Историја

Проглас на силогосот „Македонија на Македонците“

makedonija-na-makedoncite

(15 април 1891 год.)

makedonija-na-makedoncite

“До македонските народи!

Нашата татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ ги турил првите темели на воената вештина. Со победничките фаланги на Александар Велики ја пренесол аристотеловата просвета во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечкиот род. Но таа некогаш толку славна  татковина денес е во опасност да биде разделена и да ја снема сосема, зашто ние Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите народи ја бараат наша-та земја како своја, бараат да ја потчинат нашата голема народност, која во минатото во својата самостојност, така светела.

Вистински Македонци!

Нејзиното победничко знаме од кое трепереше целиот свет, денеска веЌе не постои како знаме на одделна народност. Денес се пишува во картата името на Македонија како некој спомен, а нејзините победнички гревови лежат во големите гробишта на заборавот, благодарејЌи на разорните сплетки на оние што веќе неколку години крстосуваат низ нашата земја, засипувајќи го нашиот народ со раздор и отворени страсти. Овие органи се гробари на некогашната славна Македонија.. тие работат на нејзиното раздробување и со месните расправии готват терен за напливот на туѓа војска во нашата татковина. Настапија критични дни за опстанокот на Македонија. Се решава за нејзиниот живот или смрт. Јунаци македонски! Зар ќе останете додека сте уште живи да се закопа вашата убава татковина? Погледнете ја разранета од отровните стрели на околните народи што сакаат меѓу себе да ја расчеречат. Во таквата очајна положба нашата драга  Македонија гледа на нас со очи полни со солзи и ни вика:

Ако сте навистина мои деца, ако во ваШите жили уште тече македонска крв, тогаш е подобро да загинете со мене отколку да останете живи сведови на исчезнувањето на македонската народност. Не верувајте им веЌе на интригите  на соседните народи кои што работат замо за мојата пропаст. Вие сте челад од мојата утроба, па макар зборувале турски, грчки, бугарски, српски, романски, влашки или еврејски. Вие сте сите мои родени деца верувале вие во Мухамеда, Мојсеја или Исуса. Иако вие ги признавате за старешини едни папата, други шеих исламот, трети егзархот, четврти патријархот, петти рабинот, пак сте вие сите деца на една иста мајка Македонија што плаче ден и ноЌ колнејЌи ве да се смирите, да се сложите и да се побратимите. Зар не ќе се засрамите ако ве расчеречат и разделат соседите кои зборуваат со односниот јазик но кои се мои непријатели? Зар вие уште Ќе им помогнете за да ме закопаат в гроб, а со мене и славното име македонско? Ако тоа го нејќете, ако напротив сакате да ги залечите моите рани, а вие како вистински Македонци решете: на знамето  што денес го вијат да се напише: Македонија на Македонците, па тогаш истерајте ги од својата прадедовска земја сите интриганти што денес распируваат меѓу вас расцеп на народносните страсти што вас, моите деца и еднокрвни браЌа, ве канат на разни туѓи народ-ности. Признавајќи го ова мое знаме како единствено ваше, викнете: да живее неразделниот македонски народ…!

Во Цариград, 15.ИВ.1891 год.

Централен силогос”

В. Ѓорѓевиќ, Србија и Грчка, Београд 1923, стр. 94-96;

Љ. Лапе, Одбрани текстови…,II дел, стр.298-299;

Документи …,т.I,  стр.269-270;

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top