Историја

Лондонскиот в. „Тајмс“, од 16 септември 1924 година

the-times-1926

the-times-1926

Извештај од коресподентот на лондонскиот в. „Тајмс“, од 16 септември 1924 година, во врска со нашироко распространетите новини, дека ВМРО водела разговори со болшевиците

„Во месец август имав случај да се сретнам ноќно време со Тодор Александров, во планините на Македонија, на извесно растојание од бугарската граница, каде што бевме обиколени од вооружени до заби комити. Сакав да знам дали македонската револуционерна организација е во сојуз со болшевиците, кои преку нивниот орган „Балканска Федерација“, што излегуваше во Виена, соопштија дека македонските лидери потпишале еден манифест кој ја поддржуваше наполни совестската политика, која го имаше за цел растурањето на сите балкански влади.

Беше соопштено, дека двајца од членовите на македонскиот триумвират, Александров и Протогеров, дале формално побивање на тој манифест, кој беше објавен како лажен.Но единствениот начин да се имаат точни податоци беше да се обратам до самиот Александров.

Како одговор на моето прашање, македонскиот лидер ми кажа: „Изјавувам, дека не сум го потпишал манифестот публикуван од весникот „Балканска Федерација“, кој му го припишува на Централниот Комитет на македонската организација. Никаков акт од тој вид не бил одобрен од мене. Ако таму се наоѓа мојот потпис, тој е фалсификат. Истото е и со потписот на Протогеров, кој исто така тврди, дека не го потпишал. Ние немаме никаква желба да се бориме против европскиот капитализам, кој што не не засега. Организацијата има своја цел, која што е ослободувањето на Македонија. Додека сум јас жив, ќе се спротивставам на секакво скршнување од тој пат и нема да дозволам да се користат нашите сили за цели, кои што ни се туѓи.

Организацијата нема ништо заедничко со комунизмот и болшевизмот.

Не одрекувам, дека болшевиците се обидоа на неколку пати да ја придобијат организацијата и секој пат иницијативата за преговори беше од нивна страна. По заповед на Москва, печатот на бугарската комунистичка партија престана да не напаѓа во 1922 год., и покрај тоа што ние не правевме постапки во таа смисла пред кого и да било.

Во 1923 год. советски агенти ми предложија да стапиме во преговори. Јас тогаш поставив претходни услови: растурање на комунистичката банда на Пандурски, прекинување на органот „Ослободување“ и растурање на друштвата на македонските емигранти, приврзаници на комунистичката партија.

Мојот ултиматум беше прифатен во август 1923 год., но во септември избувна бунтот на селаните и на комунистите во Бугарија и јас им објавив на комунистите, дека слични обиди ја комплицираат и без тоа мачната положба на Бугарија и дека тие, следствено, треба да се сметаат како штетни и полни со опасности.

Во името на организацијата јас им дадов до знаење на комунистите, дека независноста на Бугарија е за нас многу драгоцена, и дека следствено, ние сме принудени да водиме беспоштедна борба против авторите на таквите обиди, кои што ние ќе ги сметаме како непријатели.

Јасно е, дека после таа декларација преговорите не можеа да продолжат.

Јас не го одрекувам суштествувањето, внатре во организацијата, на „леви“ елементи, коишто упорно настојуваат, дека после пет години ние ништо не сме добиле од Општеството на народите во Париз, Лондон, и дека, следствено, би требало да се разбереме со Москва.

Под влијание на левите, но само по иницијатива на претставниците на Москва и Виена, преговорите се обновија во 1924 год.

Претставниците на Советите бараа организацијата да го дозволи советизирањето на Бугарија и Македонија. Ние одговоривме, дека тоа беше неприфатливо за нас и преговорите останаа на тоа.

Јас не сум имал разговори со Раковски во Лондон и не бил потпишан никаков споразум од нас.

Информациите, публикувани на таа тема, произлегуваат од истиот извор како и манифестот.

Повторувам, дека додека сум јас на чело на организацијата, таа нема да престане да се бори против болшевизмот, кој, според мене, е извонредно штетен за македонското движење. Пред неколку дена испратив едно ново предупредување до комунистите, дека организацијата нема намера да толерира комунистички преврати во Бугарија“.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top