДА СЕ ЗДОБИЈАТ СО СВОЈА ОДДЕЛНА ЦРКВА И ГО ИСТАКНУВААТ МЕСНОТО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕ КАКО ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК

Ваше Блаженство,

“Во Солун пристигнасв ба 14-ти минатиот месец  вечета. Веднаш успеав да се сретнам со сите поважни мњесни и некои други лица од другие македонски градови. Целта ми беше што ;поскоро да го раберам она што ќе ми биде неопходно да ја завршам успешно мисијата што ми ја доверивте. Најнапред се сретнав со Аверкиј Зографски (калуѓер од Света Гора, н.б.), а уште на следниот ден асо отецот Петар Димитров тукашен претседател на општината. Можам да Ви речам, Ваше блаженство, дека одовде, од Солун ветерот дува и се разнесува на сите страни. Двајцата почитувани духовници се водачите на движењето за обнова на Охридската архиепископија, макар што не треба да се заборави и Охрид, донекаде Битола, Велес и Скопје.

Унијатското движење тука не е без корен, како што се мисли во Цариград, а посебно од неговото Високо превосходителство гроф Игнатиев ( Грод Николај Игнатиев,  тогашен руски амбасадор во Царииград, н.б.). За ова време додека сум во Македонија јас го констатиравг она што од порано го знаеме и за кое пишувавме пред три години. И сега, како и тогаш., како и пред дваесетина години, станува збор за македонското пра-шање. Во разговорот со некои македонски “патриоти” разбрав дека ова движење, кое само преде неколку години беше голи зборови, сега е јасна прецизирана мисла: “Македонците не се Бугари” и тие упорно настојуваат, без оглед на цената, да се здобијат со своја одделна црква.

Во тој свој партикуларизам имааат поддршка и од некои цр-ковни високо-достојници во Цариград, особено од Високопросветениот Натанаил Охридски ( Натанаил Охридски, од скопското с. Кучевиште, подоцнежен митрополит на Охридската епархија, н.б.), Панарет Пловдивски (од леринското с. Пателе, тогашен пловдивски митрополит, н.б.), Архимандритот Харитон Караузов ( Архимандрит Харитон Карпузов, црковен деец од Нев-рокопско, н.б.). Во текот на овој месец разбрав од доверливи извори  дека пристигнуваат катадневно писма од Цариград до солунската општина, а одовде се испраќааат до другите општини во внатрешноста. Писмото се пишувани во тој дух. Едно такво писмо… ги повикува воденчани да ги прекинат сите врски со Егзархијата додека не се решело македонското црковно прашање, бидејќи “сега бил моментот”. Особено активност во ширењето на идејата за обнова на Охридската архиепископија покажува нам опознатиот г-дин Кузман Шапкарев од Охрид, кој постојано скита од Кукуш до Охрид и обратно… Не помалку активен е и  Димитар Македонски (од неврокопско, учител и автор на учебници на македонски јазик, н.б.), “македонскиот учебникар” кој прима плата  како учител од Егзархијата и од тукашниве лазаристи.

Поради ваквите неразумни проповеди на македонските патриоти, дека црковното прашање е разрешено само во полза на Бугарите, кај народот се разбудило нерасположение кон епархиите во Дунавскиот и Одринскиот вилает и завист поради поранешното пробудување на Бугарите. Особено се чувствува голем отпор против источнобугарскиот говор во литературата. Општ впечаток е дека месните луѓе сметаат оти Македонците се нажалени од  разрешување на црквеното прашање во полза на крајдунавските и тракиските Бугари. Ова нерасположение веќе прерасна во недовер ба кон Егзархијата и кон нејзината висока хиерархија и е оформена мислата за истакнување на месното македонско наречје како литературен јазик и за создавање  на македонска хиерархија.

Посебно внимание…треба да се обрати на неговото високопреосвештенство Натанаил, кој им ветува на месните луѓе, штом ќе дојде во својата епархија, оти ќе преземе чекори за обнова на Охридската архиепископија. Изгледа, тој се поврзал со македонските еснафи во Цариград и кај нив ги протура вестите за спогодбата со Патријаршијата. Од своја страна, тие ги известувааат пак своите во Македонија. Тоа предизвикува голем револт овде. Според тоа, сепаратизмот ги има своите ко-рења во тајниот круг во Цариград. Ако се притисне таму, овде во Македонија ќе стивне работата. Запре-те ја трубата, ќе има и ехо.

Прашањето до дедото Нил (Нил Изворов Смоленски, унијатски епископ, родум од Русе, н.б.) е мошне деликатно, бидејќи се забарикадирал во Кукуш… Си всадил мисла да стане охридски архиепископ или барем солунски митрополит. Како егзархиски пратеник, тој како “ најинформиран” ги шири гласовите за спогодба со Патријаршијата. Ја претставува пред народот Егзархијата како рамнодушна, неактивна да го избави маке-донското население од грѓчкото духовно ропство….Тој одржаува постојани врски со владиците  Панарет и Натанаил, опсобено со последниов кој му сугерира да се задржи во Македонија додека не добие берат за Охрид и пеистигне во Македонија. Мое мислење е дедото Нил по секоја цена да се крене од  Македонија и да се одведе во Цариград, бидејќи овде е опасен. Тој веќе дејствува под заштита на овдешните лазаристи и на францускиот конзул.

Мислата за обнова на Охридската архиепископија во моментов е најраширена овде во Солун. Тука се кројат плановите, тука се собираат запалените глави. Таа мисла, се разбира, не се базира врз некаква зрелост, особено откако Митхад-паша е сменет од солун. Но таа постепено се шири и во северна Македонија, само што не е сосема јасна. Во народот еден фрла едно, друг друго. Постои опасност, до колку не се преземат чекори од авторитетно место, да дојде до едно општо мислење. Тогаш последиците ќе бидат многу потешки. Најдобро би било ако…гроф Игнатиев ја посети Македонија, бидејќи населението чувствува скриена надеж дека само од Русија може да му дојде спасот.

Утре, со господа, имам намера да се сретнам со некои првенци од тукашнава општина. Ќе настојувам да ги убедам во неоснованоста на нивните стремежи за одделна црква, кога веќе имааат своја во лицето на Егзархијата. Секако дека најтешкото прашање ќе биде околу назначувањето владици од македонско потекло, а особено за хиротонијата (ракополагање, н.б.) на дедо Харитон…”

Солун , февруари 1874 

П. Р. Славејков

Славко  Димевски, Две писма на Петко Рачев Славејков за македонизмот.- Разгледи ЏИВ, 5 (1972), стр.  561-566;

Документи за борбата на македонскиот народ, И, стр.218-221;

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top