Историја

Пет минути од деноноќието и посветувам на маченицата Македонија

kovacev

kovacev

Македонец до ср’ж а, незнаен од Македонците- Владислав Ковачев

„Пет минути од деноноќието и посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата Македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за нea. Ја сакам Македонија повеќе од се друго на светот“

„А ако наспроти нашите очекувања, македонското прашање не биде решено, ние ќе најдеме сила и верба само во нашата еднодушност, за да ја продолжиме повторно борбата за извојување човечки правдини, какви што може да ни ги гарантира само една самостојна Македонија“.

Неговиот лик и дело неспомнувани, незнаени, неправедно заборавени и запоставени од Македонската историска наука. Има ли зошто?   

Кој е Владислав Ковачев?

Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев роден на 05.01.1875 година во Штип, од револуционерното штипско семејство Ковачеви.Татко му Михаил Антонов Ковачев бил раководител на штипскиот Револуционерен комитет и учесник во Илинденското востание.  Истовремено бил учител во Штип, Скопје, Солун. Мајка му Елена, покрај Владислав родила уште седум машки и едно женско дете, Катја. Владислав имал брат близнак Владимир кој починал мошне млад.Чичко му Јосиф Антонов Ковачев е основач на првото машко педагошко училиште во Штип и Македонија.

Владислав Ковачев како млад потпоручник  во 1895-та се вклучува во македонското револуционерно движење,односно како што подвлекол Павел Шатев – “ Целосно му се предаде на македонското ослободително движење.” Од 1899 до 1901 година, Ковачев бил секретар на Врховниот македонско-одрински комитет (ВМОК), на чие чело тогаш стоел Борис Сарафов. Владислав бил задолжен за организирање на револуционерните комитети во Македонија и Одринско. Во тој период бугарската држава започнува да ги меша своите прсти во македонското ослободително дело. Наоѓајќи се во фокусот на идејните бранувања во раководството на ВМОК во Софија, Ковачев ќе се изјасни против врховизмот на бугарскиот генерал Цончев.

Во 1902 година Владислав Ковачев заминува за Македонија и во Горна Џумаја (денешен Благоевград, Пиринска Македонија) со својата чета води борби против врховистите заради спречување на  Џумајското востание кои врховистите сакале предвреме да го кренат. Во наредниот период  Ковачев претстојува во Штипско,Светиниколско и Кочанско каде се ангажирал во вооружувањето на населението и бил иницијатор на неколку покрупни вооружени акции.

Во почетокот на 1903-та, Владислав се наоѓа во Софија кога на седниците на ЦК на ТМОРО се решавало за кревање на Илинденското востание.  Ковачев застанува на страната на Гоце Делчев и Ѓорче Петров и се произнесува против предвремено кревање на востанието, иако  во душата бил за востание. За време на востанието, Ковачев со својата чета дејствува во Штипско и Кочанско (во кои борби бил и ранет). За време на Илинденското востание се вклучува во борбените дејства во Кратовско заедно со четата на војводата Атанас Бабата. Од тој период останува една песна која народот ја испеал за четата на Ковачев:

”Огин избухна штипската каза
штипската каза, село Карбинци
тамо се бијат млади јунаци
млади јунаци, сите Македонци
најнапред беше Славчо Ковачев
по него беше Гено кумита
Гено кумита веле и говоре:
Станвајте браќа, станвајте не спијте
огин ќе го горе селото Карбинци”…

По неуспехот на Илинденското востание, Ковачев краток период бил Скопски војвода, а потоа на неколку години  ја напушта Македонија. Од  1904-1909 год. студира правни науки во Париз, а во 1911-та докторира  во Брисел.  Неговото враќање се совпаднало со почетокот на Балканските војни во кои зема учество во редовите на бугарската армија, мислејќи дека се бори за слободата на Македонија, како и околу 100.000 Македонци кои борејќи се во грчката,српската и бугарската војска мислеле  дека се борат за ослободување од Турците, а всушност се бореле за ново ропство, овој пат од новите “ослободители“. Подоцна, во Политичкото верују на Македонците, Ковачев  многу прецизно ги опишува  погубните балкански војни за Македонија : 

