Историја

Македонскиот јазол (прв дел)

Македонскиот јазол

Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз – Изненадувачки турски документ

Македонскиот јазолМакедонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (1878 – 1914)” од Ханс-Лотар Штепан, првиот германски амбасадор во Македонија. Станува збор за необјавени документи, главно од Архивот на Министерството за надворешни работи на Германија, кои говорат за геостратегиската и геополитичката положба на Македонија во преодот од деветнаесеттиот кон дваесеттиот век. Македонскиот Јазол е книга од германскиот амбасадор во Македонија, Др. Ханс Лотар Штефан кој ги користел сите државни архиви на Германија од 19 век до 1913 година.

Сите архивирани документи од германскиот рајх од 19 век потврдуваат дека постои засебен Македонски народ, а никако македоно-бугарски, македоно-српски или македоно-грчки народ.

Еден извештај во декември 1909 год. беше повод царскиот дипломатски пратеник во Србија да му испрати на Министерството за надворешни работи текст со инструкција “кој бугарската влада во 1900 год. го испрати на својот тогашен претставник во Белград во врска со поделбата на сфери на влијание во Македонија, предложена од страна на Србија” и како што пишува понатаму господин Фон Рајхенау, “од која една копија ми беше достапна во тоа време.” -1900 г.

…..Oва е еден од ретките случаи во сите испитани документи, во кои Македонскиот народ не е претставен само како жртва на агресивните соседи, како што и било вообичаено, туку и како предмет на трговија.

Во документот на бугарската влада до нејзиниот претставник во Белград се вели:

“Имаме неспорни докази, а и случувањата во последниве години јасно покажаа дека големото мнозинство на христијанското население во Македонија секоја поделба на сфери на влијание ја сфаќа многу непријателски.

Нивната желба оди до таму, да им се гарантира личната безбедност и правото на сопственост и да им биде дадена слобода мирно и мирољубиво да се развиваат и да ги уживаат сите права на рамноправни отомански државјани според меѓународните договори и законите на Отоманското Царство.

Секаков обид за било каква поделба кај Македонското население би прeдизвикало огромно незадоволство и во оваа братска земја би причинил еден таков раздор и нeединство, што би можело да изврши многу штетно влијание не само врз тамошното население, туку и врз мирот и редот како во Бугарија, така и во Србија.

Кога пред неколку години, за првпат, беше отворено прашањето на “сфери на влијание”, од страна на населението во Македонија кон нас беа упатени најжестоки протести по однос на ова прашање. Населението со сите сили се бореше против една ваква поделба и се изјасни дека никогаш не сака да се стави ниту под старателството на Бугарија, ниту пак, под она на Србија.

Идејата за сепарација и самостоен развиток за кратко време стана толку популарна, што во многу места во Македонија почна да се оспорува постоењето на било какви племенски сродства или други врски меѓу тамошното население и оние од другите балкански држави.”

“….Во тоа време Бугарија донесе фундаментално различна одлука од другате балкански земји, кои се бореа за окончување на своите страдања: борбата за ослободување не ја започнаа против Османлиското царство, туку во рамките на православната црква.

Исходот беше што Султанот, под притисок од Русија – бугарските молби сами не беа доволни – во 1870 год. одобри создавање Егзархија независна од Грчката православна црква: “уникатен случај во историјата”.

Српскиот пратепик во Санкт Петербург, Д.Поповиќ, во неговото доверливо писмо од 8.12.1913 година (Р 20728-2, лист 116) – значи кусо по примирјето во Првата балканска војна – се осврнува на последиците од овој “несекојдневен настан”, пренесувајќи ги забелешките на бугарскиот генерал Димитриев, кој овој ги искажал во еден разговор со него:

“Бугарија … со создавањето политички ситуации (Егзархијата итн.) пушти корења … (во делови од Македонија)”.

“Временскиот период од 40 и повеќе години беше доволен за Бугарија да изврши влијание врз расположението кај народот…”

Навистина дрско, побугарчувањето да се опише како “влијание врз расположение-
то”. Тоа не беше проблем: со претставниците на посрбувањето (кое во една прилика од една француска професорка беше дефинирано како “брутално посрбување”), барем во оваа смисла ова беше билатерална акција.

За грчкиот патријархат, скратениот прилив на пари (поради Егзархијата) од високите даноци на Бугарите веројатно претставуваше уште поопиплива загуба од осетното намалување на бројот на верниците. Напнатоста која заради тоа се јави помеѓу двете цркви достигна кулминација кога две години подоцна, откако конечно се појави писмениот указ на султанот (“ферман”), грчкиот патријарх донесе одлука со тешки последици и ја прогласи Бугарската егзархија за шизматска. Од оваа интерна борба султанот само профитираше; вакви кавги имаше секојпат кога султанот ќе одлучеше да им додели нов седишта на епископии на Бугарите.

Амбасадорот Фон Заурма (von Saurma) во Константинопол години подоцна пренесе
една појаснувачка изјава на султанот.

“Султанот беше на мислење,… дека грчкиот патријархат не сака да се откаже од паричните предности кои ги загуби со основањето на бугарските епископии.”

(продолжува…)

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top