Историја

Коњицата гордост на македонската војска

konjanica

konjanica

Македонските кралеви на своите монети прикажуваат најразновидни престави кои се поврзани со митологијата, растителниот и животинскиот свет, а преку кои симболично ја преставуваат својата позиција, титула, кралското потекло, како и психофизичките карактеристики. Македонските кралеви присвојувајќи ги атрибутите на аплицираните симболи на монетите, високо го издигнуваат своето кралско достоинстви, го дивинизираат и го преставуваат своето божје потекло.

Досегашните истражувања покажуваат дека Александар I (498 – 452 г.п.н.е.) е првиот македонски крал кој кова сопствени пари. Уште на првите македонски монети, Александар I е преставен  како воин коњаник, кој било да јава или да стои покрај коњот, носи две копја за кои се претпоставува дека се атрибути на богот на војната Арес. Денес се познати голем број монети на македонските  кралеви каде се сретнува коњот како симбол кој ги поврзува со божјото потекло.

Коњот отсекогаш се сметал за еден од најдобрите пријатели на човекот. Се верува дека чуствата му се слични, дека може да ја предосети опасноста и да го предупреди човекот. Привзан за својот господар, коњот застанува кога ќе падне, плаче кога умира јавачот, па дури и заминува со него на онај свет. Одликувајќи се со голема работоспосбност, сила и брзина, коњот низ историјата ќе постане посредник помеѓу двата света и симбол на поврзаност со сонцето.

Примерот со Букефал само покажува колку голем бил интересот на македонските кралеви, да се поседува добар расен коњ. Филш П бил подготвен да плати 13 таланти за само еден коњ, пари кои биле многу за тоа време. Според легендата, Букефал  кој дотогаш никому не му дозволувал да го јава, успеал да го покори Александар Македонски, со само едно свртување кон кон исток, кон сонцето. Споделувајќи ја заедничката судбина потоа, низ многу битки за време на Источната кампања, Букефал ќе има кралски третман.  По смрта на омилениот коњ во Индија, Александар во негова чест ќе го изгради градот Букефалија (денес Џалалпур).

Постојат податоци дека македонските кралеви, благородниците и високите офицери користеле коњи од расата „тарпан” кои се покрупни и поблагородни од примитивните балкански коњи. Најпознатиот македонски коњ Букефал, според описите на античките историчари, несомнено и припаѓал на оваа раса коњи.

Македонските кралеви отсекогаш се бореле за мир и просперитет во регионот и пошироко, за разлика од грчките градови држави кои пак секогаш биле извор на нестабилност. За да се справат со  грчката агресивност, македонските кралеви многу одамна го согледале значењето на коњицата во тогашната воена стратегија. Подемот на македонската коњица бил посебно голем во IV век пр.н.е., кога под водство на Филип П биле спроведени големи реформи во македонската држава и армија. Со реформите, македонската војска престанала да се потпира на доброволна основа и преминала на професионалните сили, а македонската коњица била непосредно интегрирана со тешката пешадија.

Со реформата македонските коњаници повеќе неморале сами да набавуваат коњи. Големиот број на коњи со кои располагал македонскиот кралски двор, овозможувало подобра селекција и обука на воените коњи а со тоа и развој на македонските коњички единици. Се претпоставува дека покрај расата „тарпан“, најголем дел од коњите кои биле користени од тогашната македонска коњица и припааѓале на расата „балкански ридски коњ”. Употребата на вваа раса коњи доаѓала заради нивната приспособеност и подвижност на исклучително тешкиот планински терен во поголемиот дел од областите каде се изведувале воените дејства.

Филип II согледувајќи дека коњицата при добро организиран и одлучен противник кој не ја растура одбранбената формација, неможе да ги пробије и прегази нивните редови, а сето тоа заради природниот инстикт на коњите да се оддалечат од опасноста и да ги избегнат поставените пречки, презема активности за селекција и обука на коњицата.За да ги пробие противничките одбранбени пешадиски формации на копјаниците (хоплити), Филип ја увежбува македонската коњица и пешадија да делуваат по принципот на чекан и наковална Задачата на фалангата била да го притисне противникот и да го доведе во фиксирана позиција, по што се вклучувала коњицата која требала да го скрши моралот на противникот, да го изведе завршниот удар и да ја постигне конечната победа. Ова било условено од фактот дека без разлика колку и да се добро обучени и дисциплинирани луѓето и коњите, самостојна коњичка единица е ефективна само против противник со слаб морал и мала одлучност.

