Историја

Проект за афтономна Македонија 1908.

mirceski-reformi

Значењето на „Мирцштегски реформи“ и „Равелска средба“ и нивното пропаѓање пред Европа да ја направи неправдата за Македонија со нејзината голема поделба

mirceski-reformi

Австрија- Унгарија и Русија- Императорот Франц Јозеф и Никола II , во почетокот на октомври 1903 година, ги изработија во историјата познатите „Мирцштегски реформи“ – реформи по турското владеење во Македонија. Нешто подоцна како резултат на средбата меѓу англискиот и рускиот суверен во јуни 1908 година во Равел, познат како „Равелска средба“ настанува нов проект со кој се предвидувало во Македонија да се воведе автономија .

Илинденското востание и положбата што по него настанала во Македонија ја предизвикале реакцијата на големите сили особено на Австро-Унгарија и Русија како најзаинтересирани за балканските земји. Тргнувајќи од своите сопствени интереси да се запази целоста на Османската империја, а според тоа и развојот на ситуацијата во последнава да се стави под нивна контрола, двете сили, уште додека траеле востаничките акции во Македонија, пристапиле кон меѓусебно договарање за преземањето на заеднички иницијативи за подобрување na положбата во Македонија.

Во почетокот на септември Виена беше посетена од англискиот крал и од германскиот кајзер. На 17 септември 1903 година таму пристига и рускиот император, придружуван од својот министер за надворешни работи грофот Ламсдорф.

Започнати во Виена, советувањата меѓу двата императори и нивните министри продолжија во штаерското гратче Мирцштег, кадешто Франц Јозеф поседуваше ловечки дворец. Како резултат на разговорите меѓу владетелите на двете земји, цар Никола II и императорот Франц Јозеф, завршени во почетокот на октомври 1903 година, биле изработени во историјата познатите „Мирцштегски реформи“.

Суштината на овие реформи, базирани врз предлогот на англиската влада за реформи од 21.09.1903 година, била: при главниот инспектор Хилми-паша се поставуваат двајца цивилни агенти – еден од Австро-Унгарија и еден од Русија – надлежни за примена на реформата во македонските вилаети од страна на турската администрација. Покрај нив, за реорганизација на турскјата жандармерија во Македонија се именува еден странски генерал, под чија команда се аташираат определен број европски офицери. Исто така се предвидувало реформирање на администрацијата, судството, развивање на месната самоуправа итн.

По подолги одолговлекувања и саботажи, најпосле турската влада се согласила со предложените реформи, но однапред решена да го спречи нивното воведување. За командант на жандармеријата бил именуван италијанскиот генерал Де Џорџис. Од своја страна Македонија била поделена на пет сектори, во кои биле распоредени странски офицери. Скопскиот санџак им бил доделен на австриски офицери, Битолскиот вилает на италијански, Солунскиот на руски, Серскиот санџак на француски, Драмскиот на англиски.

Мирцштегските реформи не навлегле во суштината на ситуацијата во Македонија, затоа и не можеле да ги задоволат интересите на македонскиот народ. Поради тоа тие биле комплектно осудени од Внатрешната организација.

Меѓутоа, иако Организацијата оправдано ги осудувала овие реформи, сепак тие имале определени позитивни страни. Во прв ред овозможиле да се афирмира далеку поцелосно борбата на македонскиот народ за слобода во Европа и светот. Натаму, самото спроведување на Мирцштегските реформи барало ширење на нивната база и врз други области на животот. Така, тие го повлекле воведувањето на финансиски реформи при крајот на 1905 година. На нив натаму се опирале и други проекти за реформа во Македонија. Во тој поглед особено заслужува внимание проектот настанат како резултат на средбата меѓу англискиот и рускиот суверен во јуни 1908 година во Равел, познат како „Равелска средба“. Според проектите од „Равелската средба“, се предвидувало во Македонија да се воведе автономија. Но Младотурската револуција го попречила воведувањето на овој проект во живот. При крајот на 1909 година престанала и целата реформна активност на европските сили во Македонија.

К.Л.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top