Историја

Григориј А. Илински: „Македонски листок“ и „Македонски глаголически листок“

1svekrva copy copy copy copy

1

Григориј А. Илински (1876-1937) е руски славјански филолог, историчар и педагог. Во текот 1901 – 1903 година работи во библиотеките и архивите во Австро-Унгарија, Србија и Бугарија, ги изучува славјанските јазици и дијалекти, ги проучува старите славјански паметници, а некои ги подготвува за издавање. Во 1907 година заедно со П. Лавров ги проучува старославјанските грамоти во манастирите на Света Гора, врз кои во 1911 година докторира на Ломоносов.
За време посетата на Зографскиот манстир во Света Гора, Илински забележува каталог од 184 ракописи: „17 се од XIII век, 7 од XIII – XIV век, 15 од XIV век, 2 од XIV – XV век век, 14 од XV век, 4 од XV – XVI век, 54 од XVI век, 8 од XVI – XVII век, 65 од XVII век.“ По оддели, тоа се: „39 евангелија, 5 апостоли, 1 апостол и евангелие, 19 пасалтири, 10 триоди, 1 стихар, 1 трефологија, 19 служ. минеи, 3 празнични минеи, 3 часослови, 2 каконика, 6 требници, 16 служебници, 2 служби, 5 молитвословија, 2 акатиса, 1 сбор на богослужбена книга, 5 црковно правни, 1 историска, 12 творенија на црковни оци, 3 житија, 3 минеи, 1 книга молитви и поученија, 10 пролови, 3 зборници. Ракописите се со различна редакција.
Илински има над 500 публикации на различни проблеми посветени на славјанската филологија. Во многубројните публикации на Илински видно место завзема Кирило-методиевското прашање. Реџултат од собирањето на библиографскиот материјал во текот на неколку десетлетија се редица изданија на старославјански и среднославјански паметнци. Публикува неколку описи на славјански ракописи, кои содржат важни податоци за дотогаш неопишани ракописни збирки.
За откриените текстови споменици за Кирилската писменост од XI и XII век создадени на територијата на Македонија пишува Илински, кој ги насловува Македонски листок („Македонски листок“, С. Петербург, 1906; „Македонски глаголически листок – текст на Ефрема Сирена“, С. Петербург, 1909).
Еден од овие споменици на македонската средновековна писменост е кирилскиот ракопис на пергамент од првата половина на X век познат како “Македонскиот кирилски лист ( на руски: Македонский кириллический листок) или Хилфердингов лист, уште познат и како Лист на Хафердинг. Ракописот се состои од еден единствен лист откриен од Александар Хилфердинг во 1857 година на Балканот. Место не е познато но се претпоставува дека е во Македонија. „Македонскиот кирилски листок“ се чува во „Библиотеката на Руската академија на науките“ во Санкт Петербург – збирка на И.И. Срезновски, Nо 63, сигн. 24.4.16.
Листот е лошо сочуван – пергамент е тешко оштетен. Претставува извадок од трактат за преведувачка уметност. Авторот е непознат, иако се шпекулира дека е Јован егзарх, Константин-Кирил Филозоф, Методиј, Константин Преславски. За првпат го публикува Илински во 1906 година.
1
Уште еден споменик на македонската средновековна писменост го носи името македонски листок. Тоа се Рилските глаголички листови или Македонски глаголички листови, кои содржат нецели 8 пергаментни листови и уште 3 фрагменти од глаголичка старославјанска книга од XI век. Текстовите им се дел од “Паренесиса“ (поучување) на свети Ефрем Сарин и од молитви кои се читаат за Великиот пост.
Првите два листови се наоѓаат во Рилскиот манастир во 1845 година од рускиот научник Виктор Григорович. Денес тие се во библиотеката на Руската академија на науките во Санкт-Петербург (Сигнатура 24.4.15, фонд И. И. Срезневски). Подобро зачуваниот од нив е публикуван во 1909 година под името “Македонски глаголически лист” од рускиот научник Г. А. Илински. Во XV или XVI век во полињата му биле додадени на кирилица објаснувања по црковно пеење.
2
Треба да се напомене дека глаголското писмо или глаголица е најстара позната славјанска азбука. Била создадена од Св. Кирил (827-869) и Св. Методиј (826-885) во 855 или околу 862–863 за преведување на Библијата и други книги на славјански јазик. Името доаѓа од старославјанскиот збор глаголи, што значи „зборува“, „кажува“, „говори“, „вели“, „изрекува“. Кирилицата пак се смета дека е создадена од нивните ученици Св. Климент и Наум.
Инаку, изворните податоци и поновата литература упатуваат дека со македонската државата пред Самуил управувал царот Давид кој бил жив сè до средината на 986 година, а политичкото и црковното седиште се наоѓало во Тријадица (Софија – н.з). Во доцниот среден век под поимот Македонија се подразбирале покрај областите западно од Софија – Сердика, самата Софија и Родопската област. Бугарскиот историчар и палеограф Иван Дујчев (1907 – 1986), чија специјалност се бугарската и византиската средновековна историја го бележи писмото до рускиот цар од 7 декември 1627 година, во кое монашкото братство од Рилскиот манастир запишало дека писмото е пушувано од Македонија. Оттука сосема логично е рускиот научник Илински за пишаните историски славјански споменици од територијата на Македонија, без разлика дали се пишувани на глаголица или кирилица, да ги означи како Македонски, што во овој случај му дава еден континуитет на македонскиот народ и неговиот јазик, од крајот на IX век до XX век.3

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top