Историја

МАКЕДОНИЈА И БИБЛИЈАТА

elena-prvulesku

elena-prvulesku
Елена Првулеску

Не знам колку од вас биле љубопитни, или повеќе да кажам горди, во добар смисол на зборот, да видат дека земјата од која потекнуваат неговите предци, иако ти, поради некои несреќни случаи и причини, не живееш во неа, е спомната во една света книга, и не било која книга, туку БИБЛИЈАТА, која е книга на книгите, главна книга на сите Христијани.

Тоа што ме восхитува и ме прави да се чуствувам дека сум дел од еден избран народ Божји, кој ја зачувал жива верата во Исус Христос и во Господ, и покрај сите пречки, е тоа што во Библијата, Македонија исто се појавува под ова име.

biblija

Овие работи кажуваат многу за нациналното единство и за духот на еден народ. Но да ја оставиме Библијата да зборува:

„на Павлe му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија – помогни ни!

И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието.

 Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, а на идниот ден во Неапол,

А оттаму во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град и римска колонија. Во тој  град  постојувавме неколку дена.” (Дела: 16 – 9, 10, 11, 12)

„А кога Сила и Тимотеј слегнаа од Македонија, Павле беше подбудуван од својот дух да сведочи пред Јудејците дека Исус е Христос.” (Дела 18 – 5)

„И откако се свршија овие, Павле науми да ги мине Македонија и Ахаја и да отиде во Ерусалим, велејќи дека: Штом ќе бидам таму, ќе треба да го видам и Рим.

И испракајќи во Македонија двајца од оние кои му служеа, Тимоте и Ераст, тој остана некое време во Азија.” (Дела: 19 – 21, 22)

„А кога стивна вревата, Павле ги повика учениците и давајќи им упатства, откако се поздрави, излезе за да оди во Македонија.

И поминувајќи ги тие делови и давајќи им на учениците многу совети и благодети, пристигна во Грција.

И таму престоја три месеци. Но кога сакаше да отплови за Сирија, Јудејците направија заговор против него, тој реши да се врати преку Македонија.” (Дела: 20 – 1, 2, 3)

И сега, наместо еден заклучок, ќе го оставам Свети Апостол Павле, апостолот на народите и на љубовта, да го каже својот благослов за сите нас:

„Прегрнете се едни други со свет целив. Сите Светци ве прегрнуваат. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога и заедницата на Светиот Дух да бидат со сите вас!” (Кпринтјани: 13- 12, 13)

АМИН!

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top