Историја

Групата „А“, на бугарската „Државна сигурност“ задолжена за прогон на македонските прогресивни сили за време на Втората светска војна

Map of Bulgaria during WWII

Map of Bulgaria during WWII

По воената окупацијата на Кралството Југославија во 1941 година, покрај вооружени формации (војска, полиција, жандармерија и др.) Бугарската влада од територијата на Бугарија, во Македонија ангажира посебно подготвен полициски апарат. Во Вардарска Македонија тој беше организиран во две обласни полициски управи – во Скопје и Битола, три градски полициски команди – во Скопје, Битола и Прилеп, и 21 околиска полициска управа. Полицискиот апарат ја покриваше целата територија окупирана од бугарските војски.

Структурата на бугарските полициски власти била иста со онаа во Бугарија. Меѓутоа, бројот на полициските органи и овластувањата кои ги има, покажуваат дека во Македонија не беа добродојдени. Поради тоа раководниот кадар и најголемиот дел од службениците беа доведени од Бугарија, а бугарската полиција има голема власт и игра главна улога во зацврстувањето на окупаторската власт. Всушност, окупаторска власт во Македонија се сретна со јасно изразена македонска национална свест. Поради тоа во бугарското Народно собрание одделни пратеници, соочени со отпорот на македонскиот народ, од првиот ден на окупацијата, бараа бугарската влада да преземе мерки против манифестирањето на македонската национална припадност.

Меѓудругото, за оваа цел се создаде голем пропаганден апарат, кој требаше да изигра посебна улога во денационализацијата. Бугарската влада со декрет изврши промена на националноста – од македонска во бугарска и окупацијата на Македонија ја прикажуваше како природно проширување и преземање на „свои национални територии”.

Меѓутоа, бугарските власти не најдоа поддршка кај македонскиот народ. Оставени сами тие единствено се потпираа на вооружената сила и окупацискиот апарат што го доведоа со себе. Уште од првиот момент тие се среќаваат со мноштво форми на отпор – почнувајќи од неизвршувањето на разни наредби, сокривањето на храната, борбата на работниците за поголеми плати, протестите против бугарскиот јазик; потоа – демонстрации против бугарската окупација (Струмица 22. IV 1941), саботажи, диверзии и т.н.

Отсуството на поддржка од страна на македонскиот народ ќе ја принуди окупаторската власт уште првите денови да преземе разни мерки за борба против секоја појава на отпор. Покрај контролата на граѓаните, повремените блокади, воведувањето полициски час и др. бугарските власти уште од првите денови на окупацијата започнаа со апсење и осудување на временски казни и на смрт.

Во 1941 година, пред националниот празник Илинден, по сите градови окупаторот ги апсеше прогресивните луѓе, како превентива за да не дојде до некаква револуционерна активност на тој ден.

За  овие настани говори полицискиот извештај од околискиот полициски началник во Велес до обласниот полициски началник во Скопје од 8 август 1941 година. Во овој доверлив извештај  (М.В.Р.Н.З. Бр. 1101, 8.VIII 1941, Велс), полициски началникна, П. Ив. Душков ќе напише:

„Ви ги поднесувам, Господине Постар командант, следниве податоци од политичко-полициски карактер, во реонот на поверената ми Велешка околија за време од 1. VIII до 8. VIII о.г.

Одделение „А“

По повод 38 годишнината од Илинденското востание, која годишнина годинава беше објавена и разгласена официјално да се празнува, меѓу комунистите се почуствува едно раздвижување. На 1 спроти 2 август од непознати комунисти беше разнесен по куќите еден повик, издание на Покраинскиот комитет на Р(аботничката) П(артија) со антидржавна и комунистичка содржина во кој го повикува македонското население да излезе на демонстрации и комунистички манифестации. Очекувајќи го сето тоа и имајќи ја предвид добиената телефонограма од Обласната полициска управа – предупредување за проектираните демонстрации од страна на комунистите по повод на годишнината од Илинденското востание, наредив веднаш да се преземат спречувачки мерки за оневозможување на секакви комунистички демонстрации и пројави. Полицијата при управата беше разделена на патролни двојки кои за цело време го обиколуваа градот и главната улица по која навечер има засилено движење. Така сите проекти за пројавување од страна на комунистите беа спречени.

