Историја

Формирање на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на емиграцијата

cetvrta-emigrantska-makedonija-stavre-dzikov

Во книгата „Четврта емигрантска Македонија“ на познатиот македонски публицист и адвокат Ставре Џиков,издадена од издавачката куќа“ АЗ-Бзбуки во 2007 година, авторот посветува посебно внимание  за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, со  наслов  ФОРМИРАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СО ПОДРШКА НА ЕМИГРАЦИЈАТА.

cetvrta-emigrantska-makedonija-stavre-dzikov
Во првиот број на Македонска нација  се одлучивме за извадоци од овој аналитички напис.

“Југославија влезе во воена криза во 1990 година. Воениот пожар се шири од Словенија кон Хрватска најкрваво и со истгребувачка војна ја зафаќа и Босна и Херцеговина. Политичкиот, верскиот и воениотпотрес не ја оставија настрана ниту Република Македонија. Политичката емиграција не остана рамнодушна на ваквите крупни политички промени  кои ја зафатија и македонската држава. Македонската емиграција гледа  историска можност да се врати во родната татковина  за да учествува  во демократизацијата на политичките процеси во сите сегменти на општественото живеење. Драган Богдановски кој се наоѓа во Стокхолом најпрво ќе создаде  Координативен Совет на Демократската Партија на Македонското Национално Единство – ДПМНЕ. Во тој совет влегуваат: претседател Драган Богдановски, потпредседател Панко Стаматовски, Австралија и членови: Миле Илиевски и Страхил Пеев од Шведска, Јонче Трајчевски од Австралија, Борис Петков и Данчо Бојковски од САД и Стојан Ковачев од Франција.
Богдановски до Сојузното Собрание и до Сојузниот Извршен совет на СФР Југославија во Белград и до Собранието и до Извршниот совет на СР Македонија во Скопје ќе испрати на 23 јануари 1990 година барање за враќање на македонската емиграција и регистрирање на паартијата „ДПМНЕ“.

Како што пишува Џиков, барањето на Богдановски се состои во следното:„Идната вистинска демократија во Југославија не може да биде  своина само на поедини „избрани“ народи, право на вистински демократски живот има и македонскиот народ, затоа Координативниот совет на Демократската партија за македонско национално единство, од Собранието на СФРЈ, од Сојузниот Извршен Совет, од Собранието на Македонија и од Републичкиот Извршен совет, БАРА ПРАВО Деморкатската партија за македонско национално единство да се конституира ина територијата на Социјалистичка Република Македонија како македонска демократска партија рамноправно во сите права и задолженија другите паартии кои постојат во СРМ и пошироко во Југославија. Како легална партија ДПМНЕ ги бара за себе истите права што ги имаат другите паартии во Федерацијата: слобода да создава свои организации, да издава свои весници и друг печатен матерјал, да одржува јавни зборови и митинзи и со своите кандидати да учествува на парламентарни и други избори од општествен карактер…”

Со слична содржина и иста цел Богдановски  на 6 февруари (1990) ќе испрати писмено барање до Народното собрание и до Министерскиот совет на НР Бугарија.
Уште едно такво писмено барање ќе уследи до Парламентот и Владата на Република Грција во Атина, во февруари, испратено од потпредседателот Панко Стамковски од Мелбурн.
Во април (1990г), Богдановски доаѓа во Берлин и заедно со Гоце Македонски, неговиот брат Маноил Јаковлески – Мане и Стево Доневски – Мајката одржуваат прв консултативен состанок во ресторанот „Ново Скопје“ за формирање на партијата ДПМНЕ во татковината Република Македонија. Набрзо Богданаовски ќе се јави кај неговиот стар пријател Владо Транталовски во Ресен и ќе му наговести дека заедно со Љубчо Георгиевски и Борис Змејковски треба да дојдат во Минхен за конкретно договарање и активност на новата партија.

На состанокот кој се одржал во Минхен ќе се договорат за основните активности и ќе бидата разгледани програмсктие цели, изборната програма, прогласот и три брошури  од Драган Богдановски.

“ Во изборната програма ќе се понуди: “Гласајќи за ДПНЕ, Вие гласате за единствената македонска партија која на овие избори излегува со програма инспирирана од Илинденскиот заветен идеал за слободна, обединета и целокупна Македонија, самостојна и вистински суверена националнаа држава на македонскито народ. Гласајќи за ДПМНЕ Вие гласате за светиот и уште неостварениот Илинденски идеал на македонскиот народ – гласате за еден нов македонски Илинден! Програмските цели на ДПМНЕ се ВМРО-вски, тие се бескомпромисни антиврховистички, затоа граѓани на Македонија, давајќи го Вашиот глас за ДПМНЕ Вие го исполнувате својот патриотски долг кон идеалот на Вашите илинденски дедовци и татковци и така ќе придонесете македонското прашање да мрдне од мртвилото во кое го доведоа балканските освојвуаќи и домашните  македонски предавници, сегашни врховисти…

На тридневните разговори во Минхен било догворено Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ да се одржи на 17 јуни 1990 година во Скопје.

„Основачкото собрание на партијата се одржа на 17 јуни во Домот на младите „25 мај“ во Скопје. Собранието ќе го води Дијана Транталовска, записничар Биљана Транталовска која живее во Кичево, а членопви Златко Трпковски и Перо Мицевски. Професор Венко Вчков ќе биде претседател на верификационата комисија. На собранието ќе говорат Љибчо Георгиевски, прогласот ќе го прочита Борис Змејковски, додека емиграцијата ќе ја претстави со посебен реферат  Гоце Македонски од Берлин,  а со посебен поздравен збор ќе се јави Стојан Ковачев од Париз, Дане Поповски од Чикаго, Душко Дојчиновски од Сиднеј, Јордан Груев од Мелбурн, кој ќе го поздрави  собранието во името на редакцијата „Македонија“ и од редакторот Панко Стамковски од Мелбурн, Австралија. За збор ќе се јави и Стево Доневски – Мајката од Берлин, а последен ќе ги поздрави Панде Мицев, член на тајниот комитет на ОМО „Илинден“, Пиринска Македонија – Бугарија….. Во преполентаа сала се изврши избор на раководството на партијата на ВМРО-ДПМНЕ. За претседтел  на Управниот одбор и претседател на партијата ќе биде избран Љубчо Георгиевски.

(продолжува)

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top