Историја

Сара Бернар во Битола

SarahBernhardt

SarahBernhardt

Славната француска артистка Сара Бернар (1844-1923), дивата на францускиот театар на крајот од 19 и почетокот на 20 век, иако во поодминати години и со ампутирана нога, престојувала во Битола за време на Првата светска војна за да ги посети француските војници кои војувале на Солунскиот фронт. Таа ја посетила болницата и пред болните пеела и извела некоја точка, а се смета дека била и во театарот во Битола каде требало да изведе точка пред граѓаните на Битола, кој во тоа време уште бил познат како Мал Париз на Балканот.

Битола во повоените години  почнува да ги остранува урнатините и да се опоравува од штетите кои му биле нанесени за време на Балканските војни и Првата светска војна. Во прво време се чуствува извесно економско раздвижување со враќањето на населението во градот. Во овој период бројот на населението се движи над 30 илјади жители. Со исклучок на мал број на жители, најголемиот дел од населението својата егзистенција ја остварува со земјоделско производство и занаетчиство кое се гуши под постојаниот притисок на европската индустрија.

Со индивидуална иницијатива во градот се појавуваат наколку скромни индустриски организации како што се: производство на електрична енергија на дрвен погон, производство на сапун и една текстилна фабрика. Додека еден дел од населението својата егзистенција ја крпи од ниските цени на занаетчиството, земјоделските производи и тутуно-производството изложено на кепенците, голем број работници имале само гола егзистенција во тогашниот познат по лош глас „Монопол“.

Во периодот меѓу двете светски војни, од 1918 до 1941 година, под притисок на домашната и надворешната чевларска индустрија, најголемиот чевларски еснаф со над 200 чевлари и папуџии, постепено исчезнува, за да пред почетокот на Втората светска војна се сведе на само неколку десетина чевлари. За да ја заштитат својата професија и егзистенција од индустриските производи кои прават силен продор во градот, тие спровеле неколку безуспешни акции.

Во триесет илјадниот град, кој нема свои значајни индустриски капацитети, во тоа време егзистираат 1700 занатечии од кои: шивачи 191, лебари 95, ковачи 74, столари 72, месари 72, млекари 69 и т.н. Напоредно со занаетите, раситнетата трговија завзема посебно место со своите 650 продавници меѓукои: 130 – со текстилна роба, 122 – со колонијална стока, 124 – со овоштие и зеленчук, 22 – со градежен материјал, 74 – брашнарници, 15 – за кожа и кожна галантерија, 11 – за ужарија, 6 – за парфимерија, бои и лакови, 4 – за стакларија, 10 – за грнчарија, 17 – за дрвен материјал, 10 – книжарници, 14 – комисиони, 10 – за риби, 16 – за бомбони и чоколади, 5 – за вино, над 10 менувачници (дарафи) о 22 други продавници. 

Во овој период во градот е карактеристично и лихварството од индивидуални лица, домашните и странски банкарски организации. Под товарот на високите камати и слабата куповна сила на населението, банкротствата или стечаевите меѓу знаетчиите и трговците била честа појава со трагични последици по одредени занимања и фамилии.

Одреден број банкарски организации во градот своите операции ги одвивале многу внимателно со сигурни покритија преку низа жиранти и индосмани. Поради тоа што лихвената стапка била утврдена од државата, тие по пат на оперативни трошоци и провизии по есконтот, утврдената стапка на камати за неколку пати ја надминуваа.

Познати биле случаеви, кога одредена страна или локална акционерска банка отворала во градот филијала со најава дека има основен капитал примерно од 5 милиони тогашни динари. Ваквите банки со текот за кратко време со високи стапки на камати по штедните влогови претежно од економската емиграција, успевале да обезбедат два три пати повеќе средства од својот основен капитал. На овој начин собраните штедни влогови беа усмерувани на други посигурни и порентабилни кредитни тржишта.

Инаку, културниот живот во градот во овој период бол од второстепено значење  Претежно културните манифестации се одвиваа преку патрони празници на основните училишта и четирите средни школи: Гимназијата, Економското школо, Земјоделското школо и Богословијата. Во овие школи се формираа организациони никулци и авангардни ликови кои заедно со работниците го формираа идниот прогресивен живот во градот.

Забавно-културниот живот се одвивал преку повремени концерти, излети во околината на градот и на Пелистер, потоа свадби со поширок церемонијал, слави и повремено гостување на Скопскиот државен театар. Во овој период театарот своите настапи ги организирал во постоечката зграда на Градскиот тетатар. Овој театар е изграден од 1894 до 1900 година. Првобитно театарот служел како сцена или арена, а ложите како гледалиште во кого во 1916 година требало да настапи и прочуената Сара Бернар, но поради бомбардирањето на градот својот настап го одложила за друга естрадна сцена во градот.

Според други податоци славната француска артистка Сара Бернар (1844-1923), престојувала во Битола за време на Првата светска војна за да ги посети француските војници кои војувале на Солунскиот фронт. Таа ја посетила болницата и пред болните пеела и извела некоја точка, а се смета дека била и во театарот во Битола каде требало да изведе точка пред граѓаните на Битола, кој во тоа време уште бил познат како Мал Париз на Балканот.

Во редот на забавниот и културен живот биле застапени градските кафеани со летните бавчи и шеталиштата. Сите овие места истовремено биле и модни ревијални центри каде доаѓал до израз познатиот вкус за елегантна и современа облека под директно креаторско влијание на Париз и Белград.

извор: Д. Грданов „Битола и Хераклеа низ вековите“, Битола, 1969, стр. 37-39)

Македонска нација

Најново од: Историја

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

To top