Историја

Битола бабам Битола

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Со стопанскиот развој кон крајот на XIX и почетокот на XX век бројот на населението во Битола постојано се зголемувал. Тој бил вистински космополитски град, во кој живееле Македонци, Турци, Власи, Евреи и др. Употребата на различни јазици и животот кој се водел во градот, за намерните и случајните минувачи, туристи и патеписци, преставувал откритие и бил спектакуларно атрактивен. Некои од патеписците поради го споредувале градот со тогаш многунациналниот град Шангај во Кина, некои поради културниот степен со „Мал Париз“, а некои поради ориенталниот амбиент и со „Мал Цариград“.

Во текот на втората половина на 19 век и првата декада од 20 век, кога развива стопанската дејност, околу 60 видови на занаети со над илјада занаетчии, Битола како стопански хинтерланд на солунското пристаниште, регистрира висок степен на стоко-паричен промет, За ова допринесува новоизградената и единствена пруга Битола – Солун за широкото подрачје на Егејска и Вардарска Македонија. Во текот на овој степен на разиток на градот, тој истовремено станал седиште на тогашната политичка и балканска хипокризија.

Во овој период, во градот се создавала одредена општествена, стопанска и култорно-црковна олигархија, но и се инфилтрира странската пропаганда. Тие отварале цркви и училишта, кои имале просветен, верски и одреден национален пропаганден карактер. За таа цел од македонското население придобивале ученици со плаќање пари, облека и храна. Со инфилтрирање на пропагандата, овие институции станале центар од каде се ширеле шофинистички национални конфронтации меѓу градското население кое трпи сериозна морална криза пропратена со лични и фамилијарни трагедии.

Свој допринос за целокупниот општествоно-политички амбиент имапе и акредитираните конзулати во Битола при Отоманската империја, Од крајот на XIX до почетокот на XX век во градот биле отворени седум конзулати: Грција, Австроунгарија, Британија, Румунија, Русија, Србија и Бугарија. Со однапред одредени политички и пропагандни цели на одредени влади, тие своите активности ги насочувале во правец на денацинализирање на македонското население. Така на пример српскиот и бугарскиот конзулат се јавувале како заштитници на македонското население од аспект на своите пропагадно национални интереси, додека руските конзули истапувале пред органите на отоманската империја како заштитници на славјанското и христијанското (македонско) население.

Со своите пропагандни активности меѓу македонското население, не изостанувале ни грчкиот ни романскиот конзулат. Останатите конзулати политички жонглирале помеѓу горе наведените конзулати, отоманската империја и градското население. Освен службена активност, пропагандно делување, овие конзулати влијаеле врз турските органина власата, но и биле и носители на одредени европски културни манифестации кои имале одредено општествено влијание.

Се забележува дека политичката и општествена активност на рускиот конзулат во оваа општа национална конфронтација во општата активност на постоните конзулати во градот посебно се ценела меѓу населението, отскокнувала, позитивно се одвојувала, била во центарот на вниманието и била заокружена со посебен авторитет.

Многубројните конзулати во градот, развиената мрежа на разни национални училишта и цркви со меѓусебна антагонистичка конфронтација за национална превласт, покрај тоа што му нанесувале многу неволји на македонското население од градот и селото, во извесна мера, истовремено му допринесувала на одредена категорија на граѓани за уселен стопански и културен развиток.

Самиот факт дека во Битола во тоа време биле акредитирани така голем број конзулати со придружувачки персонал и нивните фамилии, како и постоењето, со одредена национална цел, на мрежа школи и цркви, сам по себе зборува за општественото, политичкото, стопанското и културното значење на градот.

Секако конзуларните преставништва преку своите вонредно пригодни и редовни приеми на граѓаните и обмислениот широк допир со нив, имале директно влијание во формирањето на тогашната одредена европска културна физиономија на градот и граѓаните.

Напоредно со конзулатите во тоа време била развиена и нивната мрежа на училишта и цркви со одреден национален белег и намена, се разбира покрај многубројните џамии, една еврејска авра и многу други институции за потребите на турското население.

Постоело уверување дека грчките училишта биле поставени на повисок организациски степен и дека биле најуредни, па затоа и другите народности ги праќале таму своите деца. За грчкото училиште карактеристично било и тоа дека истото било подигнато, а потоа редовно потпомогнувано во текот на наставата од пропаганди цели од некои си браќа Пиники од Египет. Додека пак романската фамилија Мушико од Букурешт од исти пропагандни цели дале 20 илјади златници за машкото и 8 илјади златници за женското грчко училиште. Во градот тогаш постоела српска, бугарска, романска и турска гимназија. Евреите имале само основно училиште. Американската мисија одржувала свое верско протестанско училиште, а исто така имале и француските лазаристи.

Сплетот на сите овие училишта, цркви, конзуларни преставништва и финансиски патрони биле однапред смислено предодредени во спроведувањето на разорно софистичката денационализаторска политика меѓу македонското население, со наполно негирање на македонската нацонална самобит.

Сепак, пропагандата никогаш не успеала целосно да го избрише македонскиот корен, но затоа збирот на сите овие компоненти од општествен и култерен карактер имало влијание градот во текот на историскиот проток на времето да се здобие со репутација на град со културни традиции што несомнено во голема мера допринесувале комуникациите со западниот свет преку солунската пруга, солунското пристаниште и самиот Солун.

Градската чорбаџиска олигархија својата културна физиономија ја изразувала покрај другото и со културната манифестација кога во летните месеци од отворените прозорци на нивните станови во центарот на градот се разнесувале тихите медитации на нивните убаво негувани ќерки преку допирањето на елегичните акорди од клавири и виолини на класичната музика од Штраус, Верди, Глук, до Вагнер и Чајковски.

Поради космополитскиот карактер на градот преку денот или навечер низ улиците и кафеаните се слушала употреба на повеќе странски јазици. Неретко поради присустноста на многу националности и употребата на многуте јазици некои од патеписците му давале епитет и го споредувале со тогаш многунациналниот град Шангај во Кина, поради културниот степен со „Мал Париз“, а поради урабанистичките контури и ориенталниот амбиент и со „Мал Цариград“.

Градот во тој период па се до денес останал познат како град во кого неговите жители, а посебно женскиот свет , преставувал модна ревија низ градските улици од насовремените модни креатори на европските централни градови. Поради развиениот космополитски дневен и ноќе живот во градот, не случајно во народниот мелос на пошироката негова околина се наидува на одредени содржини со носталгичен рефрен: „Битола бабан Битола, таму се живот живее“.

извор: Д. Грданов „Битола и Хераклеа низ вековите“, Битола, 1969, стр. 26-32)

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top