Историја

Персеј, последниот крал на Македонија

Perseoredimacedonia

Perseoredimacedonia

Монументалниот гроб на последниот крал на Македонија се наоѓа по должината на регионалниот пат 578, приближно на 60 км. помеѓу Малјано де Марси (Magliano dei Marsi) и параклисот.

Персеј, синот на Филип V (213 п.н.е. – 166 п.н.е.) е последниот крал на Античка Македонија од 179 п.н.е. до 168 п.н.е. Тој за време на своето владеење се обидел да го обнови престижот на македонската монархија против Рим. Свесен за неизбежноста на судир со Рим, тој се обидел да најде сојузници и да формира сојуз со Ахајците, Родос и Селевкидите, иако за време на почетната фаза на неговото владеење тој го обновил договорот со Рим потпишан од страна на неговиот татко Филип V. Персеј го потчинил регионот Долопија, ги одбил нападите на племињата на Тракијците и се обидел да ги зајакне внатрешните позиции со склучување на политички бракови. Поради тоа тој во 178 година ја зема за жена Лаодика ќерката Селеук IV Филопатор од Сирија. Потоа ја дава својата полусестра Апама за жена на Присиј II од Битинија, а подоцна својата ќерка ја дава на тракискиот крал Терес.

Освен тоа, Персеј кој бил со отворен ум, за да се здобие со популарност, се одлучил за амнестија за злосторства против македонското круна, ги отповикал прогонствата, ги ослободил затворениците и ги опростил долговите. Со цел на објавување на поголемиот дел од овој настан, Персеј сакал имињата на корисниците на оваа иницијатива да бидат сместени во предниот дел на светилиштата на Аполон во Делфи и Делос. Неговите политички напори наскоро биле наградени кога, во летото 178 година п.н.е. реконструираната Амфиктионската Лига во Делфи покажа наклоност за македонски крал.

Всушност, Персеј бил вешт војник како и неговиот татко Филип V, но се разликувал од него по својата учтивост, манири и дипломатијата кон грчките држави. За кратко време станал омилен кај многу непријатели на Рим, па дури и кај Ахајците најголемите противници на Македонија. Персеј примал пратеници од грчките градови од Азија на тајни договори на Самотраки. Персеј ја придобива Грција и Ахајците склучиле договор со него.

Сомнежите на Рим против обидот на Персеј да се реконструира античкиот престиж на  Македонија, станале посилни од 175 п.н.е., кога, како што ни кажува Ливиј (XLI, 19) делегација од Кралството Дарданија го обвини Персеј дека ги потикнал неодамнешните напади од страна на Сарматите населени кај Бастарните. Инаку, Персеј уште во 182 година зел за жена една принцеза од кнежевската куќа на Бастарните. Оттука Римска делегација, предводена од конзулот Луциј Постумије Албин, била испратена да ги испита обвинувањата, иако Персеј во меѓувреме го испрати емисари да се изјасни за невин пред Римскиот Сенат.

Овие движења го мачат и кралот на Пергамон Евмен II кој побарал интервенција од страна на Римјаните. Според извештајот на Тит Ливиј, Сенатот бил предупреден за маневрите на Персеј и на тајна седница одлучил да започне војна.  Во есента 172 п.н.е. во Македонија заминува формална римска делегација, а за тоа време во епирските пристаништа се стационирала римската војска. Персеј на римската делегација им одговорил дека договорот од 197 – 196 г. пр.н.е. го смета за раскинат, но дека е подготвен да го обнови, а на пратениците им дал рок од три дена да ја напуштат Македонија. Така отпочнала Третата македонска војна (171 п.н.е. – 168 п.н.е.). Првите години Персеј се борел на три фронта: 1. Против Римјаните кои преку Тесалија се обидуваат да навлезат во Македонија, 2. Против кралот на Пергам и 3. Против Дарданците најголемите непријатели на Македонците.  Војната меѓу македонската и римската војска била решена на 22 јуни 168 г.пр.н.е. во битката кај Пидна (Тесалија), во која  Римската војска победила, а на бојното поле останаа загинати 20˙000 македонски војници.

По оваа битка македонската монархија била укината, Персеј симнат од престолот и регионот поделени во четири автономни републики. Само во 148 година пред Христа, по бунтот, Македонија конечно била намалена на римска провинција. Според сведоштвото на древните историчари (Полибиус, XXXVII 16; Ливиј, XLV 42), римскиот командант, конзулор Емилиј Паул го одвел Персеј во Рим за да го нагласи својот триумфот. Потоа Персеј бил затворен во градот Алба кај Фукенското езеро, каде и починал две години подоцна.

Во јуни 2005 година, гробницата на Персеј била откриена по должината на Виа Валерија близу Малјано де Марси (Magliano de Marsi), од експедицијата формирана од страна на делегација од Министерството за наследство и култура и од експедиција на македонски археолози.

01-monumento-perseo

Монументалниот гроб на Персеј во Алба Фукенс

Авецано (Аквила) – Во јуни 2005, една комисија составена од претставници на Министерството за култура, македонскиот амбасадор и македонските интелектуалци, изврши инспекциски надзор, очекуван со години, на монументална гробница на кралот Персеј, последниот крал на Македонците погребан по должината на Виа Валерија близу територијата на Малјано де Марси (Аквила). Управата на Малјана во соработка со општината на Маса ди Албе  презела чекори за да се исчисти археолошки скапоцениот камен од грмушки кои го криеа погледот и сериозно ја нарушуваа структурата… Тогашната македонска делегација изрази цврста намера за решавање на многу прашања поврзани за сликата на македонскиот крал. Но, по повеќе од една деценија сеуште има потреба од достојно презентирање на последниот крал на Македонија.

(извор http://santanatolia.it/immagini/luoghi/alba-fucense/tomba-monumentale-del-re-perseo/perseo-l-ultimo-re-di-macedonia)

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top