“… Царот Фердинанд ја донесе на власт полтронската конзервативно-цанковистичка влада, која свесно и доброволно ја потпиша смртната пресуда на македонската независност со создавањето на таканаречена “спорна” и “неспорна” зона, со што во принцип почна поделбата на Македонија меѓу нејзините алчни соседи! Секоја од нив, со исклучок на херојската Црна Гора, го очекуваше ветениот богат плен од распадот на Хамидовата Турција. Од тука произлегоа факторите што го погребаа македонскиот идеал: единствена и целосна, слободна и независна Македонија! …“

По завршувањето на Балканските и Првата светска војна, Ковачев работи како адвокат а потоа и судија во Софија и заедно со дејците од  левицата на ВМРО, активно се вклучува во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија.Во 1919 год. ја издава брошурата “Автономна Македонија“, во која јасно застанува зад идејата за автономна македонска држава. Во брошурата пишувана во предвечерието на Париската мировна конференција, Ковачев бара од бугарската власт “јасно и категоричко прифаќање на идејата за создавање на автономна Македонија како одделна,самостојна политичка единица во нејзините географски граници, под гаранција на Лигата на народите“.Притоа тој апелирал до бугарската влада и до бугарските политички партии да ги задолжат бугарските делегати на Париската мировна конференција да се застапуваат “за решавање на македонското прашање преку создавање на самостојна Македонија“…брошурата ја завршува со следната реченица:  “А ако наспроти нашите очекувања, македонското прашање не биде решено, ние ќе најдеме сила и верба само во нашата еднодушност, за да ја продолжиме повторно борбата за извојување човечки правдини, какви што може да ни ги гарантира само една самостојна Македонија“.

Веднаш по донесувањето на решенијата на Париската мировна конференција, Ковачев меѓу првите најостро ќе протестира против “големата неправда што беше направена кон нас Македонците“ .Особена активност тој ќе пројави во консолидирањето и обединувањето на Македонските емигрантски и бегалски маси и Македонските револуционерни сили во Бугарија, посебно кога ќе почне да се врши силен идеолошки и пропаганден притисок од страна на Извршниот комитет на македонските братства во Бугарија,кoj потпаднал под влијание на бугарската власт.

 На 4 Декември 1921 год. ќе биде формирана Македонската емигрантска федеративна организација (МЕФО),чиј главен идеолог и гласноговорник ќе биде Владислав Ковачев. Тој е избран за член на политичката комисија и станува еден од раководителите на МЕФО. Главната идеја на федералистите била “Создавање на Македонија во нејзините географски и економски граници, како самостојна политичка единица,како етапа за остварување на Балканска федерација “. Развивајќи ја идејата на МЕФО, Ковачев ги разработил и дефинирал термините:  Македонци, Македонски народ, Македонско население, Македонска душа, Македонска борба… Како жесток приврзаник на идејата за создавање одделна држава на Македонскиот народ Ковачев ќе истакне: “Ние треба еднаш засекогаш да разбереме дека нашиот спас е исклучително во нашите раце. Впрочем ослободувањето на Македонија пред се е дело на сите нејзини синови без разлика на вера и националност. Од нашата силна волја, од нашата длабока верба во светла иднина, како и од нашата сполотеност и еднодушност во значителен степен зависи реализирањето на нашиот идеал – создавање на самостојна Македонија! “ Ковачев најостро ќе реагира и против братоубиствата помеѓу Македонците во организацијата. Во името на “Штипската колонија во Софија“ на 28 Февруари 1923 год., тој упатил писмо-декларација до Тодор Александров, апелирајќи “да престанат еднаш засекогаш прогонувањата и братоубиствата меѓу нашите сограѓани“,посочувајќи ги примерите со Стојан Мишев и Ване Арсов,бпритоа укажувајќи му на Александров дека “ние треба нашите заеднички и сложни усилби да ги насочиме за спасување на нашата Татковина од нејзините денешни поробувачи“.

Како искусен револуционер, Владислав Ковачев со воодушевување ја прифатил политичката платформа на ВМРО -Обединета на Димо Хаџи Димов, изложена со Мајскиот манифест од 1924 год., во кој главната цел била “Обединување на македонските сили во единствен револуционерен фронт за ослободување и обединување на независна и самостојна Македонија во нејзините природни, географски и етнографски граници“.  И во последните писма од 2 Септември 1924 год., испратени до весникот “Независна Македонија“ само неколку денови пред неговата смрт, Владислав останува доследен на својот идеал, како што нагласил во писмата “Да ја видиме побргу нашата Татковина слободна и независна“.…

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top