Историја

Историјата секогаш излегува на виделина!

mak2

mak2

Порталот „Пустец“ на 11 овој месец ќе објави фотографија на која се гледа натпис со македонски јазик на напуштена куќа во Егејскиот дел на Македонија. Под наслов „Историјата и вистината излегуваат на виделина – Македонски историски натпис се појави на напуштена куќа во северна Грција!“, авторот  на текстот во даденото објаснување вели:

„Во селото Ватокори на 9 километри одалечено од грчко-албанската граница или на 2 километри кај раскрсницата Костур – Лерин, на ѕид од куќа на македонски јазик било напишано „КОНГРЕС НА Н.О.Ф“, но со цел да се прикрие ваквиот факт, грците го измалтариле и стаиле грчки натпис на грчки јазик. Со тек на времето, малтерот испопаѓа и сега на оваа напуштена куќа осамна она што одамна боло напишано на македонски јазик, а ова е уште еден доказ дека во Грција живееле и се уште живееат Македонци.“

Масовно денационализација и асимилација, како и бришење на сите знаци на постоењето на македонскиот народ во Егејска Македонија, грчката држава започнала веднаш по војната во 1913 година. Грците, крајно сурови, ги приморуваа Македонците да ги сменат своите имиња и презимиња, а секое македонско презиме требаше да завршува на ’ис’, ’ос’ или ’пулос’. Истовремено, грчката држава почна вистински поход против славјанската писменост. Славјанските букви и зборови беа отстранувани дури и од надгробните споменици и од црквите.

Сите цркви во Егејска Македонија беа прегледани и прекрстени со грчки имиња. Славјанското писмо и сите црковнославјански натписи беа отстранети, а црковни или световните книги на славјански македонски јазик беа уништени.

Паралелно со отстранувањето на секаква македонска писменост, остро се прогонуваше и живиот македонски збор. Разни грчки националистички банди крстосуваа низ македонските села и го малтретираа македонското население да зборува само грчки доколку сака да го види утрешниот ден. Грчката националистичка организација Грчко-македонска тупаница ги предупредуваше Македонците дека строго им се забранува да зборуваат на својот мајчин јазик и должни се да зборуваат само грчки секаде и во секое време. Мкедонскиот јазик, кој беше сметан за варварски, недостоен за еден културен граѓанин. беше забранет, омаловажуван и прогонуван.

Грците ја забранувале употребата на македонскиот јазик дури и во меѓусебната комуникација меѓу родителите и децата, меѓу селаните, на свадби. седенки или погреби, а беа рушени и илинденски споменици.

Најстрашниот напад врз македонскиот јазик беше спроведен за времето на диктаторот Јоанис Метаксас во 1936 година, кога тој ја забрани употребата на македонскиот јазик во секојдневниот живот, како и да е комуникација во семејството дома. Прекршувањето на оваа забрана повлекуваше тешки и сурови физички казни, но и плаќање таканаречен јазичен данок. Во тој период за прекршување на забраната за користење на македонскиот јазик, над 4.500 Македонци беа осудени и испратени на грчките острови. Поради притисокот на Друштвото на народите, грчката влада беше принудена меѓу двете светски војни да преземи одредени мерки за да ја убеди Европа дека Грција, ги почитува одредбите за заштита на правата на малцинствата што произлегуваат од Парискиот мировен договор.Така, во 1925 година во Грција беше отпечатен букварот наречен „Абецедар“. Букварот беше печатен со латински букви на македонски народен јазик, односно на леринско-битолски дијалект. Но, веднаш по публикувањето, букварот беше уништен и никогаш не стигна во рацете на тие за кои што беше наменет. Поради репресивен живот во својата родна земја под грчка окупација, Македонците ги сметаа Грците за многу полош окупатор од Турците: Отука постарите Македонци говореа дека „Турците немаа вера, но имаа исав. Грците немаат ни вера нуту исав“.

Сепак, сите обиди на Грците да го скршат духот на македонскиот народ пред Втората светска војна не успеа. Македонците заедно со прогресивните сили на Грција масовно зедоа учество во антифашистичката борба за време на Втората светска војна. Меѓутоа, согледувајќи дека ГКП нема да се држи до договореното, Македонците од Воден, Костур и Лерин го формираат Народноослободителниот фронт (НОФ). На 23 април  1945 година, пред самиот крај на Втората светска војна, од страна на Михаило Керамитчиев, Паскал Митревски, Георги Урдев, Павле Раковски, Минчо Фотев и Атанас Коровешов беше формиран НОФ, кој според првиот устав се стреми за борба против грчките монархофашистички агресори, борба за опстанок на Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Од овој период е и самиот натпис „КОНГРЕС на НОФ, кој по Граѓанската фојна (1946 – 1949) и протерувањето на Македонците е префарбан.

Сепак со тек на времето малтерот паднал и на виделина излезе вистината. Написот на македонски јазик  на напуштена куќа кој по толку време повторно се појави е доказ дека во Грција живееле и се уште живееат Македонци.

извор: http://pustec.com/?p=1797

Македонска нација

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top