Дента на свечаноста, граѓанството, кое се подаваше на комунистичката пропаганда, се собра во салонот на читалиштето каде што по повод на празникот и по повод на своето заминување зборуваше бившиот управник на гр. Велес. Но комунистите главно во лицето на помошникот на кметот на гр. Велес, Костадин Димов Ванов, дејствуваа во центарот, под носот на самата официјална власт и ја спроведуваа својата политика за „слободна Македонија“, т.е. за онаа што ќе биде откако дојде на власт комунизмот. Тоа се разбира, бившиот водач на комунистите, а по се изгледа дека тој е истиот и сега, го изрази прикриено и по еден умешен начин, со каков манир се служи прикриениот непријател (Всушност К. Д. Ванов го прочитува рефератот подготвен за таа цел). Тој божем ја поздрави официјалната власт, во лицето на г. Управител, но никаде не спомна во својот говор ни збор дури за оној што денес ја раководи судбината на Бугарија, и беше најголем виновник за слободата на Македонија – Неговото Величество Царот; напротив, тој дебело ја подвлече својата …. идеја, „слободна Македонија“. Мнозинството по собранието ја напуштија салата го поздравуваше г(осподинот) управител со “Ура“, но во нивното „ура“ немаше лага, којашто ја имаше во поздравот на комунистот.

Во врска со распространувањето на повикот беше затворено лицето Јордан Димов Бинебарков од гр. Велес, кој живеел во Скопје, кој во минатото служел како врска меѓу Скопје и Велес и илегално пренесувал комунистички пропагандни материјали, за распространување во гр. Велес. Лицето одрече дека го пренесувало споменатиот повик и поради тоа ви го испратив. Еден од повиците го најдоа полицајците.“

Инаку, во состав на бугарската служба „Државна сигурност“, орган на обласната полициска управа, дејствуваа групите под шифрите: „А“, „Б“, „В“ и „Г“, со конкретно задолжение кое се однесувало за осигурување на безбедноста на власта. Најважна била групата „А“, задолжена да ги открива и прогонува членовите на Комунистичката партија и нејзините симпатизери. Сепак, таа нема да ги спречат прогресивните сили на македонскиот народ, без разлика на политичка, етничка, верска и друга припадност масовно да се вклучи во антифашистичката борба.

Во овој период, Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија од страна на тогашниот секретар Методија Шаторов беше преименуван во Покраински комитет на Работничката партија. Партиската организација го мобилизира своето членство и прогресивните сили преку легални и илегални форми да се спротивстават на илинденските празнувања од страна на бугарската окупаторска власт, со кои во духот на бугарската пропаганда се настојуваше да се истакне Илинденското востание на македонскиот народ како дел од бугарската историја.

Исто така, разни диверзантски групи имаа повеќе вооружени акции против окупаторските војски и полицијата, како на пример уништувањето на германски авиони на аеродромот во Скопје (јуни 1941), диверзијата на рудникот Радуша за земање експлозив (август), судир кај тунелот Богомила (септември) и др. По обемните политички и воени подготовки беа формирани Скопскиот партизански одред – при крајот на август 1941 година, Прилепскиот – во средината на септември 1941 година, и Кумановскиот – на 12 октомври 1941. Овие партизански одреди го означуваат почеток на нова етапа на националноослободителната борба на македонскиот народ, која ќе трае се до конечното ослободување на Македонија и создавањето на македонската држава на Првото заседание на АСНОМ одржано на ден Илинден, 2 август 1944 година.

(извор: Историја на македонскиот народ, Скопје, 1988, стр.311-322; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава, том втори, Скопје, 1981, стр. 303-304, АМ. – Ф, Бугарска окупација. Околиски полициски началник – Велес, К.З.)

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top