Историја

Првата балканска војна го спречи формирањето на Првата македонска банка во Србија

prvata-makedonska-banka-vo-srbija

Тихомир Каранфилов

prvata-makedonska-banka-vo-srbija

prvata-makedonska-banka-vo-srbija-2Во 1911 година, македонската емиграција ви Србија го покрена прашањето за формирање на „Македонска банка“ во Белград. Тие имале намера банката со време да формира свои филијали во Унгарија и Романија, па евентуално и во Америка, а веднаш по формирањето би стекнала свои врски со Старосрбијанците и Македонците кои како печалбари одат во тие земји.

Тешките економски услови, буните и востанијата кои владеат кон крајот на XIX и почетокот на XX век во Отоманската империја, се причина македонскиот народ да го бара спасот за голиот живот и  својата егзистенција во Србија, Унгарија, Романија, Бугарија и други земји. Со тек на времето бројните македонски печалбари во овие земји се стекнуваат со солидна заработувачка, а по видните размислуваат и за отворање на сопствена Македонска банка. Белградска „Политика“ од 11 мај 1911 година, во текстот под наслов „Македонска банка“, објавен на првата страница, за намерата на Македонците во Белград пишува:

„Меѓу Старосрбијанците и Македонците кои живеат во Белград, одново е покренато прашањето, да создадат  еден голем паричен завод, во кој би ја соединиле  целата своја парична сила и преку кој би развиле што поголеми врски со својот роден крај.

Во Белград има стотина илјади Старосрбијанци и Македонци од кои околу 8/10 работат. Огромна сума на пари поминува низ рацете на тие луѓе. Многу од нив стекнаа големи имоти и голем дел од нив има многу големи заштеди. Меѓутоа од сите тие пари добра половина лежи умртвена и готово целокупната количина ангажирана е за лична, поединечна корист и цели.

Со формирање на банка најголем дел од тие пари би се ставал на едно место и од таму би можел да донесе многу повеќе корист и на оние поединци кои во целина за тоа не сакаа ни да слушнат.

Со време таа банка би формирала свои филијали во Унгарија и Романија, па евентуално дури и во Америка, а уште веднаш по формирањето би стекнала свои врски со Старосрбијанците и Македонците кои како печалбари одат во тие земји.

Меѓутоа една од првите работи на банката би била откуп на земјата во Стара Србија од беговите. Така откупената земја би била поделена на парцели и би била давана на српските селани на отплата.

Основачите на оваа Македонска банка намераваа во првиот момент централата на ово завод да ја сместат во некој од поголемите градови во Турција. Бидејќи тоа засега е невозможно, покрај друготи дека таму нема луѓе кои успешно би ги развивале банкарските работи, па морале да се решат седиштето на банката биде во Белград и да се стекнат стални врски со сите поголеми места во Стара Србија и Македонија.

Ако нема да има било какви препреки банката би започнала со работа веќе идната есен.“

Меѓутоа, наредната есен започна Првата балканска војна (09.09.1912), која го спречила отварањето на првата Македонска банка на македонската емиграција.

Сепак, По првата светска војна македонската емиграција отвараат свои банки. На 25 јуни 1925 година од Националниот комитет на македонските братства во Бугарија основана е Македонска коперативна банка во Софија. Основана е од 77 членови и еден колективен член – Прилепската коперативна банка.

Македонската коперативна банка е предводена од Дојранскиот економист Никола Стојанов. Активноста ја започнале со 177.000 лева акционерски капитал. Банката давала само кредити на свои членови кои биле главно занаетчии и ситни трговци. Иако до 1931 година капиталот на банката надминувал 18 милиони, дејноста и била ограничена само на Софија и околните општини. На 21 март 1948 година, тогашното раководство на Бугарија одлучило да ја ликвидира Македонската коперативна банка, која се обединува со Банишорската .банка во Народна коперативна банка.   

На 24 март 1929 година била отворена уште една „Македонска народна банка“, акционерско друштво со седиште во Софија и филијали во Петрич, Неврокоп (Гоце Делчев), Св. Врач (Сандански) и Горна Џумаја (Благоевград). Основниот капитал им бил 20.000.000 лева, а подоцна бил зголемен на 40 милиони лева. Прв претседатели на Управниот совет биле Иван Каранџулов и д-р Џидров. Банката ги кредитирала посилните трговци, индустриалци и знаетчии.  Македонска народна банка е национализирана со законот за банките на 26 декември 1947 година.

prvata-makedonska-banka-vo-srbija-3

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top