Историја

ЦИА: Тетовскиот АЕРОДРОМ – најмодерен на Балканот

stormovik

01.02.2017 ~ Аеродромот во Тетово, во ново-објавените документи на ЦИА

STORMOVIK – споменуван како најчест тип воени авиони стациониран на Тетовскиот Аеродром

stormovik

Ново-објавени документи на ЦИА (централната разузнавачка служба на САД) а се однесуваат на Тетово од 1945-1995.

Помеѓу 65-те документи релевантни за проучување на тетовската историја во овој период, се издвојуваат како посебно интересни оние за ТЕТОВСКИОТ АЕРОДРОМ.

Постарите Тетовчани знаат дека кај село Жеровјане, јужно од Тетово имало ‘спортски аеродром’ во 1960-тите кој најчесто бил користен за спортски активности на Аеро-Клубот од Тетово, каде се организирале и падобрански слетови и натпревари.

Но, не верувам дека ги знаат ново-објавените податоци дека тој Аеродром почнал како Воен Аеродром, НАЈМОДЕРЕН НА БАЛКАНОТ (како што се наведува во Документите), со 250 авиони и користен од Советската Армија за можни напади на Грција и Турција!

Овој аеродром се споменува само во документи од 1948 до 1952 и не повеќе. Најверојтно причината за опаѓање на неговата важност се крие токму во тоа што бил користен и опремен од Советската Армија, а по информбирото и нарушување на односите меѓу Југославиај СССР морала да се повлече од овој Аеродром нивната армија. Затоа подоцна е познат само како мал спортски аеродром. Денес, целосно напуштен и уништен за воопшто да не се користи.

Првпат во документи на ЦИА се споменува на 19.07.1948 во извештај од 1 страница насловен ‘Аеродромите во Тетово и Врбаско’ во кој се наведува дека е скоро завршен и може да се смета за НАЈМОДЕРЕН на БАЛКАНОТ. Во тој момент има 230 авиони. Целиот текст преведен:

Тетовски Аеродром – Градењето на голем аеродром беше неодамна завршено. Се вика Аеродром Тетово, и може да се смета за најмодерен на цел Балкански Полуостров. Има бетонска писта 2500 м. долга и 150 м. широка и има модерни инсталации. Аеродромот е лоциран 8 км од Тетово на левата страна од патот од Тетово за Битола. Градбата на овој аеродром беше изведена на барање на Советските власти и под супервизија на Советски експерти. Околу 230 нови типови на борбени авиони и средни бомбардери од Советско производство, се моментално распоредени на Аеродромот.

На 20.12.1948 во голема анализа на Воздухопловните сили на Југославија (на 13 страници), стои дека во Скопје 3-тиот воздушен регимент со 3 аеродроми во Скопје, Тетово и Куманово. Во Тетово: во моментот 250 авиони, и скоро завршен со намера од Русите да биде централна база на Балканот, за напади на Грција и Турција !

Тетовскиот Аеродром е втор по големина (по тој во Скопје) доделен на 3-тиот воздухопловен регимент. Пред скоро време беше завршен: Русите имаат намера тој да биде најмодерен Аеродрм на целиот Балкански Полуостров, кој мора да биде користен од Руските Воздухопловни Сили.

Овој Аеродром има метална писта 2000 м. долга и 150 м. широка. Има модерна опрема за комплетни операции за еден најсовремен аеродром: опрема неопходна за ноќно летање па дури и школа за ноќно летање. Овој аеродром е сместен 8 км. на левата страна од патот кој води од Тетово кон Битола, и моментално е целосно видлив од воздух.

Модернизиран е и проширен на барање на Советските воени власти. 250 авиони се сместени тука: 10 ескадрили на борбени авиони и 80 ескадрили на бомбардери вклучувајќи модели YAK, Stormovik, Petlyakov и Martin.

Овој Аеродром се смета за централна база во случај на итна потреба на вклучување на овие авиони во одбрана и нивни напади на Грција и Турција. Ова е главна база на сите авиони од СССР каде овие авиони товарат нафта и бомби, и на враќање, извршуваат нови напади врз нивни цели.

20.12.1949 – наведува дека во Скопје има скриено депо за нафта од 4500 тони, наменето за Аеродромите во Тетово и Скопје и скопскиот гарнизон.

На 10.02.1951 има повторно опис на Тетовскиот Аеродром посочувајќи дека има 7 ескадрили на борбени авиони и 14 ескадрили на бомбардери. Ова е и последното споменување на Аеродромот во овие документи. Целиот текст преведен:

Тетовскиот Аеродром е преставен на мапата секција ’Софија 21/42’. Има бетонска писта 2000 на 15 м и опрема за ноќно летање. 7 ескадрили на борбени авиони и 14 ескадрили на бомбардери се стационирани на терен. Тие вклучуваат модели: YAK, Stormovik, F-2 и Martin 47.

Последно споменување на Тетовскиот Аеродром во овие документио е од 29.08.1952 во кој во детален извештај на 4 страни за спремноста на воздухопловните сили на Југославија, се наведуваа дека дивизијата ‘Стормовик’ е со седиште во Скопје а покрива 7 аеродроми, меѓу кој и Тетово-Југ.

Ова воедно е последното споемнување на Аеродромот Тетово, и постепено бледнее неговото значење.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top