Историја

МАНИФЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА – 2017 г.

17038702 1264736966907318 3377520908468587013 o

17038702 1264736966907318 3377520908468587013 o

Тргнувајќи од историските принципи на ВМРО и неговата борба за суверена и самостојна Македонска држава, Крушевскиот Манифест, АСНОМ и Уставот на Република Македонија, Ние, возобновувачите на историското ВМРО и Основачите на ВМРО-ДПМНЕ, го прокламираме следниот

МАНИФЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА

1.Исправени пред историскиот предизвик за опстанок на татковината, повикуваме на единство меѓу политичките партии во Република Македонија и бараме заштита на унитарноста на државата.

2.Ги повикуваме сите патриоти во Република Македонија и македонската дијаспора, независно од етничкото потекло, верското уверување и партиската припадност на семакедонско помирување и обединување за одбрана на унитарноста на државата, името и идентитетот на нацијата, од сите бараме почитување на Уставот и законите!

3.Укажуваме на важноста од почитување на Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи и употребата на јазиците и писмата на малцинските етнички заедници во согласност со членот 7 од Уставот на Република Македонија!

4.Остро го осудуваме велепредавството на Заев и врхушката на СДСМ и бараме под итно од Јавното Обвинителство да ги процесуира доказите за велепредавство кон Република Македонија. Доколку Јавното Обвинителство не ја врши својата работа, ќе бидат соучесници во велепредавството на Заев и народот ќе ја земе правдата во свои раце.

5.Со огорченост ги отфрламе ултимативните барања за бинационално редефинирање на државата во пресрет на формирањето на Влада после вонредните парламентарни избори и мешање на Тирана во внатрешните работи на Република Македонија.

6.Бараме попис на населението во согласност со европските стандарди и воведување на електронски попис во државата!

7.Ги отфрламе заканите за формирање паралелни институции на власта во Република Македонија. Сметаме дека малцинските етнички заедници ги имаат највисоките стандарди на малцински права и слободи во Европа и светот.

8.Бараме доследна примена на Законот за знамињата на целата територија на Република Македонија!

9.Бараме задолжително изучување на македонскиот јазик за сите деца од прво одделение во основното образование!

10.Иницираме ревизија на сите издадени државјанства од 17-ти ноември 1991 година!

11.Бараме ревизија на територијалната организација на локалната смоуправа во согласност со Законот за општините од 1996 година!

12.Бараме безбедносна проверка и санкционирање на носителите на јавни функции и вработените во јавната и државната администрација кои работат против националните и државните интереси на Република Македонија!

13.Се залагаме за пристапување на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но, само со почитување на европските вредности и сувереното право на државата да си ги определи своите симболи, како името, знамето, грбот, јазикот и националниот идентитет!

14.Нашата изворна поддршка во целост ја даваме на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство бидејќи во континуитет дејствува во насока на заштита на националните и државните интереси на Република Македонија и го промовира македонското национално единство како темел на државата!

15.Укажуваме дека нашите црвени линии се дефинирани. Бараме крај на отстапките! На крај сме со трпението! Немаме што повеќе да изгубиме, бидејќи немаме резервна татковина. Подготвени сме со живот да го браниме огништето. Ќе започнеме да делуваме според сопствените убедувања!

Основачи на ВМРО-ДПМНЕ

2.3.2017 г.

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top