Историја

„Се Арчиме за Македонија“

se-arcime-za-makedonija

se-arcime-za-makedonija

Да се создаде едно самостојно политичко постоење како единствен македонски народ, слободно да се развива во културно-просветна смисла, да соработува во политички и економски однос со сите други народи во балканските држави, беше заветуван сон, фантазија за секој Македонец. И сега, смело можеме да изјавиме, сметајќи дека го изразуваме мислењето скоро на сите Македонци, дека нема поголемо морално задоволство за Македонците од тоа, македонскиот народ да биде во неразделни културни, политички и еконеомски врски со народите на балканските држави, но истовремено е јасно и за последниот Македонец, за да може македонското население правилно да се развива културно, политички и социјално, потребно е Македонија да се одвои во оделна политичка единица, во оделна држава… Идеалот на Македонецот е создавање на една Татковина, оделна македонска држава, со македонска нација, со своја историја и со свој самостоен политички и културен живот…

Прогонство

Павел Шатев Уапсен е и на судскиот процес на 6 јуни 1903 година е осуден на смртна казна. Исчекувајќи го три години извршувањето на смртната казна во солунскиот затвор Еди Куле, на 23 април 1906 година, неочекувано, смртната казна му е заменета со доживотен затвор во Фезан, во Сахара.

Амнестија и дообразување

Во 1908 година, по Младотурската револуција, добива амнестија и повторно доаѓа во Солун. По кусиот престој во Македонија, заминува во Бриж, Белгија каде завршува Магистерски и Докторски Студии по Право , воедно ќе биде и првиот Адвокат а подоцна и Министер за Правда во независна Македонија во состав на тогашна Југославија.

Меѓу македонската емиграција во Бугарија

Во текот на Првата светска војна е мобилизиран во бугарската војска, а по војната активно се вклучува во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија.

Во декември 1921 година, на Основачкиот конгрес на Македонската емигрантска федеративна организација е избран за нејзин претседател.

Воспоставува соработка со претставниците на Коминтерната и СССР во Софија и од 1923 година станува професионален разузнавач за СССР.

Игра важна улога во потпишувањето на Мајскиот манифест, а од 1925 година активно учествува во дејствувањето на ВМРО (Обединета). Во 1931 година се враќа во Бугарија.

Во ноември 1941 година е уапсен од бугарската полиција, а во јуни 1942 година на големиот судски процес против комунистите е осуден на 15 години затвор.

Учесник во создавањето на современата македонска држава

По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година се враќа во Македонија и се вклучува во политичкиот живот на македонската република. На 27 октомври 1944 година е кооптиран за делегат на АСНОМ, на Второто заседание на АСНОМ, одржано на 30 декември 1944 година, е избран за член на Президиумот на АСНОМ, а во април 1945 година станува прв министер за правосудство во првата Влада на слободна Македонија.[3] На таа функција останува една и пол година, до изборот на нова влада, на 31 декември 1946 година.

Судир со новите македонски комунистички власти

Шатев влегува во судир со комунистичкото раководство на Македонија. По донесувањето на Резолуцијата на Инфорбирото, Шатев застанува на страната на советската партија. На 1 октомври 1948 година, заедно со Панко Брашнаров, до ЦК на Советската комунистичка партија упатува доверливо писмо во кое се тврди дека „прашањето за обединување на македонскиот народ уште од самиот почеток се поткопа поради неговото неправилно поставување од страна на ЦК КПЈ во смисла обединета Македонија да се присоедини кон ФНРЈ, без да се води сметка за посебните, специфични услови, ниту за братските соседни земји…“[4]

На 16 јуни 1949 година Шатев е уапсен „како непријател на државата“ и набрзо, на 27 јуни, му е одземен пратеничкиот имунитет. Во истражниот затвор во Скопје е задржан 11 месеци, до мај 1950 година по што е испратен во Битола, во домашен притвор. Лишен е од контакти со надворешни лица и држан е во тешки услови. Набрзо се разболува и, бидејќи не му било дозволено да се лекува, починува во јануари 1951 година.

Властите не дозволуваат да биде погребан во родното Кратово. Закопан е на битолските гробишта, без дозвола на погребот да присуствуваат неговите најблиски.