Македонската коњица особено внимание посветувала на правилното одгледување и негата на коњите. Само здрави и негувани коњи можеле да ги издржат долгите и напорни воени походи. Секоја замена при угинувањето на недоволно отпорните со нови и необучени коњи, значело наружување на борбената способност и сила на македонската коњица. Тргнувајќи од тој факт, големи финансиски средства биле дадени за набавка на најдобрите расположиви коњи, способни да га издржат и најголемиге напори со кои може да се сретне македонската коњица.

Македонската коњица била организирана во неколку типови единици. Најпрестижна била елитната единица коњичка единица составени од таканречените „придружници” (Hetairoi). Оваа елитна единица, составена од повеќе чети кои како рој ја обезбедувале матицата, ја сочинувале кралска телесна гарда. Во периодот пред Филиповите реформи, кралската телесна гарда броела околу 600 луѓе и нејзините припадници се регрутирале исклучиво од редовите на македонското благородништво. Но со реформите, бројноста на оваа елитна единица се зголемила на 3.000 луѓе, а покрај благородниците во неа биле регрутирани и сите оние лица кои добро ги познавале коњичките вештини.

Истовремено заради зголемување на бројот на нејзините припадници единицата била реорганизирана. Се формирале крила  (Ilai) кои броеле 200 коњаници и кралски ескадрон (Аgema) составен од 400 луѓе. Припаднициге на оваа единица биле опременн со различни оклопи, а носеле и карактеристичнп метални македонски шлемови. Вооружувањето на овие коњаници било разновидно и се состоело од тешки копја а кои се користеле во јуришите, копја за фрлање кои се користеле за борба од дистанца и мечеви кои се користеле како лично вооружување и за блиска борба. Штитовите се користеле првенствено за борба на земја. Разновидното вооружување и добрата обука на луѓето и коњиге овозможувале флексибилна и разновидна употреба на оваа единица.

Покрај кралските придружници, втора по значење македонска коњичка единица била тешката коњица (sarissophoroi). која била вооружена со коњичка верзија на копје  „сариса” (ѕariѕѕа) и које се користело за доразбивање на непријателот кој се повлекувал. Тука се и малиот број на извидници т.н. продромои” (ргodromoi), кои биле посебно обучени коњаници, опремени со најбрзите коњи, кои не носеле оклоп, биле лесно вооружени и ја имале улогата на претходница на македонската армија.  Вака подготвената и организирана македонската коњица во средината на IV век прл.е. претставувала респектабилна сила, која за времето на Александар Македонски ќе ја покаже вистинската моќ на пријателско-партнерскиот однос помеѓу коњот и човекот.

Почитувањето на овој однос помеѓу македонскиот јавач и коњот останува со векови. Со христијанизацијата и коњот ќе добие свој закрилник во свети Тодор. На денот нс Св. Тодор кој паѓа во саботата од првата недела на Големиот пост, посебно се одржуваат обичаи кои треба да придонесат за добро здравје, за плодност на коњите и на луѓето. Се верува дека ноќта на Тодорова сабота галопираат невидливи коњи, на кои понекогаш јаваат невидливи македонски јавачи, чиишто предводник е свети Тодор. Во некои делови на Македонија таквите митски поворки биле заменети со вистински поворки на коњи и јавачи.

Почитувањето на ова животно кај македонскиот народ оди до таму да се испреплетуваат низа верувања кои ги поврзуваат коњите со самовилите, кои ги сакаат добрите коњи и со задоволство ги јаваат. Оттука постоењето на таканаречените самовилски коњи, на кои косата од гривата сама им се плете, што значи дека тоа го прават невидливитс самовили. Сопствениците им ги расчешлуваат гривите, но тие пак сами се плетат.

Коњицата во македонската армија многу одамна е заменета со нови современи борбени превозни средства, но нејзината слава сеуште трае. На воените акедемии суште се изучуваат битките на македонската коњица и фаланга, сеуште се снимаат филмови и пишуваат романи за нивната слава. Преку нив, македонската коњица предводена од Филип и Александар, повторно галопира и повторно се бори да се исправи неправдата која и е нанесена на нејзиниот народ.

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top