Историја

Битката за Лерин

bitkata-za-lerin

bitkata-za-lerin

На 12 фебруари 1949 година единиците на Демократската армија на Грција (ДАГ) го нападнаа градот Лерин. По битката на Вичо и Грамос, битката за Лерин била една од најжестоките и накрвавите битки водени меѓу единиците на ДАГ и владините сили за време на Граѓанската војна во Грција.. Во единиците на ДАГ кои го нападнаа Лерин, околу 70% од војниците биле Македонци. По големите човечки загуби, повеќе од 1.200 убиени, единиците на ДАГ се повлекле во регионот на Преспа.

На 12 фебруари 1949 година 14-тата, 18 -тата. И 107- та. бригада на ДАГ,  потоа две батерии артилерија и офицерската школа на ДАГ ги започнале операциите за ослободување на Лерин. Владините сили кои веќе имале информации за нападот на единиците на ДАГ,  се утврдиле во градот и направиле мрежа од бункери. За одбраната на градот, владините сили ангажирале три пешадиски бригади со 40 топови, тенкови и авијација.   

Во текот на нападот на Лерин, еден батаљон на ДАГ успеал да ја пробие одбраната и да влезе во градот, но не бил подржан од другите делови. По дводневни борби и големи загуби, борците на ДАГ се повлекле кон Преспа.

Битката за Лерин била една од најкрвавите битки за време на Граѓанската војна во Грција. Историските податоци говорат за повеќе од 1200 загинати, по што борците на ДАГ ја губат борбената иницијатива. Други извори говорат за 700  убиени и 350 заробени борци на ДАГ, а постојат и информации дека во гробницата закопувала и живи партизани.  

Партизанката Евдокија Фотева – Вера (2.081911 – 10.03.2011), учесничка во Граѓанската војна во Грција, потсетувајќи се на битката за Лерин ќе изјави: “Ноќта на 12 февруари ги нападнавме и ги победивме монархофашистите во бункерите. Одевме по рововите. Дојдоа авионите, небото поцрне. Ние немавме авиони, се боревме со пушки. Почнаа да бомбардираат. Тогаш не загинаа само борци, туку и обичен народ. Земјата се тресеше и неколку дена по бомбардирањето. Со булдожери ги собираа мртвите“ (Вечер, 26.05.2009).

Друг учесник во Граѓанската војна во Грција, во која неколку пати е ранет, во своите сведоштва за предавствата, меѓудругото ќе каже: „Монархофашистите го искористија претходниот ден и добро се вооружаа, а на помош им дојдоа и авиони. Иако влеговме во Лерин, сепак не успеавме да ги поразиме монархофашистите и да го ослободиме градот. Бевме сардисани. Се вративме во Преспа и се стациониравме во Желево. Дел од армијата се врати на Грамос, а таму ДАГ капитулираше. Некои војници се стационираа во Албанија, други во Русија, Ташкент, трети во Југославија, Бугарија, Романија. Единиците се распрснаа и згасна целото движење” („Сведоштва на протераните Македонци од Егејска Македониа“, Народна Воља, октомври 2009)

Во Граѓанската војна во Грција, Грците и Македонците заедно се бореа рамо до рамо за слобода. Тие заедно гинеа и заедно беа погребувани, не само во Лерин туку во цела Грција. Сеуште во Грција постојат неоткопани масовни гробници во кои се наоѓаат коските на македонските и грчките борци за слобода.

По завршувањето на Граѓанската војна, Грците ги искористија сите методи за да да ги прикријат трагите на местата каде се погребани македонските и грчките борци. Но исто така, ги искористија сите методи да ги  протераат Македонците од нивните родни огништа, за никогаш да не се вратат. За таа цел беше донесен Закон со кој дозволиле во оваа земја да се вратат само оние кои по род се Грци. А Македонците од Егејскиот дел на Македонија останаа распрснати на секаде по светот.

Изминаа повеќе од шест децении од битката за Лерин и од завршувањето на Граѓанската борба во Грција, но кај јужниот сосед ништо не е изменето во однос на Македонците и македонското прашање.

Македонска нација

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top