Петар Карчев, пријател на Шатев и деец на ВМРО (обединета), пишува за него:

Павел Шатев, бидејќи високо чесен човек стана жртва на својата наивност, како во првите моменти од формирањето на сегашната “федеративна” Република Македонија поверува дека во идејата за “македонска нација” не се содржи никаква коварство. Но развојот на работите отвори очите на Павел Шатев – тој со времето сфати дека Македонија повторно е жртва на банда политички аферисти и дека нејзиното “ослободување” е фикција. Колишевски и Влахов беа го продале злочестното македонско население, во своето мнозинството чисто бугарско, на српскиот шовинизам. Павел Шатев нададе загрижувачки вик, но беше фрлен во битолскиот затвор. Тортуриран морално и физички, овој искрен син на Македонија и доблестен борач падна тешко болен и неколку дена откако го пуштија од затвор почина.

“…Однесува за иднината на Македонија. Според едните (сепаратистите) спасението на целокупнa Македонија при достапноста на толку кандидати (Бугари, Срби, Грци и Албанци) беше во автономниот принцип. За нив единственото правилно решение на македонското прашање беше а в т о н о м н а М а к е д о н и ј а  во  г р а н и ц и т е  н а   т у р с к а т а  и м п е р и ја. Според другите Бугарија била доволно силна за да освои целата Македонија, па нема зошто да се зборува за некаква автономија. На истото мислење треба да е била и Егзархијата, бидејќи таа очигледно зеде страната на вторите. Но против автономна Македонија беа не само егзархистите, но уште и Грците и Србите. Последните велеа дека една автономна Македонија ќе отиде таму каде отиде и автономната Источна Румелиjа. Така барем се искажа пред мене еден српски училишен инспектор, како и неколку истакнати Солунски Грци. Принципот за автономна Македонија наогаат во основата на ВМРО, која немалку учество зеде во Солунските борби.

Сега по толку претрпени настани за сите е јасно дека ако во 1912 година наместо дележ на Македонија беше се освоил од сојузниците автономниот принцип, тогаш немаше да бидеме денес сведоци на нејзината разпокинатост, на нејзиното обезликување и бескрајни страдања на македонските бугари.”

“… стремежот помеѓу учениците беше вонредно голем. Се разбира, првото и главно занимање на сите беа лекциите пред се, но истовремено љубознателноста не се беше проширила и врз другите пошироки знаења. Во гимназијата имаше специјална за наставниците и учениците библиотека. Таа не беше многу голема, но не недостасуваа сочинениjата на сите бележити руски и бугарски писатели и поети: Л. Каравелов, Ив. Вазов, Хр. Ботjов, Ст. Михајловски и др и др. Во библиотеката се добиваа и првите списанија, издавани во Бугарија, како “Учителски преглед”, “Бугарски преглед”, “Мисла”, “Бугарска збирка” и др. За нив следевме политичкиот и културниот живот на Бугарија.”

“И покрај сите контроли и рестрикции, и покрај “литературно-музикалниот” карактер на вечеринките, скоро секогаш, било во програмата или надвор од неа, со импровизирани говори или хуморески се збореше за политичките прашања или историски настани низ животот на бугарскиот народ. Така на пр. се изнесуваа теми: “доаѓането на Турците во Балканскиот полуостров”, “Падот на Цариград”, “Падот на Трново”, “Битката кај Косово поле, Чирмен и др.”; “Очерци и епизоди од борбите за формирањето на Егзархијата, низ животот и авантурите на С. Раковски, В. Левски, Бенковски, преземањето на паробродот “Радецки” и минувањето на Дунав од четата на Хр. Ботjов, кои во тоа време беа најпопуларните и интересни и беа сослушувани со жив интерес. Воопшто секоја вечеринка, додека дојдеше редот на следната, беше предмет на разговори и коментари.

Училишните часови продолжуваат, но тие беа црната, прозаичната работа, а коментарите, изучувањето на настани, факти, песни, историски настани од бугарската политичка и понова историја беа најважните теми кои правеа животот по интензивен.”

Павел Шатев, “Во Македониjа под ропство”

Адвокат Иван Здравески

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top