Историја

Зошто претседателот на САД Вудро Вилсон не го прифатил предлогот за обединета Македонија!

vudro-vilson

vudro-vilson

МАКЕДОНИЈА Е ЛИШЕНА ОД СОЛУН ВО АМЕРИКА

Во проектот од 1919 година на американскиот научник Либиер и на британскиот новинар пишувало дека „населението на Македонија не е ниту бугарско, ниту српско, ниту пак грчко, и затоа Македонците треба да имаат своја држава и самите да си владеат“.

Како што е познато, по завршувањето на Балканските војни што се воделе за наводно ослободување на Македонија, таа не само што не била ослободена, туку потпаднала под власта на нови поробувачи. Со Букурешкиот мировен договор (28 јули-10 август 1913 год.) била поделена меѓу нејзините соседи – Грција, Бугарија и Србија, со што била разбиена геополитичката, етничката и економската целина на македонскиот народ.

„олемата четворка“ ги донесуваше сите големи одлуки на конференцијата (од лево кон десно) Дејвид Лојд Џорџ на Велика Британија, Виторио Емануеле на Италија, Жорж Клемансо на Франција, Вудроу Вилсон на САД

Избувнувањето на Првата светска војна во Европа (1914-1918 год.) повторно го актуализирало прашањето на Македонија. Во февруари 1919 година, во текот на Париската мировна конференција (18 јануари 1919-21 јануари 1920 година), покрај другите идеи за решавање на ова прашање, се појави проектот на истакнатиот англиски новинар Џејмс Баучер. Тој, поттикнат од членот на американската експертска група д-р Алберт Либиер, во британскиот печат ја афирмираше идејата за автономна Македонија со главен град Солун, барајќи да се прифати ставот „Македонија на Македонците“. Проектот на Либиер-Баучер предвидувал границите на идната македонска држава да се протегаат од Шар Планина на север до Егејско Море на југ и од бугарската граница на исток до албанската граница на запад.

Д-р Алберт Либиер и Џејмс Баучер дејствувале заеднички и паралелно. Д-р Алберт Лимиер во мај 1919 година поднел до Париската мировна конференција Меморандум, со кој се предвидувало решение на македонското прашање. Основната идеја била создавање автономна Македонија од деловите „освоени од Бугарија, Србија и Грција“, кои би се обединиле во една политичка целина, со што би се формирала независна држава, која „никогаш не ќе се обедини со ниту една од соседните држави“.

Во Меморандумот д-р Лимиер вели дека „во Македонија повеќе децении се водат крвави војни“ и дека доколку „постоела вистинска желба и волја Балканот да се стабилизира“, тоа не можело да се постигне без решавање на „прашањето на Македонија, која повеќе од 25 години е крваво бојно поле“. Според него, за да може да функционира таквата политичка целина, потребна е нејзина заштита од страна на „една голема незаинтересирана сила“, мислејќи на Соединетите Американски Држави.

Џејмс Баучер, пак, во својата публицистичка дејност, залагајќи се за автономна Македонија, вели: „Населението на Македонија не е ниту бугарско, ниту српско, ниту пак грчко, и затоа Македонците треба да имаат своја држава и самите да си владеат. Но на Париската конференција владее конспиративна тишина по македонското прашање и има недостиг од правда. Во Париз владее страшна тишина и тука не допира крикот ниту плачот на ова несреќно подрачје“.
Проектот на Лимиер и Баучер за автономна Македонија, „што е желба и барање на најголемиот дел од жителите на Македонија“, им бил доставен на американскиот претседател Вудроу Вилсон и на повеќе значајни британски институции. Според овој проект, ако се сака да се обезбеди идниот мир на Балканот, „новите граници на балканските држави, по можност, треба да бидат поставени во согласност со границите на националностите“.

vudro-vilson-2
Вудроу Вилсон, Жорж Клемансо и Дејвид Лојд Џорџ се советуваат на Париската мировна конференција

А доколку не може да се реализира принципот „еден балкански народ не може да се стави под владеење на друг“, тогаш овој принцип може да се реализира преку самоопределување на односното население. Според авторите на проектот, овој начин на решавање на идниот мир на Балканот е „особено пожелен“ кога станува збор за Македонија поради „соперничките барања на соседните држави, кои беа причина за бескрајните страдања на оваа земја близу половина век“.

На тој начин, со Проектот за автономна Македонија, „под автономна управа, заштитено од големите сили, населението ќе биде способно да се грижи за сопствените интереси и да живее и да прогресира без вознемирувања на кои беше подложено досега“. Во Проектот се истакнува дека „откажувањето на Србија и Грција од македонската територија што тие ја окупираа во 1913 година, кога се има предвид големото проширување што го добија овие две држави сега, не ќе биде неразумно“.

И понатаму: „Солун, кој трговски е неделив од внатрешноста, природно, ќе може да стане престолнина на новата држава. Предложеното решение ќе може да ја задоволи широко распространетата желба за автономија што во Македонија и во Солун постои во изминатите години“. Меѓутоа, и покрај сите молби, декларации, меморандуми и протести на претставниците на македонскиот народ и на неговите пријатели од други земји – поделбата на Македонија извршена по Балканските војни со Букурешкиот договор од 1913 година, Париската мировна конференција ја потврди.

(Според изданието на МИ-АН, Сто македонски години 1903-2003, Скопје 2004)

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top