Историја

Македонската принцеза и германска императорка

teofana

Тихомир Каранфилов

teofanaСо доаѓањето на Mакедонската династија на тронот на Источното римско царство (Византија), со кој владее од 867 до 1056 година, византиската империја го достигнала својот врв, како на политички, така и на културен план. Овој период се карактеризира со територијална експанзија и цветање на книжевноста и уметноста во Византиската империја. Градовите, населението и производството во Империјата било зголемено, а имало и значителен раст во образованието и културата. Во овој период сочуваните антички текстови биле трпеливо копирани, се појавувале прекрасни мозаици на ентериерите на многу нови цркви, едноставно уметноста цветала. Оттука овој период уште е познат како македонска ренесанса.

Македонската династија го добива своето име по византискиот император Василие I (владее 867 – 886), кој бил роден во темата Македонија. Периодот на владеењето на Македонската династија, во кој меѓу другите се истакнуваат императорите Василиј I, Константин VII Порфирогенет (905 – 959), Никифор II Фока (963-969), Јован I Цимиски (969-976) и Василиј II (976 – 1025), уште е познат како Златен период на Византија. Во овој период на културен развој, византиската жена има посебно место во Источното римско царство. Таа игра клучна улога во византиското општество како владетел или ко-владетел на царството, потоа во уметност и архитектурата, како писатели, лекари за други жени, а згора на тоа и во судството.

Една од нив е принцезата на македонската династија Теофанија Склераина (960 – 15.VI.991), внука на византискиот император Јован I Цимиски и Василиј I. На барање на императорот Отон I, договорот меѓу Светата Римска Империја и Источната Римска Империја, требал да се потврди со брак. Интересно е што првиот договор бил неуспешен, откако папата во писмото испратено во Цариград, владателот на Византија неумесно го именувал како „Грчки“. Со воздигнување на нов римски император, византискиот двор се сложува со договорот за брак, а Теофанија била ветена за германскиот крал Отон II (955-983), син на Отон I. Овој договор бил голем триумф за императорот на Светата Римска Империја, а Теофанија заминала за Рим со целиот свој сјај, како што доликува на принцеза од македонската династија. Венчавката меѓу Отон II и Теофанија била извршена на 14 април 972 година, од страна на папата Јован XIII во црквата Св. Петар во Рим. Тоа бил воедно и последниот сојуз меѓу двете големи империи.

Доаѓањето на македонската принцеза Теофана на Рајна предизвикала доста возбуди. Облечена во свила и накитена, образованата Теофанија, која инсистирала секојдневно да се капе, предизвикала чудење. Озборувањето се зголемува откако таа инсистирала на дворот да се користат вилушки за јадење (имале два бода), наместо храната да се зема со раце. Иако има други извори кои говорат дека византиската принцеза Марија Аргирополина, која се омажила за синот на Венецијанскиот дужд во 1004 година, прва употребила прибор за јадење, најголем дел од историчарите сметаат дека токму македонската принцеза Теофанија ја има заслугата за воведување на вилушката во Западна Европа.

Интересно е да се напомене дека во 973 година, Цар Самоил со брат му Арон биле на дворот на германскиот цар за да му го честитаат Велигден и да му побараат политичка поддршка. Се смета дека како подарок му однеле една свилена завеса, на која е претставен орелскиот лет на Александар Македонски, која денес се чува во музејот во Вирцбург. На завесата е претставен Александар кому два орли (христијански симбол) на главата му ставаат златна круна со три крста!

По смртта на Отон I во 973 година, Теофанија стана ко-владател (imperatrix) на својот сопруг Отон II. Таа владее со тогашната германска Империја која ја сочинуваа западна и средна Германија, Холандија, Белгија, Луксембург, Австрија, Боемија (Чешка), Западна Франција, Швајцарија и половина од Италија. Откако нејзиниот сопруг починал ненадејно во 983 година, таа станала регент на малиот син Отон III и владее со империјата се` до нејзината смрт во 991 година. Теофанија е погребана во црквата Св. Пантелејмон во Келн, додека нејзиниот сопруг Отон II во црквата Св. Петар во Рим.

Бракот на Теофанија со Отон II имал драматично влијание во Германија и на односите на Источното и Западното римско царство. Тука е и поддршката која ја добива Самоил и неговото подоцнежно крунисување од страна на Рим. Исто така, периодот на владеењето на Теофанија се смета за врв на византиското уметничко влијание во Западна Европа, односно за влијание на македонско-христијанска култура во Германската империја.

Македонската принцеза и германска императорка Теофанија, во која тече македонска крв, била ктиторка на бројни цркви, манастири, катедрали и библиотеки. Една од нив е катедралата во германскиот град Хилдесхајм (Hildesheim), за која се смета дека е изградена во типичен македонски стил. Исто така, во црквата Св. Пантелејмон (Св. Пантелеон) во градот Келн, која под нејзино будно око е изградена од епископот Бруно, брат на нејзиниот сопруг, постојат слични орнаменти како и истоимената црква во Скопје. Таа е основач и на градот Есен чии заштитници се Кузман и Дамјан, македонски лекари и маченици за христијанската религија.

По повеќе од еден милениум откако Западот научи како се користи приборот за јадење и стекна навики за капање, денес тој си поигрува со македонскиот народ, негирајќи го неговиот идентитет и култура.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top